Банки
Комерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули
Комерцијална банка АД Скопје информира дека исплатата на пензиите ќе започне во среда, 1 јули 2026 година.
Пензионерите кои користат дебитна картичка ќе можат да располагаат со својата пензија истиот ден. Од банката препорачуваат средствата да се користат безбедно и удобно, преку безготовинско плаќање во продавници или онлајн, како и преку подигнување готовина од банкомат.
За пензионерите кои сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 1 јули и во секој нареден работен ден.
Од Комерцијална банка посочуваат дека мапата со локациите на филијалите и експозитурите е достапна на нивната веб-страница.
Банки
Комерцијална банка со свој тим на Скопскиот маратон
Комерцијална банка АД Скопје и годинава е горд спонзор на Скопскиот маратон, а на патеката ќе настапи и со свој штафетен тим составен од вработени во Банката.
Во пресрет на маратонот, кој ќе се одржи на 4 октомври, Комерцијална банка започнува серијал објави преку кои ќе ги претстави своите тркачи и тимскиот дух што стои зад нивниот настап.

Први претставени членови на тимот се Бојан, Ања, Филип и Бранислава, кои заедно ќе настапат како дел од штафетата на Комерцијална банка.
Од Банката велат дека штафетата за нив претставува многу повеќе од спортски предизвик и дека во неа се препознаваат вредностите на доверба, поддршка, заедништво и заедничка цел.
„Некој го диктира темпото и брка рекорди, друг ја носи позитивната енергија од првиот до последниот километар, а сите заедно сме најсилната мотивација“, порачуваат од тимот.
Посебен акцент се става и на меѓусебната поддршка на патеката, каде што, како што велат, никој не трча сам.

„Охрабрување, насмевка, добра енергија и тимски дух. На патеката никој не трча сам. Трчаме со исто срце“, порачуваат од Комерцијална банка.
Од Банката велат дека се горди на своите колеги кои покажуваат силна енергија и тимски дух и надвор од работното место, а мотото со кое ќе настапат е „Полесно е заедно“.
Штафетниот тим на Комерцијална банка ќе биде дел од Скопскиот маратон на 4 октомври.
Банки
До 2,6 милиони денари онлајн потрошувачки кредит преку OneID од Комерцијална банка
Комерцијална банка АД Скопје го промовира онлајн потрошувачкиот кредит преку OneID, достапен во износ до 2.600.000 денари.
Клиентите можат да аплицираат целосно онлајн, од кое било место, со неколку клика, а одговорот за апликацијата се добива веднаш. По одобрувањето, средствата се префрлаат директно на сметката.
За аплицирање, одобрување и меница нема дополнителни трошоци.

Кредитот е со фиксна каматна стапка во првите три години и е наменет за корисници кои сакаат брз и едноставен пристап до финансиски средства без посета на филијала.
Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка.
Банки
Банките во Косово со повисока добивка, за седум месеци заработиле 113,8 милиони евра
Банките во Косово оствариле нето-добивка од 113,8 милиони евра во првите седум месеци од 2026 година, покажуваат податоците на Централната банка на Косово.
Во истиот период минатата година, нето-добивката на банкарскиот сектор изнесувала 103,9 милиони евра, што значи дека годинава е зголемена за 9,9 милиони евра. Податоците за јули се дел од најновите статистики на Централната банка на Косово.
Според објавените информации, банкарскиот сектор во Косово на тој начин продолжува да бележи раст на профитабилноста во споредба со минатата година.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
-
Банкипред 2 месециЈунските пензии достапни за пензионерите корисници на Халкбанк
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка бара агент за грижа на корисници
-
Кариерапред 1 месецСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Продуктипред 1 месецНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година





