Connect with us

Банки

Базелскиот комитет предупредува: Финансиските ризици стануваат сè поповрзани

Објавено

на

Ризиците во глобалниот финансиски систем стануваат сè поповрзани, додека меѓународната соработка меѓу банкарските супервизори слабее, предупреди претседателот на Базелскиот комитет за банкарска супервизија, Ерик Тедеен.

Говорејќи на Меѓународната конференција на банкарски супервизори во Бали, Тедеен посочи дека фрагментацијата на глобалната супервизија може да го отежне навременото препознавање и управување со ризиците кои лесно се пренесуваат од една земја и финансиски пазар на друг.

Според него, послабата меѓународна координација може да создаде и поголем простор за таканаречена регулаторна арбитража, односно финансиските институции да ги насочуваат активностите кон пазари каде што правилата и надзорот се поблаги.

Посебен предизвик претставуваат новите технологии, вклучително и вештачката интелигенција, кои можат да создадат нови видови ризици и да ја зголемат меѓусебната поврзаност на финансиските институции.

Базелскиот комитет истовремено продолжува да инсистира на целосна примена на реформите познати како Базел III, воведени по глобалната финансиска криза со цел банките да располагаат со поголем капитал и подобра заштита од идни финансиски шокови.

Пораката до банкарскиот сектор е дека во услови на геополитички тензии, технолошки промени и сè поголема поврзаност на финансиските пазари, националниот надзор сам по себе не е доволен и дека прекуграничната соработка останува клучна за финансиската стабилност.

Банки

Септемвриските пензии преку Халкбанк се достапни на сметките на пензионерите!

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје информира дека од 29 септември 2026 година, пензиите се достапни на сметките на пензионерите кои својата пензија ја примаат преку банката.

Средствата пензионерите можат да ги користат во сите филијали на Халкбанк, преку банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство.

Пензионерите кои претходно дале согласност, пензијата можат да ја подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Од Халкбанк посочуваат дека пензионерите имаат повеќе можности за пристап до своите средства, зависно од начинот на користење на банкарските услуги.

„Важни се луѓето!“, порачуваат од Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА Банка Белград го зголеми уделот во АЛТА банка Битола на 95,266%

Објавено

на

АЛТА БАНКА АД Белград дополнително ја зацврсти својата сопственичка позиција во АЛТА банка АД Битола, откако се стекна со уште 60 обични акции од македонската банка.

По последната трансакција, белградската банка располага со вкупно 372.468 обични акции, односно со 95,266 отсто од вкупниот број издадени обични акции на АЛТА банка АД Битола.

Известувањето е објавено согласно Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, кои предвидуваат објавување на промени кај акционери со значителни удели.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 1 октомври

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје информира дека исплатата на септемвриските пензии ќе започне од четврток, 1 октомври.

Пензионерите кои користат дебитна картичка ќе можат да располагаат со својата пензија истиот ден. Од банката препорачуваат средствата да се користат безбедно и удобно, преку безготовинско плаќање во продавници или онлајн, како и преку подигнување готовина од банкомат.

За пензионерите кои сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 1 октомври и во секој работен ден после тоа.

Од Комерцијална банка посочуваат дека мапата со локациите на филијалите и експозитурите е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange