Connect with us

Банки

Светска банка планира финансиска помош од 80 до 100 милијарди долари за Блискиот Исток

Објавено

на

Светска банка би можела да обезбеди меѓу 80 и 100 милијарди долари финансиска помош за земјите силно погодени од војната на Блискиот Исток во период од околу 15 месеци, изјави претседателот на институцијата Аџај Банга, пренесува Хина.

Од вкупниот износ, меѓу 20 и 25 милијарди долари би биле достапни преку механизмот за одговор на кризи, кој им овозможува на државите да искористат до 10 проценти од веќе одобрените средства во рамки на постојните програми.

Дополнителни 30 до 40 милијарди долари би можеле да се обезбедат преку пренамена на средства од постојните програми, посочи Банга.

Тој нагласи дека доколку конфликтот продолжи и по овој период, ќе биде неопходно да се најдат нови извори на финансирање за да се достигне целта од 80 до 100 милијарди долари. Изјавата беше дадена на настан организиран од Bretton Woods Committee.

Групацијата на Светска банка веќе има искуство со брзи реакции во кризни ситуации, комбинирајќи итна финансиска помош со стручни совети за политики и поддршка на приватниот сектор, со цел обновување на работните места и поттикнување економски раст.

Целта е да се обезбеди брза поддршка преку постојното портфолио на проекти, воспоставување механизми за кризен одговор и обезбедување однапред договорени финансиски олеснувања за владите, компаниите и домаќинствата.

Во меѓувреме, Светска банка внимателно ги следи глобалните економски движења и одржува директна комуникација со најпогодените земји за подобро разбирање на состојбата на терен.

Претходно беше соопштено дека институцијата соработува со владите и приватниот сектор во ублажување на последиците од конфликтот, додека нарушувањата во синџирите на снабдување и растот на трошоците дополнително ги погодуваат пазарите во развој.

Банки

Халкбанк им овозможува на граѓаните онлајн отворање платежна сметка

Објавено

на

Граѓаните сега можат брзо и едноставно да отворат платежна сметка онлајн, без посета на филијала. Процесот се одвива дигитално и вклучува електронска идентификација, пополнување на потребните податоци и електронско потпишување на документите.

За користење на услугата, корисникот најпрво треба да креира електронска идентификација преку апликацијата OneID, по што може да продолжи со чекорите за отворање платежна сметка.

Услугата е достапна за полнолетни физички лица кои се резиденти на Република Северна Македонија.

Дигитално отворање платежна сметка не е овозможено за малолетни лица, лица без електронска идентификација преку OneID, лица со одземена деловна способност, неписмени лица и лица кои во документот за лична идентификација имаат ознака „ХХХ“ наместо потпис.

Услугата не е достапна ниту за лица со индиција поврзана со САД, политички изложени лица и странски државјани.

По успешно отворање на платежната сметка, клиентот може да продолжи и со процесот за активирање онлајн електронско банкарство.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со промотивна понуда за потрошувачки кредити до 2,5 милиони денари

Објавено

на

НЛБ Банка објави промотивна понуда за потрошувачки кредити во износ до 2.500.000 денари, со фиксни каматни стапки и брзо одобрување.

Според понудата, клиентите кои ќе аплицираат преку мобилната апликација мКлик можат да добијат кредит со фиксна каматна стапка од 5,6 проценти, додека за апликациите поднесени во експозитурите на банката е предвидена фиксна каматна стапка од 5,7 проценти.

Од НЛБ Банка информираат дека процесот на одобрување трае само неколку минути, а промотивната понуда ќе биде достапна до 31 август.

Продолжи со читање

Банки

Славески им посака успешна пракса на студентите во Народната банка

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ги пречека студентите кои ова лето ќе ја извршуваат својата практична работа во институцијата, охрабрувајќи ги максимално да ја искористат можноста за професионален развој и стекнување практични знаења.

На средбата, одржана во Музејот на Народната банка, Славески истакна дека младите се важен дел од иднината на централното банкарство и ги повика активно да учат, да поставуваат прашања и да бидат отворени за нови идеи.

Настанот се организира во годината кога Народната банка одбележува 80 години од развојот на централното банкарство, јубилеј што ја нагласува улогата на институцијата во зачувувањето на довербата во националната валута и одржувањето на макроекономската стабилност.

Во текот на практичната работа, студентите ќе имаат можност да се запознаат со функционирањето на повеќе организациски единици во Народната банка, меѓу кои секторите за монетарна политика и истражување, финансиски пазари, статистика, информатичка технологија, правни работи и трезорско работење, со цел да добијат поширок увид во работата на современа централна банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange