Connect with us

Вработување

Платена практикантска работа во НЛБ Банка

Објавено

на

Млади ентузијасти НЛБ Банка ве мотивира да аплицирате на огласот за практикантска работа во:

  • Контакт центар;
  • Сектор за платни системи;
  • Сектор за правни работи и секретаријат;
  • Сектор за реструктуирање и управување со проблематични пласмани.

Твоите работни цели:

  • Административна поддршка, активности поврзани со архивирање, администрирање и внес на податоци;
  • Комуникација со клиентите за банкарските продукти и услуги преку телефонски
    разговори;
  • Активности поврзани со користење и администрирање на податоци за дигитални сервиси;

Твојот профил:

  • Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии;
  • Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
  • Познавање на основни ИТ алатки, англиски јазик на основно/средно ниво;

Мотив да се придружиш на НЛБ Банка:

  1. Практична работа во времетраење од 3 до 6 месеци во препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  2. Можност за учење и менторство од врвни банкарски специјалисти;
  3. Позитивна организациска култура и меѓусебната доверба и грижа за вработените се основни начела во работењето;

НЛБ Банка Ве очекува да аплицирате со испраќање на CV на: [email protected] со назнака “Апликација за платена практикантска работа”, најдоцна до 14.06.2024 година.

Вработување

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Секторот за финансиско управување на НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни
професионалци и нуди можност за работење во Служба за стратешко планирање и финансиски контролинг.

Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на НЛБ тимот и заедно да ги споделувате предизвиците на работењето, во сегментот на работа со стратешко планирање и финансиски контролинг, НЛБ Банка те мотивира да се пријавиш на отворената работна позиција:

Аналитичар во Сектор за финансиско управување

Улога во тимот:

  • Анализа и управување со профитабилноста на пазарните сегменти и продукти на Банката;
  • Анализа и управување со профитабилноста и продуктивноста на продажните канали на Банката;
  • Учество во подготовка на стратешки и деловен план на Банката;
  • Следење на исполнување на планот, анализа на причините за отстапки во планот и подготовка на извештаи.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование;
  • Претходно работно искуство во финансиски и сродни индустрии ќе се смета за предност;
  • Познавање од областа на управување со податоци во финансиски менаџмент;
  • Познавање на работа со бази на податоци, power query и Power BI алатка, ќе се смета за предност;
  • Познавање на методи на анализа на податоци;
  • Одлично познавање на MS Office – MS Excel и MS PowerPoint;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Изразени организациски, комуникациски и тимски способности, ангажираност, иницијатива, темелен пристап кон работата и спремност за промени.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на кратка биографија (CV) најдоцна до
23.01.2025 на [email protected] со назнака за Аналитичар во Сектор за финансиско
управување
.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Службеник во служба за трезорско работење

Работни задачи:

  1. Следење на тековна ликвидност и управување со парични средства,
  2. Управување со монетарни инструменти,
  3. Проекции на паричен тек, показатели на ликвидност и други показатели,
  4. Подготовка на извештаи за ликвидносен ризик, согласно пропишани одлуки,
  5. Подготовка на извештаи за валутен ризик согласно пропишани одлуки,
  6. Подготовка на извештаи за каматен ризик, согласно пропишани одлуки,
  7. Подготовка на извештаи за адекватност на капитал, 
  8. Извештајност кон кредитори, и
  9. Други работи и работни задачи од делокругот на службата.

Потребни знаења и вештини:

  • Завршено високо образование, 
  • Способност за тимска работа но и самостојност,
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација,
  • Солидно познавање на англиски јазик,
  • Работно искуство во дејноста е добредојдено но не е задолжително.
  • Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии.

Бенефиции:

  • Најниската нето плата предвидена за оваа работна позиција е 33.000 денари.
  • Континуирани обуки за професионален развој,
  • Работа во интересна и динамична работна средина.

Штедилница Можности која има правичен третман при вработување на сите лица и нуди одлични услови за работа со можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата воинтересна и динамична работна средина. 

Заинтересирани кандидати, доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на e-mail:[email protected] и [email protected], огласот е активен до 17.01.2025 г.

Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост и согласно Законот за заштита на лични податоци.

Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.

Овој оглас за вработување е нарачан од Штедилница Можности ДОО.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за Вработување: Искусен новинар / Уредник

Објавено

на

За Нас

www.bankarstvo.mk е медиум специјализиран за банкарството, финансискиот сектор и економијата. Нашата мисија е да обезбедиме точни, квалитетни и релевантни информации за нашата публика. Во потрага сме по искусен новинар/уредник кој ќе придонесе за подобрување на содржините и зголемување на читаноста.

Ако сте личност со страст за новинарство, аналитичко размислување и длабоко познавање на финансискиот сектор, ова е вашата можност!

Позиција: Искусен Новинар / Уредник

Локација: Скопје, со можност за работа од дома

Работно време: Полно работно време

Работни Обврски

Уредување и управување со содржини:

• Преглед, корекција и уредување на текстови пред објавување.

• Осигурување дека содржините се точни, релевантни и аналитички.

Креирање на ексклузивни содржини:

• Пишување статии, анализи и интервјуа со водечки фигури од финансискиот сектор.

• Покривање актуелни настани и вести од економијата.

Координација со тимот:

• Управување и насочување на тимот на новинари и контент креатори.

• Организирање задачи и обезбедување навремено извршување.

• Менторирање и поддршка на помладите членови на тимот.

Истражување и анализа:

• Следење на локални и глобални економски трендови.

• Прибирање ексклузивни податоци и информации.

SEO и дигитална стратегија:

• Оптимизација на содржините за зголемена видливост.

• Предлагање нови идеи за дигитален раст.

Односи со јавноста:

• Комуникација со банки, финансиски институции и експерти.

• Организирање интервјуа и покривање релевантни настани.

Квалификации:

• Универзитетска диплома (новинарство, економија, маркетинг или сродна област).

• Минимум 5 години искуство во новинарство или уредништво.

• Одлично познавање на македонски и англиски јазик.

• Длабоко разбирање на финансискиот сектор.

• Лидерски и комуникациски вештини.

Што Нудиме:

• Конкурентна плата од 50,000–60,000 МКД (во зависност од искуството).

• Флексибилно работно време.

• Можност за работа на иновативни проекти и професионален развој.

• Тим кој ги поддржува идеите и креативноста.

Како да Аплицирате

Испратете го вашето CV и примерок од вашата работа (на пример, статии, објави на социјални мрежи или други содржини) на [email protected] најдоцна до 31.01.2025 година.

Придружете се на тимот кој го редефинира новинарството во банкарскиот и економскиот сектор!

Продолжи со читање

Популарно