Криптовалути
Путин го потпиша законот за легализирање на “crypto-mining” во Русија
Рускиот претседател Владимир Путин официјално потпиша закон со кој се легализира ископувањето криптовалути во Русија. Според извештајот на руската новинска агенција ТАСС, законот воведува неколку клучни концепти, вклучувајќи ископување дигитални валути, пулови (mining pools) и оператори за блокчејн инфраструктура. “Crypto-mining” активностите сега се признати од Русија како дел од прометот, а не како дел од издавањето на дигитални валута.
Новото законодавство прецизира дека само руски правни лица и индивидуални претприемачи регистрирани во владата ќе смеат да се занимаваат со ископување на криптовалути. Сепак, индивидуалните мајнери можат да учествуваат без регистрација, под услов нивната потрошувачка на енергија да остане во границите поставени од владата.
Дополнително, законот дозволува тргување со странски дигитални финансиски средства на руски блокчејн платформи. Сепак, Банката на Русија го задржува овластувањето да забрани пласирање на одредени средства доколку се сметаат за закана за финансиската стабилност на земјата.
Според ТАСС, за време на неодамнешниот владин состанок, претседателот Путин нагласил дека Русија треба „да го искористи моментот“ за воспоставувањето правна рамка и легислатива за дигиталните и криптовалутите. Тој го истакна потенцијалот на дигиталните валути кои значително можат да придонесат за економскиот развој на Русија, нагласувајќи ја потребата од соодветна регулатива и инфраструктура.
Криптовалути
Биткоинот се задржа над 65.000 долари, надежите за договор меѓу Иран и Оман ги смирија пазарите
Биткоинот се стабилизираше над нивото од 65.000 долари на почетокот на неделата, откако извештаите дека Иран би можел да постигне договор со Оман за повторно отворање на Ормускиот Теснец ги намалија стравувањата на инвеститорите и ги поттикнаа ризичните средства.
Најголемата криптовалута по пазарна капитализација поскапе за 0,54 отсто и достигна 65.209 долари, додека етерот порасна за 0,86 отсто, на 1.925 долари. Позитивното расположение се пренесе и на традиционалните пазари, при што фјучерсите на индексот Nasdaq 100 забележаа раст од 0,45 отсто.
Инвеститорите реагираа на шпекулациите дека Техеран е подготвен да постигне договор со Оман кој би овозможил повторно отворање на Ормускиот Теснец, една од клучните светски рути за транспорт на енергенси.
На криптопазарот вниманието сега е насочено кон тоа дали биткоинот ќе успее да продолжи кон зоната меѓу 68.000 и 72.000 долари. Таквото движење би можело да отвори простор за поголем прилив на капитал и во алткоините.
Податоците од пазарот на деривати покажуваат благо подобрување на расположението. Долгите позиции учествуваат со околу 52 отсто во обемот на тргување со криптофјучерси, што укажува на зголемени очекувања за раст.
Истовремено, активноста кај биткоин фјучерсите останува умерена, а отворениот интерес повторно падна под 750.000 BTC. Кај етерот, отворениот интерес се намали на 13,35 милиони токени, најниско ниво од 3 мај.
Меѓу алткоините, PUMP порасна за 5,39 отсто, Ethena за 4,84 отсто, а NEAR за 3,79 отсто. Worldcoin забележа раст од околу 13 отсто во последните 24 часа, иако и натаму се наоѓа значително под својот историски максимум.
Индексот на CoinMarketCap за таканаречената „алткоин сезона“ изнесува 37 од 100 поени, што покажува дека вниманието на инвеститорите и понатаму во голема мера останува насочено кон биткоинот.
Криптовалути
Црвен ден за криптопазарот: Биткоинот и водечките криптовалути повторно во минус
Криптопазарот денеска забележа претежно негативно движење, при што најголем дел од водечките дигитални средства ја завршија трговската сесија во негатива. Инвеститорите остануваат претпазливи поради неизвесноста на глобалните финансиски пазари и очекувањата за нови макроекономски сигнали.
Биткоинот, како најголема криптовалута според пазарната капитализација, се тргуваше по цена од 64.321 долар, што претставува дневен пад од 0,62%. И Етереум забележа благо намалување, при што неговата вредност се спушти на 1.900,17 долари, или 0,38% пониско во однос на претходниот ден.
Поголеми загуби беа регистрирани кај останатите водечки криптовалути. „BNB“ ја намали вредноста за 1,06%, „Solana“ загуби 1,49%, додека „XRP“ го забележа најголемиот дневен пад меѓу најтргуваните дигитални средства, намалувајќи се за 2,43%.
Од друга страна, стабилните криптовалути „Tether“ (USDT) и „USD Coin“ (USDC) останаа речиси непроменети, задржувајќи ја вредноста околу еден американски долар.
Според пазарните аналитичари, актуелните движења претставуваат дел од краткорочна корекција, додека инвеститорите внимателно ги следат економските показатели, движењето на американскиот долар и можните нови регулаторни мерки кои би можеле да влијаат врз криптопазарот.
Криптовалути
Биткоинот пред клучен тест: Пробив над 64.500 долари може да донесе нов раст
Биткоинот на 30 јули продолжува да се движи во тесен ценовен опсег меѓу 63.180 и 64.500 долари, додека инвеститорите го очекуваат следниот посилен пазарен потег.
Според техничката анализа, за продолжување на растот потребен е убедлив пробив над отпорот од 64.500 долари. Доколку купувачите успеат да ја задржат цената над ова ниво, следната цел би можела да биде околу 65.700 долари.
Од друга страна, пад под границата од 63.000 долари би можел да го зголеми продажниот притисок и да ја насочи цената кон 61.709 долари.
Индексот на релативна сила изнесува 45,46 поени, што покажува дека продавачите имаат мала предност, но биткоинот сè уште не е во зоната на прекумерна продажба. Другите технички показатели даваат мешани сигнали, при што дел од нив укажуваат на присутна побарувачка, а дел на слаб краткорочен моментум.
Неутралното сценарио предвидува биткоинот да остане меѓу 63.180 и 64.500 долари, сè додека купувачите или продавачите не воспостават појасна контрола врз пазарот.
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Банкипред 2 месециНов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката





