Connect with us

Банки

Капитал Банка нуди кредит до 250.000 евра за инвестиции во енергетска ефикасност

Објавено

на

Енергетската ефикасност сè повеќе станува составен дел од современото и одговорно деловно управување, а инвестициите во зелени технологии се препознаваат како клучен фактор за намалување на оперативните трошоци и обезбедување долгорочна стабилност на компаниите.

Во таа насока, Капитал Банка АД Скопје нуди долгорочен инвестициски кредит наменет за поддршка на зелената транзиција на бизнисите. Кредитот е достапен за правни лица во износ до 250.000 евра и е наменет за реализација на одржливи инвестиции кои придонесуваат за поголема енергетска ефикасност и енергетска независност.

Финансискиот производ се одликува со фиксна каматна стапка од 1,95 проценти, рок на отплата до 120 месеци и грејс период до 12 месеци, без дополнителни трошоци. Од банката посочуваат дека ваквата финансиска рамка има за цел да им овозможи на компаниите полесно да инвестираат во модерни и еколошки решенија.

Со ваквите инвестиции, бизнисите можат да ги намалат трошоците за енергија, да ја зголемат својата конкурентност и да се позиционираат како одговорни и иновативни учесници на пазарот.

За повеќе информации и закажување состанок со бизнис претставници, заинтересираните компании можат да се јават на телефонскиот број 02/3102-500 или да посетат некоја од експозитурите на Капитал Банка.

Банки

Народната банка одбележува 34 години монетарна самостојност и 80 години централнобанкарскo работење

Објавено

на

По повод 34 години од монетарното осамостојување, Народната банка го истакнува значењето на независниот монетарен систем како еден од носечките столбови на економската стабилност и развојот на државата.

На 26 април 1992 година беше воведена националната валута – денарот, со што беа поставени темелите на монетарната независност на државата. Во изминатите три и пол децении, монетарната политика се соочи со бројни предизвици, вклучувајќи хиперинфлација во раните деведесетти години, макроекономска нестабилност, ниско ниво на девизни резерви и структурни слабости на економијата. Со внимателно осмислени политики и одлучни мерки, Народната банка изгради стабилен и отпорен монетарен систем.

Важен чекор во зацврстувањето на стабилноста беше воведувањето на стратегијата на стабилен девизен курс во 1995 година, а од 2002 година – врзувањето на денарот за еврото. Оваа стратегија и натаму е главното сидро на стабилноста и довербата во домашната валута и економијата во целина.

Стабилноста на денарот беше успешно зачувана и во услови на светски кризи, вклучително и пандемијата на ковид-19, енергетската криза и геополитичките тензии. Преку соодветни инструменти и политики, Народната банка обезбеди стабилно ниво на девизните резерви и придонесе за одржување стабилен и отпорен банкарски систем, којшто постојано обезбедува поддршка за економијата.

Овој значаен јубилеј се одбележува во годината кога Народната банка слави и 80 години централнобанкарско работење во земјава. Двојниот јубилеј претставува потврда за континуитетот, институционалната зрелост и посветеноста кон стабилноста и развојот на финансискиот систем.

Во изминатите триесет и четири години, институцијата постојано ги зајакнува своите капацитети и инвестира во човечкиот потенцијал, којшто е препознаен и на меѓународно ниво. Денес, Народната банка е модерна, независна и кредибилна институција, којашто е подготвена да се справи со новите предизвици.

Во фокусот и натаму е одржувањето на ценовната стабилност и на финансиската стабилност, поддршката на евроинтегративниот процес и осовременувањето и дигитализацијата на финансиите, како приоритети што ќе придонесат за натамошно јакнење на економијата и подобрување на животниот стандард.

Народната банка и во иднина ќе биде целосно посветена на својата основна мисија – стабилен денар и сигурен финансиски систем, како предуслов за одржлив економски развој.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА Банка дел од јубилејот од 65 години постоење на РК Вардар

Објавено

на

Со свечен настан вчера беше одбележан јубилејот од 65 години постоење на РК Вардар, еден од најтрофејните ракометни клубови во земјава.

На настанот беа евоцирани спомени за богатата историја на клубот, исполнета со бројни успеси и трофеи, но воедно беше истакната и силната мотивација за нови победи во иднина.

АЛТА Банка, како еден од поддржувачите на клубот, ја нагласи својата гордост што е дел од приказната на Вардар, клуб кој, како што беше посочено, се гради врз страст, посветеност и шампионски дух.

Ракометниот гигант од Скопје го одбележа својот 65-ти роденден со оптимизам и верба во нови успеси на домашната и меѓународната сцена.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка поблиску до младите: активно учество на кариерни настани низ земјава

Објавено

на

Во текот на овој месец, НЛБ Банка беше дел од повеќе кариерни иницијативи и настани, насочени кон поврзување со младите и нивните професионални амбиции. Преку директна комуникација со студентите, банката имаше можност да ги слушне нивните идеи, визии и очекувања за иднината.

Активностите се реализираа на неколку високообразовни институции, меѓу кои Интернационалниот Балкански Универзитет, Универзитетот Американ Колеџ Скопје, York Europe Campus – CITY, како и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Од НЛБ Банка посочуваат дека ваквите средби не се само формални настани, туку простор за инспирација, размена на идеи и градење взаемна доверба. Преку нив, студентите се запознаваат со можностите што ги нуди банката – од практикантство и менторство, до развој на кариера во динамична и мотивирачка работна средина.

Воедно, од банката нагласуваат дека и тие учат од младите – од нивната енергија, љубопитност и подготвеност да размислуваат поинаку.

Овие активности, како што велат, ја потврдуваат важноста од раното поврзување на академското знаење со практичната примена, како клучен чекор во градењето успешни професионални приказни.

НЛБ Банка најавува дека ќе продолжи со инвестиции во младите и нивна поддршка, со цел создавање цврста основа за идните генерации професионалци.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange