Connect with us

Бизнис

Можно поскапување на авионските билети од април поради раст на цените на горивото

Објавено

на

Глобалната енергетска криза, предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, доведе до драстичен раст на цените на авионското гориво, што може да резултира со поскапување на авионските билети веќе од април, објави Банкар.ме

Директорот на „Air Montenegro“, Вук Стојановиќ, во изјава за медиумите посочи дека компанијата засега ќе ги задржи актуелните цени на билетите до крајот на март, но предупреди дека доколку високите цени на горивото продолжат или дополнително се зголемат, ќе биде неизбежна корекција на ценовната политика.

Според него, цените на авио-горивото кај одредени добавувачи речиси се удвоени. Во споредба со 20 февруари, цената кај главниот снабдувач на црногорските аеродроми пораснала за околу 654 евра по метричка тона, што претставува зголемување од приближно 90 проценти.

Овој раст значително ги зголемува оперативните трошоци на компанијата. Со оглед на тоа што авионите од флотата на „Air Montenegro“ трошат просечно околу две метрички тони гориво на час лет, трошокот по час летање е зголемен за околу 1.300 евра.

Доколку ваквото ниво на цени се задржи до крајот на годината, дополнителните непланирани трошоци за компанијата би можеле да достигнат околу седум милиони евра.

Иако засега цените на билетите остануваат непроменети, од компанијата јасно сигнализираат дека понатамошниот развој на пазарот на горива ќе биде клучен фактор за евентуални поскапувања во наредниот период.

Бизнис

NLB Lease&Go со флексибилни лизинг решенија за различни модели на возила

Објавено

на

NLB Lease&Go им нуди на клиентите можности за избор и финансирање различни модели на возила, од градски автомобили до модели погодни за подолги патувања.

Компанијата промовира флексибилни лизинг решенија, со можност клиентите да изберат возило според своите потреби, стил и планови.

Од NLB Lease&Go посочуваат дека постапката е едноставна и брза, а достапни се различни можности за финансирање.

Повеќе информации за понудата и условите се достапни на официјалната веб-страница на NLB Lease&Go.

Продолжи со читање

Бизнис

Во Скопје денеска конференција посветена на новата генерација Еврокодови

Објавено

на

Во Стопанската комора денеска ќе се одржи Националната конференција за Еврокодови 2.0, под наслов „Од стандардизација до национална имплементација“.

Настанот ќе биде посветен на активностите и следните чекори за воведување на втората генерација европски стандарди за проектирање и градба во земјава.

Како дел од конференцијата е предвидено и потпишување Национална иницијатива за имплементација на Еврокодовите 2.0 за периодот 2027–2030 година.

Потписници на иницијативата ќе бидат претставници на Министерството за транспорт, Министерството за економија и труд, Институтот за стандардизација, Градежниот факултет – Скопје, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, како и Здружението за градежништво при Стопанската комора.

Конференцијата треба да придонесе кон координиран пристап меѓу институциите, стручната јавност и градежниот сектор во процесот на примената на новата генерација европски стандарди.

Продолжи со читање

Бизнис

Успешно заврши јубилејната 25. Годишна конференција на Македонска берза

Објавено

на

Вчера заврши јубилејната 25. Годишна конференција на Македонска берза, која во текот на два конференциски дена обедини повеќе од 250 учесници од финансискиот сектор.

На настанот учествуваа 27 говорници и панелисти од шест држави, а програмата опфати осум специјални презентации, три дискусии и дебати, како и две интервјуа на бина.

Во фокусот беа актуелни теми поврзани со развојот на пазарите на капитал, финансирањето на растот и развојот на компаниите, алтернативните извори на финансирање, банкарството, инвестирањето, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и новите финансиски технологии.

Годишната конференција на Македонска берза веќе 25 години претставува една од позначајните платформи за размена на знаења, искуства и идеи, како и за поврзување на претставници од финансискиот сектор во земјава и регионот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange