Connect with us
no baners

Останато

Општина Карпош организира бесплатни обуки за дигитална писменост и економска инклузија – пријавувањето е во тек

Објавено

на

no baners

Општина Карпош, во соработка со компанијата Таск-ХРС, започнува со реализација на бесплатни обуки за дигитална писменост и економска инклузија, како дел од годишната програма за еднакви можности меѓу жените и мажите.

Обуките стартуваат на 14 април 2026 година и се наменети за три категории граѓани: постари жители на Карпош, лица во социјален ризик и припадници на маргинализирани групи.

Наставата ќе се одржува секој вторник во просториите на основното училиште „Јан Амос Коменски“, со почеток во 18 часот. Секоја сесија ќе трае 90 минути, а целокупната програма ќе се реализира во период од 12 недели.

За учество, заинтересираните граѓани треба претходно да се пријават на телефонскиот број 071/376-080.

Од Општината посочуваат дека целта на обуките е да им се помогне на граѓаните полесно да се вклучат во дигиталниот свет преку стекнување практични вештини за користење паметни телефони, електронско банкарство, комуникациски апликации и социјални мрежи.

Во рамки на програмата ќе бидат опфатени и теми како основи на користење електронски уреди, безбедно пребарување на интернет, користење електронска пошта, пристап до јавни е-услуги, како и можности за дигитална економија и дополнителни приходи.

Пријавувањето за обуките е веќе отворено.

no baners
no baners

Останато

Делегација на ФОД учествуваше на годишното собрание и конференција на Европскиот форум на осигурители на депозити

Објавено

на

Делегација на Фондот за осигурување на депозити учествуваше на Годишното собрание и Меѓународната конференција на Европскиот форум на осигурители на депозити (EFDI), што се одржа во Букурешт од 9 до 13 јуни 2026 година.

Настанот беше организиран од Романскиот фонд за гаранција на банкарски депозити (FGDB), а ФОД го претставуваа Ирена Митровска, помошник раководител на секторот за обесштетување на депозити, меѓународна соработка, промотивни активности, односи со јавноста и ИКТ, и Антигона Сефери, помошник раководител на секторот за правни работи, општи административни работи и управување со квалитет.

На конференцијата се разговараше за најновите случувања и реформи поврзани со новата рамка за управување со кризи и осигурување на депозити (CMDI), како и за предизвиците што ги носат финансиските иновации и развојот на FinTech-секторот. Дел од дискусиите беа посветени и на прекуграничното управување со ризици во банкарскиот сектор.

Од ФОД посочуваат дека учеството на конференцијата ја потврдува нивната посветеност на понатамошно зајакнување на системот за осигурување на депозити, унапредување на структурните реформи и регулаторната рамка, како и на размена на искуства со европските институции.

Продолжи со читање

Останато

Од јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари

Објавено

на

Компаниите од приватниот сектор од 1 јули можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор, познат како К-15. Минималниот износ што треба да им биде исплатен на работниците годинава изнесува околу 19.116 денари.

Износот се утврдува според просечната нето-плата за претходните три месеци. За пресметката се земени платите за февруари, март и април 2026 година, кои изнесуваат 46.159, 48.433 и 48.779 денари. Просекот од овие три месеци е околу 47.790 денари, а според колективниот договор, минималниот регрес за годишен одмор изнесува 40 проценти од таа основица.

Право на К-15 имаат вработените во приватниот сектор кои во текот на календарската година имаат најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај истиот работодавач.

Работодавачите имаат можност да исплатат и повисок износ од минималниот, доколку тоа е предвидено со колективен договор, правилник или одлука на самата компанија.

Продолжи со читање

Останато

УЈП: До 30 јуни истекува рокот за првите пријави за минималниот глобален данок

Објавено

на

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсети засегнатите даночни обврзници дека на 30 јуни 2026 година истекува рокот за поднесување на првите даночни пријави за 2024 година согласно Законот за минимален глобален данок на добивка и соодветниот правилник за пресметување и наплата на дополнителниот данок на добивка.

Законот предвидува минимално ефективно оданочување на добивката на мултинационални компании и големи домашни групи со минимална даночна стапка од 15 проценти. Обврската се однесува на субјекти со седиште во државата кои се дел од мултинационални или големи домашни групи со консолидиран годишен приход од најмалку 750 милиони евра во најмалку две фискални години во периодот од 2020 до 2023 година.

Според законските решенија, минималното ефективно оданочување се спроведува преку три механизми: квалификуван домашен дополнителен данок, правило за вклучување на добивката и правило за помалку оданочена добивка.

Од УЈП информираат дека најдоцна до 30 јуни засегнатите обврзници треба електронски да достават известување за субјектот назначен за поднесување на Пријавата за информации за дополнителен данок, како и Пријава за квалификуван домашен дополнителен данок (КДДД/П).

Дополнително, до истиот рок треба да се поднесе и Пријавата за информации за дополнителен данок преку системот е-Даночни услуги, во делот „Извештај за глобален данок“.

Пријавата за квалификуван домашен дополнителен данок се поднесува до 30 јуни, додека Пријавата за дополнителен данок (ДДД/П) треба да биде доставена најдоцна до 30 јули 2026 година.

УЈП нагласува дека даночните пријави мора да бидат поднесени и во случаите кога пресметаниот данок за плаќање изнесува нула.

Рокот за плаќање на квалификуваниот домашен дополнителен данок е 30 јули 2026 година, а дополнителниот данок на добивка треба да се плати најдоцна до 30 август 2026 година.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange