Connect with us
no baners

Банки

ПроКредит Банка и ЕБОР со нова кредитна линија во вредност од 4 милиони евра за зелени инвестиции во домаќинствата

Објавено

на

ПроКредит Банка, во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), ја проширува својата програма за поддршка на енергетски ефикасни инвестиции преку новата GEFF (Green Economy Financing Facility) кредитна линија во вредност од 4 милиони евра. Оваа иницијатива претставува продолжување на заложбите на банката за промоција на зелени технологии и одржлив развој.

Со новата кредитна линија за поддршка на зелената економија, домаќинствата имаат можност да добијат грант до 20% од вредноста на доделениот кредит за инвестиции во зелени технологии, како што се соларни панели, котли, топлински пумпи, прозорци и изолација.

„Оваа есен, со гордост ја продолжуваме нашата успешна соработка со ЕБОР, поддржувајќи ги домаќинствата кои се стремат кон енергетска ефикасност и зголемување на енергетската независност. Преку новиот договор со ЕБОР и програмата GEFF, нудиме кредити за инвестиции во фотоволтаици, системи за ладење и греење, топлински пумпи, прозорци, врати, како и внатрешна и надворешна изолација. Грантот до 20% од вредноста на кредитот го олеснува пристапот до инвестиции во зелени технологии кои истовремено носат долготочни финансиски бенефити за домаќинствата кои штедат на трошоци за електрична енергија.“, изјави Милан Дамчевски, Член на Управен Одбор на ПроКредит Банка.

„Ни претставува задоволство што продолжуваме да работиме со ПроКредит Банка и што гледаме дека поволно финансирање ќе биде достапно преку ГЕФФ Програмата за домаќинствата во Северна Македонија, за инвестиции во мерки за енергетска ефикасност. Овие инвестиции ќе им овозможат на домаќинствата да ја подобрат удобноста на домовите, и да ги намалат сметките за електрична енергија“, изјави Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија.

Повеќе информации за новата GEFF кредитна линија на ПроКредит банка може да најдете следниот линк.

Банки

Стопанска банка АД – Скопје доби LEED Gold сертификат за одржлива градба

Објавено

на

Седиштето на Стопанска банка АД – Скопје е добитник на престижниот LEED Gold сертификат, со што објектот стана првиот LEED-сертифициран проект во Скопје и првиот во Северна Македонија што достигнал Gold ниво.

Информацијата ја објави компанијата Focal преку објава на социјалните мрежи, каде што се наведува дека зградата покажала одлични резултати во сите поднесени категории за оценување, при што биле прифатени сите кредити.

Од компанијата посочуваат дека станува збор за значаен успех не само за тимот што работел на проектот, туку и за развојот на одржливата и енергетски ефикасна градба во регионот.

LEED сертификатот претставува меѓународно признат стандард за зелени и еколошки одржливи објекти, кој ги оценува енергетската ефикасност, одржливоста и влијанието врз животната средина.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка со нов пакет за јавна администрација: Кредити до 2,5 милиони денари и промотивни услови

Објавено

на

АЛТА банка понуди пакет наменет за вработените во јавната администрација, кој вклучува потрошувачки кредит, кредитна картичка, дозволено пречекорување по платежна сметка, СМС известување и електронско, односно мобилно банкарство преку платформата Bank2Go.

Според условите на пакетот, максималниот износ на кредитната изложеност достигнува до 2.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци, а во одредени случаи и до 120 месеци.

Кредитот може да се користи како ненаменски, при што средствата се префрлаат директно на платежната сметка на корисникот, или како наменски за затворање на постоечки обврски во банката или во други банки.

Пакетот вклучува и кредитна картичка Visa или MasterCard Standard, како и дозволено пречекорување по платежна сметка.

Од банката информираат дека условите важат доколку клиентот ги користи сите производи кои се дел од пакетот.

Во делот на надоместоците, трошокот за аплицирање на кредит изнесува 700 денари, додека провизијата за одобрување е 1 процент за ненаменски кредити и 0 проценти за рефинансирање на обврски од истата или од други банки.

Дополнително, банката најави и промотивен период од 1 јануари до 30 јуни 2026 година, во кој нема да се наплатува надомест за одобрување на кредит.

За дозволеното пречекорување, административниот трошок изнесува 300 денари за лимити до 60.000 денари и 600 денари за лимити над 60.001 денар.

Пакетот овозможува и користење на СМС известувања, како и пристап до електронско и мобилно банкарство преку системот Bank2Go.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка организира караван за финансиско советување низ државата

Објавено

на

НЛБ Банка во соработка со своите партнери организира караван за финансиско советување за небанкарски финансиски продукти, кој ќе се одржува во периодот од 18 мај до 19 јуни.

Во рамки на караванот, пред повеќе експозитури на банката во Скопје и во други градови низ државата ќе се организираат промотивни настани, каде граѓаните ќе можат да се информираат за различните небанкарски услуги и продукти што се нудат преку банката.

Во активноста се вклучени и партнерските компании Сава осигурување, Кроација осигурување Живот, Сава пензиско друштво, Триглав осигурување Живот и НЛБ Фондови.

Клиентите ќе имаат можност да добијат детални информации за осигурителни, пензиски и инвестициски продукти, како и промотивни подароци.

Од НЛБ Банка посочуваат дека целта на караванот е граѓаните полесно да се запознаат со можностите за финансиско планирање и носење подобри финансиски одлуки за иднината.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange