Connect with us

Банки

Тимот на Комерцијална банка подготвен за штафетниот предизвик од 42 километри

Објавено

на

Тимскиот дух се гради пред трката, а се докажува на патеката. Со оваа порака, Комерцијална банка АД Скопје го претстави својот штафетен тим кој на 4 октомври ќе се соочи со предизвикот да истрча вкупно 42 километри.

Тимот го сочинуваат Искра, Горан, Јована и Мартин, кои велат дека за успешна штафета не се доволни само физичката подготовка и брзината, туку и добра стратегија, меѓусебна поддршка и силен тимски дух.

„Кога се трча штафета, најважно е секој успешно да го заврши својот дел. За нас, успехот не се мери само во секунди и километри, туку во тоа сите да стигнеме на целта здрави, насмеани и задоволни од заедничкиот резултат“, велат членовите на тимот.

Според нив, поддршката започнува многу пред стартната линија, преку заедничките подготовки, мотивацијата и размената на совети.

„На самата трка секој е сам на својата делница. Затоа, најголемата поддршка ја градиме деновите претходно. А на денот на трката доволни се насмевките и аплаузот во моментите на размена на штафетата“, посочуваат тие.

За тимот на Комерцијална банка, штафетата претставува многу повеќе од спортски предизвик – таа значи заедничко планирање, споделување искуства и подготовка за секој следен предизвик.

Од Банката истакнуваат дека нивните колеги уште еднаш покажуваат дека зад секој успех стојат посветеност, добра подготовка и тим кој секогаш е тука еден за друг.

Банки

НЛБ Банка ја исплати паричната помош за август од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за август 2026 година.

Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време.

Од Банката потсетуваат дека клиентите имаат можност средствата да ги користат и безготовински, односно за плаќање во продажната мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со „Zipp-тември“: Попусти до 40 отсто, двојни поени и награди за членовите на Zipp Club

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во текот на септември организира „Zipp-тември“, месец исполнет со дополнителни поволности, попусти, награди и забавни активности за членовите на Zipp Club.

Во рамки на промотивните активности, членовите на Zipp Club можат да користат дополнителни попусти до 40 отсто кај дел од Zipp партнерите.

За корисниците кои плаќаат со Zipp картичката е предвидена и можност преку BonusBox да собираат двојно повеќе поени, кои потоа можат да ги користат за дополнителни поволности и изненадувања.

Од Комерцијална банка најавуваат и цел месец дружења со изненадувања и подароци, како и доделување на наградите од Zipp наградната игра.

Како финале на „Zipp-тември“ е најавен и голем Zipp пикник.

Од Банката посочуваат дека повеќе детали за активностите и поволностите се достапни на веб-страницата kb.mk и на Instagram профилот на Zipp Club, а младите кои сè уште не се членови се повикуваат да се приклучат на клубот.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ од излегувањето на берза исплати над една милијарда евра дивиденди

Објавено

на

Нова Љубљанска банка (NLB) од излегувањето на берза во ноември 2018 година до денес исплатила вкупно 1,0604 милијарди евра дивиденди, објави Петер Јенчич, заменик-раководител за односи со инвеститори во NLB d.d.

Според податоците што ги објави Јенчич, од јуни 2019 до јуни 2026 година НЛБ исплатила вкупно 53,02 евра бруто дивиденда по акција. За споредба, една акција при иницијалната јавна понуда во 2018 година чинела 51,50 евра.

Тоа значи дека инвеститор кој купил една акција при излегувањето на НЛБ на берза и ја задржал до денес, само преку бруто дивиденди веќе примил повеќе средства од првичната инвестиција, додека акцијата и натаму останува во негова сопственост.

Значителен дел од дивидендите ѝ припаднале и на Република Словенија, која по делумната приватизација останала најголем поединечен акционер во банката. Според пресметките, Словенија од излегувањето на НЛБ на берза до денес примила 279,36 милиони евра дивиденди.

Во 2026 година НЛБ веќе ја исплатила првата транша од дивидендата во износ од 138,4 милиони евра, односно 6,92 евра бруто по акција.

Втора транша во ист износ се очекува да им биде предложена на акционерите на собрание кон крајот на годината, доколку во меѓувреме нема позначајни активности поврзани со спојувања и преземања.

Ако биде одобрена и втората транша, вкупната дивиденда за 2026 година би достигнала 276,8 милиони евра, што одговара на 55 отсто од нето-добивката на НЛБ за 2025 година. Банката минатата година остварила добивка по оданочување од 503,1 милион евра.

Истовремено расте и бројот на мали акционери. Во првите осум месеци од годинава се регистрирани 2.560 нови акционери, што претставува раст од 43 отсто.

Според проценките, словенечките мали инвеститори поседуваат околу 7,6 отсто од капиталот на НЛБ, институционалните инвеститори од Словенија нешто повеќе од три отсто, додека државата располага со 25 отсто плус една акција.

Извор: Bankar.me

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange