Connect with us

Банки

ЕЦБ сè уште чека со одлуката за зголемување на каматните стапки

Објавено

на

Европска централна банка (ЕЦБ) сè уште нема донесено одлука за можно зголемување на каматните стапки, бидејќи економското влијание од војната во Иран и натаму е неизвесно, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард за агенцијата Bloomberg.

Инвеститорите шпекулираат за можно зголемување на каматните стапки од страна на ЕЦБ уште овој месец, во обид да се ограничи новиот бран инфлација поттикнат од затворањето на стратешкиот Ормускиот теснец, клучен за транспорт на енергенси.

„Тоа не значи дека ќе одиме во еден или во друг правец и секако не ја одредува траекторијата на каматните стапки“, изјави Кристин Лагард во врска со ситуацијата во Иран, пренесува Данас, повикувајќи се на агенцијата Бета.

Централната банка на еврозоната ќе го одржи следниот состанок на 30 април.

Според основните проекции што ЕЦБ ги објави во март, влијанието од војната во Иран би требало да биде краткотрајно.

Сепак, ЕЦБ ја разгледува и можноста за најлошо сценарио, со значително повисок раст на цените на енергијата, зголемена неизвесност и меѓународни последици, како и сериозно сценарио во кое инфлацијата достигнува 4,8 проценти следната година.

Според Кристин Лагард, економијата во моментов се наоѓа „меѓу основното и најлошото сценарио“.

Банки

НЛБ Банка со 10 проценти кешбек за билети купени преку Kupikarta

Објавено

на

Корисниците на НЛБ haPPy картичката ќе добијат 10 проценти кешбек при купување билети за концерти и други настани преку платформата kupikarta.com.

Промотивната понуда важи за сите билети купени во периодот од 21 до 26 јули со НЛБ haPPy картичка.

Од НЛБ Банка информираат дека целта на кампањата е на корисниците да им овозможи дополнителна поволност при купувањето билети за настапите на нивните омилени изведувачи и да придонесе за создавање незаборавни летни спомени исполнети со музика и добра атмосфера.

Повеќе информации за Mastercard haPPy кредитната картичка се достапни на интернет-страницата на НЛБ Банка.

Продолжи со читање

Банки

РБИ го надмина минималниот праг во понудата за преземање на Addiko Bank

Објавено

на

Raiffeisen Bank International, односно РБИ, соопшти дека заклучно со 20 јули добила изјави за прифаќање на понудата за преземање што се однесуваат на вкупно 10.703.509 акции на Addiko Bank.

Ова претставува 55,50 отсто од сите акции опфатени со понудата, со што моментално е надминат минималниот праг на прифаќање од повеќе од 55 отсто.

Во бројката се вклучени и 1.878.167 акции во сопственост на Alta Group, кои претставуваат 9,63 отсто од вкупниот број издадени акции на Addiko Bank.

Акционерите што ја прифатиле понудата пред подобрувањето на конкурентската понуда, објавено на 17 јули, имаат право да се повлечат до 23 јули во 17 часот. Сепак, до 20 јули во 9:30 часот не била примена ниту една изјава за повлекување.

Рокот за прифаќање на доброволната јавна понуда на РБИ завршува на 29 јули 2026 година во 17 часот.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк ја стартува иницијативата „Cashless Bitola“ за дигитализација на локалните бизниси

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја започнува иницијативата „Cashless Bitola“, наменета за поддршка на дигитализацијата на микро, малите и средните компании во Битола.

Преку оваа понуда, локалните трговци ќе можат да прифаќаат плаќања со картички преку услугата Mobi POS, со која мобилниот телефон се претвора во ПОС-терминал, без потреба од дополнителен уред и сложени процедури.

Компаниите што ќе се пријават нема да плаќаат месечен надомест ниту провизија по трансакција во првите три месеци од инсталацијата. Дополнително, тие ќе добијат Visa Business Debit Card без годишна членарина во период од 12 месеци.

Понудата е ограничена на најмногу 50 трговци и ќе се реализира по принципот „прв пријавен, прв услужен“. Пријавувањето трае до 31 август 2026 година или до пополнување на слободните места, во филијалата на Халкбанк во Битола.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange