Connect with us
no baners

Анализи

УЈП извршила 454 контроли, неправилности утврдени кај 147 субјекти

Објавено

на

Управата за јавни приходи во периодот од 1 до 28 јули извршила 454 контроли за фискализација низ државата. Кај 307 субјекти не биле утврдени неправилности, додека на 147 им биле изречени санкции.

Кај 18 субјекти била изречена мерка за привремена забрана за вршење дејност, односно запечатување на објектите. Најголем дел од контролите биле спроведени во угостителски објекти – 284, а УЈП во овој период примила и 87 пријави од граѓани.

Анализи

Доларот стабилен, инвеститорите ги очекуваат податоците за вработеноста во САД

Објавено

на

Американскиот долар во средата се тргуваше претежно стабилно, со благо негативно движење, додека инвеститорите ги следат геополитичките случувања и ги очекуваат клучните податоци за американскиот пазар на труд.

Индексот на доларот остана речиси непроменет на ниво од 99,8 поени, откако во понеделникот се спушти на најниската вредност во последните шест недели.

Врз американската валута влијаеја пониските цени на нафтата и зголемениот оптимизам за напредок во разговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација имала „многу добри разговори“ со Иран, што ја намали побарувачката за доларот како традиционално безбедно засолниште.

Падот на цените на нафтата, кои повторно се приближија до нивото од 80 долари за барел, ги намали и очекувањата дека Федералните резерви ќе ги зголемат каматните стапки во септември. Веројатноста за таков потег се намали на нешто под 60 проценти, во споредба со околу 70 проценти на почетокот на неделата.

Вниманието на инвеститорите сега е насочено кон месечниот извештај за вработеноста во САД, кој треба да биде објавен во петок и да даде појасна слика за состојбата на пазарот на труд и идната монетарна политика на Федералните резерви.

Во текот на средата се очекува и објавувањето на извештајот на АДП за бројот на нови работни места во приватниот сектор во јули.

Федералните резерви на минатонеделниот состанок ги задржаа каматните стапки непроменети, но несогласувањето на тројца членови на Федералниот комитет за отворен пазар беше протолкувано како сигнал за построг пристап кон монетарната политика.

Продолжи со читање

Анализи

Европа ги продлабочува речните корита поради екстремната суша, загрозени енергетиката и економијата

Објавено

на

Екстремната суша и рекордно ниските водостои на Рајна и Дунав предизвикуваат сериозни проблеми во производството на електрична енергија, товарниот транспорт и индустријата низ Европа, принудувајќи ги властите да преземат и невообичаени мерки, меѓу кои контролирани експлозии на речните корита.

Во Романија, морнаричките сили извршија подводни детонации во коритото на Дунав кај селото Извоареле, со цел да се продлабочи каналот и да се насочи поголемо количество вода кон системите за ладење на нуклеарната централа Чернавода. Поради недостигот од вода, земјата претходно го исклучи единствениот активен реактор што се лади со вода од Дунав.

Ниското ниво на реката го загрозува и работењето на унгарската нуклеарна централа „Пакш“, која обезбедува околу 40 проценти од електричната енергија во земјата, додека Србија веќе беше принудена да го намали производството во хидроцентралите.

Сериозна е состојбата и на Рајна, една од најважните трговски артерии во Европа. Кај германскиот град Кауб, клучна точка за пловидба кон јужна Германија и Швајцарија, водостојот падна на само 24 сантиметри, што е најниско ниво од почетокот на мерењата во 1880 година.

Критичниот праг за нормална пловидба изнесува 78 сантиметри. Под ова ниво бродовите можат да превезуваат значително помал товар, а трошоците за транспорт и дополнителните давачки поради нискиот водостој нагло се зголемуваат.

Експертите предупредуваат дека последиците не се ограничени само на речниот сообраќај. Рајна и Дунав се неопходни за индустријата, трговијата, производството на електрична енергија и ладењето на нуклеарните централи.

Според проценките на Килскиот институт за светска економија, нискиот водостој на Рајна би можел да го намали германскиот економски раст за околу 0,2 процентни поени во третиот квартал. Загубата во создадената вредност се проценува меѓу една и две милијарди евра.

Компаниите се обидуваат да се приспособат со создавање поголеми резерви и пренасочување на товарот кон железничкиот и патниот сообраќај. Сепак, транспортните цени нагло растат, што дополнително ги засилува стравувањата од инфлација.

Сушата веќе го отежна извозот на земјоделски производи по Дунав, а дел од туристичките бродови не можат да пристигнат до пристаништата, меѓу кои и Будимпешта. Експертите предупредуваат дека продолжената суша може дополнително да ги наруши синџирите на снабдување, енергетската сигурност и економскиот раст во Европа.

Извор: CNBC

Продолжи со читање

Анализи

МФ: Буџетските приходи зголемени за 9,3 отсто, капиталните расходи со раст од речиси 40 проценти

Објавено

на

Буџетските приходи во првите седум месеци од 2026 година се реализираат согласно планираната динамика и бележат раст во однос на истиот период лани, соопшти Министерството за финансии.

Заклучно со 31 јули, вкупните приходи достигнале 204,553 милијарди денари, што претставува 53,9 отсто од годишниот план и зголемување од 9,3 отсто во споредба со првите седум месеци од 2025 година.

Од даноци се собрани 117,963 милијарди денари, односно 55,33 отсто од планираното, при што даночните приходи се повисоки за 10 отсто на годишно ниво.

Највисока реализација е забележана кај данокот на добивка, од кој во Буџетот се слеале 16,687 милијарди денари или 62,8 отсто од планот. Овие приходи се зголемени за 20,6 отсто во однос на истиот период минатата година.

Приходите од ДДВ изнесуваат 53,026 милијарди денари, што е 56,78 отсто од планираното и раст од 13,4 отсто. Од данокот на личен доход се собрани 20,925 милијарди денари, односно 53,93 отсто од планот, со годишно зголемување од 11,9 отсто.

Увозните давачки достигнале 9,361 милијарди денари, што претставува реализација од 56,4 отсто и раст од 10,3 отсто. Во истиот период кон компаниите бил извршен поврат на ДДВ во износ од 23,333 милијарди денари, за 3,5 отсто повеќе од лани.

Од Министерството оценуваат дека овие податоци укажуваат на стабилност и раст на економијата, посочувајќи го и зголемувањето на индустриското производство од 6,5 отсто во јуни во споредба со истиот месец во 2025 година.

На расходната страна, за капитални инвестиции биле реализирани 21,288 милијарди денари, што е за 39,6 отсто повеќе во однос на првите седум месеци од минатата година. Дополнително, кон Развојната банка биле префрлени 717 милиони денари за поддршка на проекти на домашните компании.

Во периодот јануари – јули биле исплатени и 49,351 милијарда денари стари обврски кон странскиот пазар, како и 11,665 милијарди денари кон домашните кредитори. За обврзници по основ на денационализација биле исплатени уште 308 милиони денари.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange