Connect with us
no baners

Банки

Стани дел од ХалкЕЗ заедницата и стигни до EXIT 2024

Објавено

на

Денеска стартува наградната игра „Стани дел од ХалкЕЗ заедницата и стигни до EXIT 2024” во организација на Халкбанк АД Скопје, која ќе трае до 4 јули.

Во наградната игра право на учество имаат сите физички лица на возраст од 18 до 24 години кои ќе станат корисници на пакетот за млади Halk EZ (Halk Easy), а со тоа ќе имаат подигнато VisaPayWave дебитна платежна картичка која е во рамките на пакетот.  Право на учество имаат и постоечките корисници на студентскиот пакет на Халкбанк кои имаат активна Visa PayWave дебитна платежна картичка чиј пакет се преименува во пакет за млади.

Како потврда за учество во наградната игра ќе се смета пополнетата изјава за согласност за учество во наградната игра електронски пополнета на веб-страницата на банката. Во извлекувањето на 5 јули ќе бидат земени во предвид сите корисници на пакетот за млади,  на возраст од 18 до навршени 24 години, кои имаат активна дебитна платежна картичка  на денот на извлекувањето и кои дале согласност за учество во наградната игра.

Ќе бидат извлечени вкупно пет награди – ВИП пакети за EXIT искуство за двајца, со карти за EXIT, авионски превоз, хотелско сместување и VIP третман во рамки на фестивалот. Секој добитник на ВИП пакет со себе може да избере придружба од едно лице.

Пакетот за млади Halk EZ (Halk Easy) претставува посебен и иновативен банкарски
пакет кој нуди голем број поволности и динамични содржини за сите корисници на
возраст од 16 до 24 години. Пакетот нуди бесплатно мобилно и електронско
банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка без надоместок за годишна
членарина, со која може да се повлекува  готовина без надомест на сите банкомати во
земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа
иновативни услуги како GarminPaySmartSend и SmartCash.

Банки

„Без граници, без препреки“ – виртуелно музејско патување што ги обедини децата од светот во Музејот на Народната банка

Објавено

на

Музејот на Народната банка оваа година го одбележува Меѓународниот ден на музеите ‒ 18 мај, организирајќи големa виртуелна едукативна дружба со деца на училишна возраст од различни делови на светот, обединети во желбата да ги откријат тајните на исклучителната македонска ризница на антички и средновековни пари коишто се чуваат во нашиот музеј, што e отворен за јавноста секој работен ден од 9 до 15 часот.

Музејското патување низ монетарното минато на нашата земја беше насловено „Без граници, без препреки“, во духот на овогодишната тема на Меѓународниот комитет на музеите „Музеите што го обединуваат поделениот свет“.

Кустосите од Музејот на Народната банка одржаа настан за учење и паметење за 80 македонски деца што се ученици во Австрија, Белгија, Норвешка, Хрватска, Австралија, Франција, Италија, Германија, Шведска, Холандија, Велика Британија, Данска, Канада и во земјава, коишто можеа интерактивно да се дружат и да дознаат необични факти за нумизматичкото културно наследство на нашата земја.

Возбудливото враќање во минатото заврши со кратко откривање на некои од тајните на изгледот на денешните македонски пари, а потоа и со прогласување на победниците од интерактивниот квиз.

Продолжи со читање

Банки

Славески од Регионалниот состанок на гувернери: Поврзувањето на системите за инстант плаќања е едно од најпрактичните решенија за побрзи и поевтини прекугранични плаќања

Објавено

на

Гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, учествуваше на Регионалниот состанок на гувернери што се одржа во Пула, Република Хрватска, во организација на Хрватската народна банка, каде што во фокусот на дискусиите беа дигиталната трансформација на финансискиот систем, дигиталните средства и иднината на прекуграничните плаќања.

На тркалезната маса на тема „Од експеримент до инфраструктура: дигиталните средства во традиционалниот финансиски свет“, гувернерот Славески посочи дека поврзувањето на системите за инстант плаќања во регионот, преку решенија засновани врз платформата клон на ТИПС, претставува едно од најпрактичните и најодржливите решенија за побрзи, поевтини и потранспарентни прекугранични плаќања во евра. Притоа беше истакнато дека ваквиот пристап овозможува регионална интеграција и подобра поврзаност со европската платежна инфраструктура, без нарушување на монетарниот суверенитет на државите.

Во своето обраќање, гувернерот нагласи дека технолошките иновации треба да создаваат реална економска вредност, преку поефикасни платни системи, подобра достапност на финансиските услуги и намалување на трансакциските трошоци, а не да бидат водени исклучиво од шпекулативни цели. Тој посочи дека дигиталната трансформација на финансискиот сектор мора да се одвива паралелно со јасна регулаторна рамка, силна киберзаштита и зачувување на довербата во финансискиот систем.

Славески се осврна и на активностите што ги презема Народна банка во областа на финтек-иновациите и модернизацијата на финансискиот сектор, во рамките на Финтек-стратегијата за финансиските регулатори 2023 − 2027 година. Во таа насока, беше посочено дека Народната банка има проактивен пристап кон дигиталната трансформација и активно ги следи светските трендови поврзани со дигиталните валути на централните банки и развојот на дигиталното евро.

Притоа, беше нагласено дека како мала и отворена економија којашто е тесно поврзана со еврозоната, нашата земја внимателно ги анализира можните ефекти од воведувањето на дигиталното евро врз домашниот финансиски систем. Во тој контекст, Народната банка веќе ги разгледува можностите и потенцијалните ефекти од евентуално воведување дигитален денар, особено во делот на модернизацијата на плаќањата, финансиската вклученост и ефикасноста на монетарната политика.

На состанокот беше истакнато и дека домашните банки и небанкарските финансиски институции сѐ повеќе инвестираат во нови технологии, дигитални платформи и автоматизација на процесите, при што дигиталната трансформација веќе се препознава како стратегиски приоритет за натамошен развој и зголемување на ефикасноста на финансискиот сектор.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка АД – Скопје ја промовира можноста за плаќање со Google Wallet и Google Pay

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја нуди можноста за користење на Google Wallet™, овозможувајќи им на клиентите побрз и посигурен пристап до нивните платежни картички преку мобилен телефон.

Корисниците можат да ги додадат картичките од банката во Google Wallet и да плаќаат на сите продажни места каде што се прифатени Google Pay™ и бесконтактните плаќања.

Од банката информираат дека услугата овозможува едноставно и безбедно дигитално плаќање, без потреба од физичка картичка, со што секојдневните трансакции стануваат побрзи и попрактични.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange