Connect with us

Банки

ДОБРАТА КАМАТА ОД ДАЛЕКУ СЕ ГЛЕДА! Шпаркасе Банка со нова понуда за Депозит Плус

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува да воведува привилегии за клиентите, следејќи ги пазарните промени, и со тоа да креира атрактивни понуди што одговараат на нивните потреби.

Како синоним за стабилност, кога станува збор за штедењето, Шпаркасе Банка воведе нови каматни стапки за Депозит Плус, фиксни за целиот период на орочување, во период до 31.7.2024 година. Средствата со Депозит Плус во денари можат да се орочат на 13 и на 25 месеци, со што при орочување на 13 месеци, каматната стапка изнесува 3,60%, додека при орочување на 25 месеци каматната стапка изнесува 4%, што во моментов е меѓу најповолните каматни стапки на депозит со овие рочности и претставува уште еден показател за грижата на Шпаркасе Банка кон своите клиенти.

Депонентите, пак, кои ќе се одлучат за депозити во евра на 12 месеци добиваат каматна стапка од 2,30%, додека за 25 месеци каматна стапка од 3,30%.

Депозит Плус е орочен депозит со фиксна каматна стапка за целиот период на орочување, креиран за оние што се заинтересирани да направат добар план за заштеда на подолг период во стабилна финансиска институција.

Бидејќи штедењето е предизвик, но и многу корисна навика со која ја обезбедуваме нашата и иднината на нашите деца, на вас е да изберете партнер од доверба каков што е Шпаркасе Банка – дел од најсилната банкарска групација во Југоисточна Европа, која бележи близу 200 години традиција во штедење.

#ВерувајВоИднината

Комерцијален текст

Банки

Рајфајзен го мина клучниот праг за преземање на Аддико банка

Објавено

на

Рајфајзен банк интернешнл официјално потврди дека доброволната јавна понуда за преземање на Аддико банка успешно го надминала минималниот праг на прифаќање, со што процесот на преземање влегува во завршна фаза.

До 24 јули 2026 година биле примени изјави за прифаќање на понудата за вкупно 10.720.331 акција на Аддико банка, што претставува 55,58 отсто од сите акции опфатени со понудата.

Со тоа е исполнет клучниот услов предвиден со австрискиот Закон за преземања, според кој понудата треба да биде прифатена за повеќе од 55 отсто од акциите за да се смета за успешна.

Меѓу акциите за кои била прифатена понудата се и 1.878.167 акции на Алта груп, што претставуваат 9,63 отсто од вкупниот број издадени акции на Аддико банка. Со овој потег дополнително се зацврстува позицијата на Рајфајзен во процесот на преземање.

Рокот во кој акционерите можеа да ги повлечат своите изјави за прифаќање истече на 23 јули во 17 часот. Од Рајфајзен соопштија дека до 24 јули во 9 часот не била примена ниту една изјава за повлекување.

Надминувањето на прагот од 55 отсто претставува клучна пресвртница во процесот на преземање и му обезбедува на Рајфајзен контролен пакет и значајна позиција за следните чекори во трансакцијата.

Аддико банка е позната по фокусот на потрошувачкото кредитирање и дигиталните банкарски услуги, а работи на повеќе пазари во Југоисточна Европа. Влегувањето под контрола на Рајфајзен би можело да донесе промени во деловниот модел, дигиталната стратегија и регионалното позиционирање на банката.

Преземањето истовремено може да придонесе за зајакнување на позицијата на Рајфајзен во банкарскиот сектор во Југоисточна Европа, каде што групацијата веќе има значително присуство.

Со успешното надминување на минималниот праг на прифаќање започнува завршната фаза од преземањето. Вниманието сега е насочено кон следните чекори на Рајфајзен, како и кон можните планови за интеграција и идниот развој на Аддико банка.

Извор: EQS News / Financa.ba

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Илјадници корисници веќе плаќаат со Apple Pay

Објавено

на

Илјадници корисници веќе го користат Apple Pay за брзо и безбедно плаќање во продавници, преку апликации и онлајн, информираат од Комерцијална банка.

Корисниците на Mastercard дебитни и кредитни картички од Комерцијална банка можат да ги додадат своите картички во Apple Wallet и да плаќаат преку iPhone, Apple Watch, iPad или Mac.

За плаќање во продавница, потребно е корисникот двапати да го притисне страничното копче на уредот, да се автентицира и да го доближи iPhone или Apple Watch до терминалот за бесконтактно плаќање.

Од Комерцијална банка посочуваат дека секоја трансакција преку Apple Pay е заштитена со Face ID, Touch ID или лозинката на уредот, како и со еднократен уникатен динамичен безбедносен код.

Apple Pay може да се користи во маркети, аптеки, ресторани, кафетерии, продавници и на други продажни места што поддржуваат бесконтактно плаќање.

Активирањето на услугата е едноставно. На iPhone потребно е да се отвори апликацијата Wallet, да се избере знакот „+“ и да се следат чекорите за додавање на Mastercard дебитна или кредитна картичка од Комерцијална банка.

Откако картичката ќе биде додадена, Apple Pay може веднаш да се користи на соодветниот Apple уред.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со викенд поволност: Подигнување готовина од банкомат без провизија

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје најави специјална поволност за своите корисници во текот на овој викенд.

Корисниците на VISA или MasterCard кредитни картички на банката ќе можат да подигнат готовина од кој било банкомат на Стопанска банка без провизија.

Поволноста важи само во текот на овој викенд, информираат од Стопанска банка преку објава на социјалните мрежи.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange