Совети
Враќање на работа без стрес: Како да го вратите фокусот по празниците
Неколку дена одмор знаат да направат вистинско чудо. Доволно за да забавиме, да се одмориме и барем накратко да заборавиме на рокови, мејлови и состаноци. Но, штом ќе се навикнеме на тој ритам, празниците завршуваат и следи враќање во секојдневието, често побрзо отколку што би сакале.
Сепак, овој премин не мора да биде нагол.
Начинот на кој се враќаме на работа често го одредува остатокот од неделата, па дури и целиот месец. Најчестата грешка на првиот работен ден е обидот веднаш да се надомести сè што е пропуштено. Преполно сандаче и чувството дека сме „излегле од ритам“ лесно нè туркаат во претерување. Но токму тогаш е најважно да застанеме и да одредиме што навистина е приоритет. Не секој мејл е итен, ниту секоја задача бара реакција истиот ден. Кратко планирање може да заштеди часови хаотична работа.
Празниците имаат уште една важна улога, го ресетираат фокусот. По пауза, полесно препознаваме што ни е навистина важно, а што сме правеле по навика. Тоа е добра можност да не се вратиме на старите модели без промена, туку да воведеме барем мали подобрувања. За некого тоа значи поставување појасни граници во комуникацијата, за друг, воведување кратки паузи или подобра распределба на обврските во текот на денот.
Важно е и да си дадеме време повторно да „фатиме ритам“. Никој не се враќа од одмор со полна брзина, и тоа е сосема нормално. Наместо првиот ден да биде преполн со состаноци и рокови, покорисно е да се искористи за организација, преглед на обврските и поставување реални очекувања.
На крајот, можеби најдобро е празниците да не ги гледаме како прекин, туку како дел од работниот процес. Токму тој краток одмор ни помага да се вратиме посмирени, пофокусирани и со повеќе енергија. А ако успееме барем дел од тој мирен ритам да го задржиме и потоа, тогаш од паузата сме извлекле повеќе од само убави спомени.
Бизнис
Совети за инвестирање во фондови за почетници: Како да ја зголемите вредноста на вашите средства?
Идејата да се инвестира дел од личната заштеда навидум може да делува застрашувачки, но тоа е важен чекор кон создавањето на сопствен капитал и стабилна финансиска независност. Притоа, воопшто не е тешко да се започне, доколку имате конкретен план, соодветна поддршка и инвестициски експерт на ваша страна.
Пред да направите било што важно е да одлучите колку пари би сакале да инвестирате и да се осигурате дека тие нема да ви требаат во следниот период додека трае процесот на инвестирање. Во зависност од тоа дали одбраната сума е повисока или пониска, ќе одберете инвестиција која вам ви одговара и која е соодветна на вашиот буџет.
Откако ќе знаете колку сакате да инвестирате, следното прашање е: Каде? Можете да се обидете самите да се едуцирате за моменталниот пазар, за потенцијалните индустрии и компании во кои можете да инвестирате – но доколку не се чувствувате подготвени и не сакате да ја ставите заштедата под голем ризик, тогаш можеби е подобро да побарате помош. Доколку ви е потребен професионален совет за вашата инвестиција, кој е базиран на знаење и на доверба, тогаш добро е да се консултирате со ВФП Фонд Менаџмент кои имаат тим на врвни аналитичари и овластени инвестициски советници подготвени да ви помогнат во секое време. Со нивното десетгодишно искуство на македонскиот пазар и деталното познавање на финансиските производи и фактори, инвестициските експерти од ВФП Фонд Менаџмент можат да ви дадат совет или пак да ве упатат кон правилната одлука за вашата иднина.
До пред неколку години можеби луѓето не беа доволно информирани за опциите кои ги отвораат инвестициските фондови, па често се поставуваше прашањето каде завршуваат парите на оној кој инвестира? ВФП Фонд Менаџмент работат доверливо и транспарентно, за што се доказ и илјадниците задоволни клиенти низ изминатава деценија.
Откако ќе се собере одредена сума на пари, фондовите со тие пари почнуваат да купуваат најразлични хартии од вредност зависно од преференциите на клиентот. За инвеститори со долгорочен фокус – ВФП Премиум акции е фонд со потенцијал за раст. Доколку на сигурноста и давате предност тука е Фондот ВФП Бонд кој е првенствено наменет за инвеститори што не сакаат своите средства да ги изложат на висок ризик и кои на среден рок сакаат да остварат атрактивен принос на своите средства.
Задачата на инвестицискиот агент е да ви ги понуди и објасни сите расположливи опции. За најголема успешност, но и за контрола над ризикот на инвестицијата, секогаш е препорачливо да го диверзифицирате вашето портфолио. Бидете мудри со своите пари, бидејќи тоа ќе ви даде силна шанса да ја удвоите или умножите вашата инвестиција.
Последно, но не и помалку важно, е да ја визуелизирате целта која сакате да ја постигнете. Сите успешни инвеститори си поставуваат цели за кои ќе инвестираат и прават прецизен план за секоја цел колку ќе инвестираат месечно, а потоа инвестираат во соодветниот инвестициски фонд според тој план без големи отстапки.
Совети
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
Управата за јавни приходи подготви видео упатство за пристап до е-даночните услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата, со цел граѓаните полесно и побрзо да ги користат електронските услуги.
Во видеото, чекор по чекор е објаснето како корисниците да пристапат до системот за е-даночни услуги, како да ја проверат својата годишна даночна пријава, како да направат корекција доколку е потребно, како и како навремено да ја потврдат ДЛД-ГДП пријавата.
Од УЈП потсетуваат дека рокот за потврда или корекција на пријавата е до 31 мај 2026 година.
Надлежните апелираат граѓаните навремено да ја проверат состојбата на своите пријави и доколку има потреба да извршат корекција пред истекот на рокот.
Продукти
КБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, познато како Трет пензиски столб, овозможува дополнително пензиско осигурување засновано на капитализација на уплатените средства, со цел обезбедување повисоки приходи по пензионирањето.
Овој модел на осигурување функционира независно од државниот пензиски систем и е наменет за вработени лица, долгорочно невработени, лица ангажирани на проекти или во странски мисии, како и за лица кои немаат приходи по ниедна основа. Во системот можат да се вклучат и трети лица, како брачни другари и членови на семејството.
Според условите, право на членство имаат сите лица на возраст од 15 до 70 години кои немаат остварено право на пензија согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување и не користат средства од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување.
Доброволното пензиско осигурување овозможува и колективно осигурување преку професионални пензиски шеми, во кои работодавците уплатуваат дополнителни средства за пензиско осигурување за сите или дел од своите вработени.
Системот се темели на акумулација и капитализација на средствата на индивидуалните или професионалните сметки, при што средствата се инвестираат преку доброволните пензиски фондови. Висината на идните пензиски надоместоци зависи од износот и периодот на уплата, приносот од инвестициите и наплатените надоместоци.
-
Кариерапред 2 месециНародна банка бара аналитичари: плата до 83 илјади денари и двегодишен договор
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник



