Банки
Соработка на Народната банка со Хрватската народна банка за примена на сметководствените правила и финансиско известување на ЕЦБ неопходни за интеграцијата во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ)
Во рамките на Втората фаза од Регионалната програма финансирана од ЕУ за натамошно зајакнување на капацитетите на централните банки од Западен Балкан, насочена кон исполнувањето на критериумите и условите за интеграција во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ), Народната банка ја заокружи реализацијата на билатералната мерка за запознавање со Правилата на Европската централна банка за сметководствено евидентирање и финансиско известување на ЕСЦБ. Во октомври 2023 година и март 2024 година, Хрватската народна банка оствари две експертски мисии во Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) како дел од потребните подготвителни активности за приспособување на сметководствената евиденција и финансиското известување коишто сега се водат согласно со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ) кон специфичните правила и стандарди на ЕЦБ (ECB Accounting Guideline).
Во периодот од 12 до 14 јуни 2024 година, дел од вработените од Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола остварија студиска посета на Хрватската народна банка и имаа можност да стекнат практично искуство за процесот на сметководствено евидентирање и финансиско известување во рамките на ЕСЦБ. Во рамките на студиската посета се сподели искуството на експертите од Хрватската народна банка и се продлабочи знаењето на експертите од НБРСМ за потребните подготвителни активности за воведувањето на сметководствените политики во согласност со Правилата за сметководствени политики на ЕЦБ, се разгледаа практични примери за спроведување на сметководствените политики, како и предизвиците во финансиското известување од влезот во Европската Унија, воспоставување управувачко сметководство, како и организацијата на Дирекцијата за финансии и сметководство и Дирекцијата за контрола.
Беа обработени повеќе области меѓу кои: сметководствената евиденција и системот на финансиско известување во Хрватската народна банка, законските решенија поврзани со капиталот и резервите, вреднувањето на позициите од билансите и нивното евидентирање во согласност со сметководствените правила на Европската централна банка и разликите во однос на Меѓународните стандарди за финансиско известување – МСФИ, развивањето софтверски решенија, како и процесот на паралелно водење на сметководството на двата начина и известувањето во периодот пред приклучувањето на Хрватската народна банка во евросистемот.
Стекнатите сознанија од соработката со експертите на Хрватската народна банка, кои безрезервно ги споделија своите знаења, искуство и воспоставените практики, се од големо значење за НБРСМ во процесот на спроведување на подготвителните активности за примена на Правилата за сметководствени политики на ЕЦБ.
Со оваа студиската посета се заокружи остварувањето на билатералната мерка за сметководствено евидентирање и финансиско известување на централните банки во рамките на ЕСЦБ, којaшто беше дел од Втората фаза од Регионалната програма финансирана од ЕУ за зајакнување на институционалниот капацитет на централните банки на Западен Балкан, која започна да се остварува во септември 2022 година. Оваа тригодишна програма ја спроведува Германската централна банка како нејзин координатор, во партнерство со деветнаесет национални централни банки на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) и Европската централна банка (ЕЦБ). Европската Унија (ЕУ) додели 3 милиони евра за програмата од својот Инструмент за претпристапна помош (ИПА III).
Банки
Шпаркасе Банка ги промовира услугите достапни преку S-Banka мобилната апликација
Шпаркасе Банка АД Скопје ги потсетува клиентите на можностите што им се достапни преку мобилната апликација S-Banka, со која корисниците можат да управуваат со своите финансии во секое време и од кое било место.
Според објавата на банката, преку апликацијата клиентите можат да плаќаат сметки без трошоци, да аплицираат за онлајн потрошувачки кредит, да отворат онлајн депозит, како и да го проверат PIN-кодот на својата картичка.
Дополнително, S-Banka овозможува блокирање картичка кога е потребно, онлајн аплицирање за кредитна картичка и поднесување барање за дозволено пречекорување на сметка.
Од Шпаркасе Банка посочуваат дека мобилната апликација е наменета за поедноставно и побрзо банкарско искуство, без потреба од чекање во редови и посета на филијала.

Повеќе информации за услугите достапни преку S-Banka се објавени на официјалните канали на банката.
Банки
НЛБ Банка со промотивна каматна стапка за Mastercard haPPy кредитните картички
НЛБ Банка Скопје информира дека до 31 декември 2026 година е достапна промотивна каматна стапка од 5,9 отсто за Mastercard haPPy кредитните картички.
Според објавата на банката, картичките може да се користат за плаќање во продавници и онлајн, а понудата е наменета за корисници кои сакаат поголема флексибилност при секојдневните купувања, патувања или други лични потреби.
Од НЛБ Банка посочуваат дека Mastercard haPPy кредитните картички им овозможуваат на клиентите да ги претворат купувањата во „haPPy моменти“, со промотивни услови што важат до крајот на 2026 година.

Повеќе информации за условите и начинот на користење на картичките се достапни преку официјалните канали на НЛБ Банка.
Банки
Комерцијална банка ги промовира КБ пакетите за корисниците на платежни сметки и електронско банкарство
Комерцијална банка АД Скопје ги промовира КБ пакетите како опција за клиентите кои користат платежна сметка, картичка и електронско банкарство.
Од банката информираат дека со избор на КБ Стандард или КБ Бонус, корисниците добиваат повеќе банкарски услуги со пониска месечна претплата.
Пакетите може да се активираат веднаш преку мобилната апликација мБанка или преку Интернет банка.

Од Комерцијална банка посочуваат дека и лицата кои не се клиенти на банката можат лесно, брзо и целосно онлајн да активираат КБ пакет, со електронска идентификација преку OneID.
Повеќе информации за понудата се достапни на веб-страницата на банката.
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 1 месецХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 1 месецАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 1 месец
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги

