Банки
Во организација на Халкбанк, во Маврово одржана уште една успешна Халк Вело Грин трка
Петтата по ред хронометар велосипедска трка Халк Вело Грин што и годинава во организација на Халкбанк АД Скопје, на 8 септември се одржа во Маврово, традиционално, како и претходните години, собра голем број вљубеници во велосипедизмот, кои, освен што се натпреваруваа, се дружеа и се забавуваа.
И годинава трката беше организирана во три категории: ХОБИ, ДЕЦА и ЈУНИОРИ (во машка и женска конкуренција). Во категоријата ХОБИ во машка конкуренција прв на целта пристигна Димитар Јованоски, втор беше Кирил Марковски, а трет Мехмед Мемеди. Во женска конкуренција најбрза беше Елена Петрова, а второто и третото место го освоија Андријана Анастасоска и Александра Танасоска.

Во категорија ЈУНИОРИ, кај девојчињата најбрзи беа Јана Ѓорѓиевска, Тија Кукунешоска и Варвара Атанасовска, а кај машките Андреј Маџоски, Константин Костоски и Филип Здравев. Кај најмладите велосипедисти, ДЕЦА, кои возеа траса долга 12 километри, првите три места ги освоија Бистра Груевска, Оља Цветанова и Калина Ѓорѓиевска од девојчињата и Андреј Лозаноски, Марко Чекеровски и Михаил Лозаноски кај момчињата.
Најдобри резултати, годинава беа тимовите Тенкоминци, Маркови Точакџии и Триоџи.
Најбрзите велосипедисти во секоја од категориите освоија и вредни парични награди кои ги обезбеди организаторот на трката – Халкбанк. Односно, првопласираните натпреварувачи во машка и женска конкуренција во категоријата ХОБИ, добија по 15.000, 10.000 и 5.000 денари за освоените прво, второ и трето место. Во категориите ДЕЦА и ЈУНИОРИ наградите изнесуваа 10.000, односно 5.000 и 3.000 денари.
И годинешната трка Халк Вело Грин како и секоја година помина со многу забава и дружење. За забавниот дел од програмата се погрижија шоуменот Викса и ди-џеј Јорданов Александар, а за храната беше задолжен Jоjo’s barbecue. За најмалите беше организирана и рекреативна трка со балансери и тротинети, а нив ги бодреше добропознатиот Халки.

Велосипедската трка Халк Вело Грин е дел од многубројните настани кои Халкбанк како силен промотор на негување здрави животни навики кај населението и зачувување на животната средина, ги организира или ги поддржува секоја година, а кои се реализираат преку платформата ХалкЕко. Во нејзиното средиште е истоимената апликација со која банката го охрабрува секој корисник да биде физички поактивен, еко свесен и да ја мотивира заедницата со своите секојдневни здрави навики.
Халк Вело Грин успешно ја постигнува и својата зелена мисија, бидејќи со средства генерирани во заедништво на организаторот и учесниците на трката досега се засадени над 20.000 садници на повеќе локации во земјата.
Банки
Халкбанк со нови поволности за пензионерите: 1.000 денари бонус за новите корисници
Халкбанк ги повикува пензионерите да ги искористат придобивките од ПЕНЗИ пакетот, кој нуди повеќе банкарски услуги и дополнителни поволности за полесно секојдневие.
Со пакетот, корисниците добиваат исплата на пензијата пред првиот ден во месецот, можност за подигнување готовина од сите банкомати во земјава, како и пристап до низа услуги наменети за нивните секојдневни потреби.
Дополнително, сите новопријавени корисници на ПЕНЗИ пакетот добиваат бонус од 1.000 денари на својата платежна сметка.
Од банката информираат дека заинтересираните граѓани можат да се обратат во најблиската филијала за повеќе информации за условите и придобивките што ги нуди пакетот. Информации се достапни и на официјалната веб-страница на Халкбанк.
Банки
ЕЦБ пред тешка одлука: Дали ќе ги зголеми каматните стапки поради растот на цените на енергијата?
Европската централна банка (ЕЦБ) се соочува со една од најтешките одлуки во последните години, откако наглиот раст на цените на енергијата предизвикан од воениот конфликт меѓу САД и Иран повторно ја зголеми инфлацијата во еврозоната.
Сè повеќе сигнали упатуваат на тоа дека ЕЦБ веќе оваа недела би можела да ги зголеми каматните стапки, но дел од економистите предупредуваат дека таков потег би можел дополнително да ја забави европската економија, која веќе покажува знаци на слабеење.
Главниот аргумент на поддржувачите на зголемувањето на каматите е зачувување на кредибилитетот на ЕЦБ во борбата против инфлацијата. Инфлацијата во еврозоната достигна 3,2 проценти, што е значително над целта од два проценти. Воедно, расте и базичната инфлација, која не ги вклучува цените на енергијата и храната.
Според дел од претставниците на ЕЦБ, постои ризик повисоките цени на енергенсите да се прелеат во останатите сектори на економијата преку поскапување на услугите и стоките, како и преку барањата за повисоки плати. Затоа тие сметаат дека е потребна навремена реакција за да се спречи дополнително вкоренување на инфлаторните очекувања.
Сепак, противниците на ваквиот потег потсетуваат дека сегашната ситуација се разликува од периодот по почетокот на војната во Украина во 2022 година. Тие нагласуваат дека сè уште нема доволно докази дека поскапувањето на енергијата ќе прерасне во долготраен инфлаторен проблем, а растот на платите останува релативно умерен.
Економистите предупредуваат и на историските грешки на ЕЦБ од 2008 и 2011 година, кога банката ги зголеми каматните стапки поради растот на цените на нафтата, но набргу потоа беше принудена да ја промени политиката поради финансиската и должничката криза.
Дополнителна неизвесност создава и фактот што ЕЦБ во моментов зазема поостар став од другите големи централни банки. Додека Европската централна банка размислува за ново зголемување на каматите, американските Федерални резерви засега претпочитаат да ги следат долгорочните последици од конфликтот на Блискиот Исток.
Финансиските пазари во моментов очекуваат ЕЦБ оваа година двапати да ги зголеми каматните стапки за по 0,25 процентни поени. Сепак, поголемиот дел од аналитичарите сметаат дека евентуалното зголемување треба да се сфати како превентивна мерка, а не како почеток на нов циклус на агресивно затегнување на монетарната политика.
Поради тоа, вниманието на инвеститорите нема да биде насочено само кон самата одлука за каматните стапки, туку и кон пораките што ќе ги испрати претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, за идните чекори на централната банка.
Банки
Жените сѐ поактивни корисници на дигиталните финансиски услуги во Македонија
Жените во Северна Македонија активно ги користат дигиталните финансиски услуги, покажуваат најновите податоци на Народната банка на Република Северна Македонија.
Според податоците за 2025 година, 43,9 проценти од платежните сметки во земјата се во сопственост на жени. Истовремено, жените активно ги користат дигиталните канали за увид во своите платежни сметки, што укажува на зголемена вклученост во современите финансиски текови.
Податоците покажуваат и дека жените и мажите речиси подеднакво ги користат своите платежни сметки за извршување електронски плаќања.

Од Народната банка посочуваат дека дигиталните финансиски услуги стануваат сѐ подостапни за граѓаните и дека нивната употреба е речиси рамномерно распределена меѓу жените и мажите.
Овие показатели се дел од напорите за поголема финансиска вклученост и еднаков пристап до финансиските услуги за сите граѓани.
-
Останатопред 2 месеци
Управата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 1 месец
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Фондовипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво потсетува на навремено планирање на пензијата
-
Банкипред 2 месециНЛБ Промотивен депозит – Сигурност што доаѓа во вистинско време
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 4 мај
-
Бизниспред 4 неделиОд полноќ нови цени на горивата


