Банки
НЛБ Банка со донација за поддршка на акциите за гаснење на пожарите во земјата
НЛБ Банка обезбеди донација во вид на финансиска помош за потребите на населението погодено од разорните шумски пожари кои летово зафатија голем дел од територијата на Македонија. Донацијата е спроведена преку сметката на солидарноста на организацијата на Црвениот Крст.
Воедно, Банката преку дополнителна донација за набавка на опрема ќе ги поддржи и активностите на храбрите волонтери на „Доброволното Противпожарно Друштво – Пехчево“, кои со денови и неуморно се борат со огнените стихии.
Како дел од постојаната заложба на Банката за поддршка на заедницата и управување со животната средина, овој придонес има за цел да ги обезбеди многу потребните ресурси за оние кои ги ризикуваат своите животи и делуваат во исклучително тешки услови за да ги заштитат нашите заедници и животите на луѓето во погодените подрачја.
„Овие донации се дел од нашата подготвеност за помош при катастрофи и придонес за благосостојба во заедницата во која живееме и делуваме, но и пошироко во регионот, кој не е само точка на мапата, туку наш дом за кој сите подеднакво имаме одговорност. Упатуваме огромна благодарност до сите луѓе – професионалци и волонтери, организации и институции вклучени во гаснење на пожарите и топли пораки за поддршка на локалното население кое живее во погодените подрачја, со искрени желби нивните животи што поскоро да се вратат во нормала“ – истакнуваат од НЛБ Банка.
Речиси секоја година, во летниот период, Македонија ја зафаќаат шумски пожари кои зад себе оставаат пустош и ненадоместлива загуба. Шумите се „белите дробови“ на нашата планета и од витално значење за нашиот опстанок. Обезбедуваат чист воздух, ја поддржуваат биолошката разновидност и се борат против климатските промени. Секое дрво што ќе го зачуваме навистина прави разлика.
„Преку одговорно локално делување, сите заедно даваме придонес кон заложбите на глобално ниво за справување со предизвиците на модерниот свет: климатските промени, загадувањето на воздухот, заштита на животната средина и биодиверзитетот, како и одржливоста на нашата планета. Важно е да го заштитиме нашиот природен свет за нас, но и за генерациите кои доаѓаат“ – додаваат од Банката.
Банки
Халкбанк со пакет за поддршка на жените претприемачки
Халкбанк АД Скопје нуди посебен пакет наменет за жени претприемачки, со поволности кои треба да им овозможат полесно започнување и развој на сопствен бизнис.
Во рамки на пакетот е предвидена можност за бизнис кредит до 500.000 евра, како и платежна сметка без трошоци за нејзино водење.
Корисничките на пакетот добиваат и електронско банкарство без надомест, како и дополнителни поволности наменети за поддршка на развојот на нивниот бизнис.

Од Халкбанк посочуваат дека целта на понудата е жените претприемачки да добијат поголема сигурност и повеќе можности за реализација на своите деловни идеи.
Банки
Стопанска банка го проширува Надзорниот одбор: Божиновска – Лазаревска именувана за независен член
Стопанска банка АД – Скопје ја информираше јавноста дека Зорица Божиновска – Лазаревска е именувана за независен член на Надзорниот одбор на Банката, со мандат од четири години.
Именувањето е донесено согласно одлуката на Собранието на акционери на Стопанска банка, по добиената согласност, односно Решението на Извршниот одбор на Народната банка.
Со новото именување, Божиновска – Лазаревска ќе има улога во работата на Надзорниот одбор во својство на независен член, во согласност со регулаторната рамка и принципите на корпоративно управување во банкарскиот сектор.
Нејзиниот мандат е со времетраење од четири години.
Именувањето претставува дел од воспоставената структура на корпоративно управување на Стопанска банка, во која независните членови на Надзорниот одбор имаат значајна улога во обезбедувањето независен надзор и носењето одлуки во интерес на Банката и нејзините акционери.
Божиновска – Лазаревска е редовен професор на Катедрата за сметководство и ревизија при УКИМ. Со Катедрата, како и со вториот циклус студии на студиската програма сметководство и ревизија раководи од 2013 година.
Банки
Хрисула Кутуди доби нов четиригодишен мандат на чело на Стопанска банка АД – Скопје
Стопанска банка АД – Скопје ја информираше јавноста преку соопштение на Македонската берза дека Хрисула Кутуди е реименувана за Генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Банката, со нов четиригодишен мандат.
Реименувањето следува по одлуката на Надзорниот одбор и добиената согласност од Извршниот одбор на Народната банка.
Кутуди ја извршува функцијата на чело на Стопанска банка од септември 2025 година, кога ја наследи функцијата од Диомидис Николетопулос, кој беше Генерален извршен директор од 2013 година.
Таа има над 30 години професионално искуство во банкарскиот сектор, најголемиот дел во рамките на НБГ Групацијата. Во досегашната кариера работела на развој на банкарски производи, дигитални услуги и канали, стратешки партнерства и концепти поврзани со вградено банкарство.
Пред доаѓањето во Стопанска банка, Кутуди беше помошник генерален директор за специјализирани решенија – банкарство на мало во НБГ Групацијата, а има искуство и во корпоративно банкарство, кредитна анализа, наплата и проектно финансирање.
Нејзината работа е поврзана и со дигиталната трансформација и развојот на нови банкарски услуги, за што добила признанија за иновативност во 2022 и 2024 година.
Со новиот мандат, Хрисула Кутуди продолжува да ја предводи Стопанска банка АД – Скопје во наредните четири години.
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
-
Банкипред 2 месециЈунските пензии достапни за пензионерите корисници на Халкбанк





