Connect with us

Банки

Експозитурата на Шпаркасе Банка во Аеродром на нова локација

Објавено

на

Од денеска, Шпаркасе Банка ја отвора новатаекспозитура во Општина Аеродром, која претходно се наоѓаше наадреса бул. „Јане Сандански“ бр. 12.

Новата локација на експозитурата е на адреса ул. „Фрањо Клуз“бр. 1/1, Општина Аеродром, и ќе работи секој работен ден од понеделник до петок, од 8.00 до 16.00 часот. Во новата експозитура, клиентите на Шпаркасе Банка ќе добијат врвно корисничко искуство во доменот на депозитно и благајничко работење, кредитирање, платен промет и други банкарски услуги.

Просторот на новата експозитура е дизајниран имајќи ги предвид естетските и функционалните аспекти. Употребата на еколошки одржливи материјали покажува посветеност и еколошка одговорност, додека обезбедувањето на стандардите за удобност и безбедност, дава приоритет на благосостојбата на клиентите и на вработените. Инспиративно е да се види како бизнисите ја интегрираат одржливоста во нивниот дизајн и работење.

На отворањето, пред присутните свое обраќање имаше претседателот на УО на Шпаркасе Банка, господинот Санел Кустурица:

„Шпаркасе Банка продолжува со цврста посветеност и стремеж да биде водечка банка по квалитет на услуги, задоволство на клиенти и ангажираност на вработените. Фокусирани сме да им понудиме поголема достапност на производите и услугите на нашите клиенти, со отворање нови и модерни експозитури. Се трудиме да им овозможиме максимално корисничко искуство на клиентите, да инвестираме во поголема мрежа на експозитури и во модерен простор каде што нашите вработени ќе се чувствуваат пријатно и ќе бидат мотивирани за работа“ – изјави тој.

Шпаркасе Банка АД Скопје инвестира во својата инфраструктура со цел поголема достапност до своите клиенти, со отворање нови и модерни услужни модели на експозитури, кои ги задоволуваат највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување на клиентите. Во секоја од експозитурите, клиентите имаат можност да ги користат атрактивните банкарски производи и услуги, со што тие стануваат уште подостапни за што поголем број граѓани.

Банки

Мрежата на АЛТА банка опфаќа 18 експозитури во 11 градови низ Македонија

Објавено

на

АЛТА банка располага со широка мрежа од 18 експозитури распоредени во 11 градови низ Македонија, овозможувајќи им на клиентите пристап до банкарските услуги во повеќе региони во земјава.

Најголем број експозитури банката има во Скопје, каде што работат шест локации, додека во Битола клиентите имаат на располагање три експозитури.

АЛТА банка е присутна и во Тетово, Велес, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Ресен и Демир Хисар, каде што располага со по една експозитура.

Во Скопје експозитурите се лоцирани на Анкарска, Никола Русински, Скупи, улица Македонија, Кузман Јосифовски Питу и во трговскиот центар „Бисер“ на булеварот Јане Сандански.

Во Битола, пак, експозитурите на банката се наоѓаат на улиците Добривоје Радосавлевиќ и Широк Сокак, како и на Партизанска.

Преку својата мрежа на експозитури, АЛТА банка обезбедува физичка достапност на банкарските услуги за граѓаните и компаниите во повеќе поголеми и регионални центри низ државата. На својата интернет-страница банката нуди и локатор за експозитури и банкомати, преку кој клиентите можат полесно да ја пронајдат најблиската локација.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка нема да работи на 8 септември по повод Денот на независноста

Објавено

на

Комерцијална банка ги информира клиентите дека во вторник, 8 септември, нејзините експозитури и филијали нема да работат по повод државниот празник – Денот на независноста.

Од Банката посочуваат дека неработниот ден се однесува на сите експозитури и филијали на Комерцијална банка.

Редовното работење ќе продолжи по завршувањето на празникот.

Продолжи со читање

Банки

Известување од Стопанска банка за работното време на 8 септември

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира клиентите дека нејзините филијали нема да работат во вторник, 8 септември 2026 година, по повод државниот празник.

Од Банката посочуваат дека клиентите и за време на празникот ќе можат да ги користат дигиталните услуги кои се достапни 24 часа дневно.

Банкарските услуги ќе бидат достапни преку мобилен телефон, компјутер и банкоматите на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange