Банки
Европската централна банка ги зголеми сите три клучни каматни стапки
Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука за зголемување на сите три клучни каматни стапки за 25 базични поени, што претставува прво покачување од 2023 година наваму.
Согласно одлуката, каматната стапка на депозитниот инструмент ќе изнесува 2,25 отсто, стапката за главните операции за рефинансирање 2,40 отсто, а каматната стапка на маргиналниот кредитен инструмент 2,65 отсто. Новите стапки ќе стапат во сила на 17 јуни.
Од ЕЦБ соопштија дека војната на Блискиот Исток создава дополнителни инфлациски притисоци и дека одлуката за зголемување на каматите е дел од сценаријата со кои се проценува влијанието на енергетските шокови врз економијата на еврозоната.
Според новите проекции на експертите на ЕЦБ, вкупната инфлација во еврозоната во просек ќе достигне три проценти во 2026 година, 2,3 проценти во 2027 година и два проценти во 2028 година. Основната инфлација, без енергија и храна, се очекува да изнесува 2,5 проценти во 2026 и 2027 година и 2,2 проценти во 2028 година.
Во однос на мартовските прогнози, инфлациските очекувања за 2026 и 2027 година се ревидирани нагоре поради повисоките цени на енергијата, кои се очекува да влијаат и врз цените на храната, стоките и услугите.
Истовремено, ЕЦБ ги намали прогнозите за економскиот раст. Според новите процени, економијата на еврозоната ќе порасне за 0,8 проценти во 2026 година, 1,2 проценти во 2027 година и 1,5 проценти во 2028 година. Намалените прогнози се резултат на посилното влијание на конфликтот врз пазарите на суровини, реалните приходи и довербата на потрошувачите и компаниите.
Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, изјави дека изгледите остануваат неизвесни и дека постојат ризици и за повисока инфлација и за послаб економски раст.
„Не се обврзуваме однапред на одредена патека на каматните стапки“, порача Лагард на прес-конференцијата по седницата на Управниот совет.
Банки
Халкбанк ги промовира онлајн кредитите како брзо решение за летните планови
Халкбанк АД Скопје ја промовира можноста за целосно дигитално аплицирање за кредит преку своето електронско банкарство, насочувајќи ја кампањата кон граѓаните кои планираат летни патувања и други лични проекти.
Под мотото „За патувањето што долго го чекаш, а летово конечно доаѓа на ред“, од банката истакнуваат дека онлајн кредитот овозможува брза и едноставна апликација без посета на експозитура, со што плановите на клиентите можат побрзо да станат реалност.
Според информациите објавени од Халкбанк, кредитот може да се користи за различни лични потреби, а процесот на аплицирање е целосно дигитализиран.
Онлајн кредитот нуди можност за износ до 1,5 милиони денари и рок на отплата до 120 месеци. Од банката посочуваат дека не се наплаќа провизија за обработка на кредитот, ниту за предвремена отплата, а апликацијата е без дополнителни трошоци.
Услугата е достапна преку електронското банкарство на Халкбанк, овозможувајќи им на клиентите брзо и едноставно да поднесат барање за кредит од каде било и во кое било време.
Банки
Нов детски велодром во Кочани за поттикнување на здравите навики кај најмладите
Стопанска банка АД Скопје продолжува со поддршка на проекти насочени кон поттикнување на здрави животни навики кај најмладите. Во рамки на кампањата „#ВозиПравоВозиЗдраво“, банката донираше нов детски велодром во Кочани, кој беше свечено пуштен во употреба и ќе им овозможи на децата безбедно да ги направат своите први велосипедски кругови.

Новиот велодром ќе им овозможи на децата безбедно да ги направат своите први велосипедски кругови и да развиваат здрави животни навики преку спорт и рекреација.
На свеченото отворање присуствуваа градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов, како и главната извршна директорка на Стопанска банка, Хрисула Кутуди, заедно со претставници од менаџментот на банката, тимот од филијалата во Кочани и регионалната мрежа.

Од организаторите упатија благодарност до Општина Кочани за поддршката и соработката во реализацијата на проектот.

Настанот беше дополнително збогатен со мини лотарија за најмладите посетители, која донесе многу радост и насмевки кај децата.
Од Стопанска банка посочуваат дека секоја инвестиција во детството претставува инвестиција во подобра иднина, поради што и понатаму ќе поддржуваат проекти што придонесуваат за развој на здрави навики, рекреација и безбедно растење на најмладите генерации.
Банки
Инстант плаќањата во фокусот: дводневна работилница на Народната банка со платежната заедница
Народната банка во соработка со Светската банка одржаа работилница за банките и другите даватели на платежни услуги и релевантните државни институции во земјава посветена на воведувањето на инстант плаќањата засновани на платформата на клонот на ТИПС. Работилницата е дел од постојаните активности на Народната банка за подготовка на целата платежна заедница во земјава за воспоставување на националниот систем за инстант плаќања и за обезбедување навремена координација на сите учесници во веќе започнатиот процес на приклучување кон регионалната платформа којашто ја развива Банката на Италија за земјите од Западен Балкан.
„Во услови на забрзана дигитализација на финансиските услуги и сѐ поголеми очекувања за брзи, едноставни и лесно достапни плаќања, модернизацијата на платежната инфраструктура во земјава претставува основен предуслов за развивање поефикасен, поконкурентен и поиновативен платежен пазар“, истакна директорката на Дирекцијата за платни системи при Народната банка Биљана Доновска-Гечева.
Воспоставувањето национален систем за инстант плаќања е еден од стратегиските проекти на Народната банка и претставува важен чекор кон понатамошна модернизација на платниот систем во земјава. Проектот е дел од пошироките регионални иницијативи за унапредување на платежната инфраструктура и за нејзино постепено усогласување со европските стандарди и практики. Со неговото остварување ќе се создадат услови за развивање нови дигитални платежни услуги и за понатамошно унапредување на условите за користење за граѓаните, компаниите и за институциите.
Во рамките на работилницата беа претставени концептот и функционалностите на платформата на клонот на ТИПС, правилата за учество и приклучување, искуствата од други земји, како и очекуваните активности на давателите на платежни услуги во процесот на спроведување. Посебно внимание им беше посветено на техничката и на оперативната подготвеност на учесниците, во рамките на процесот за приклучување кон платформата на клонот на ТИПС.
Со воведувањето на инстант плаќањата ќе се овозможат побрзи, подостапни и поефикасни плаќања за граѓаните и за компаниите, 24 часа дневно, седум дена во неделата, што ќе придонесе за понатамошна дигитализација на финансиските услуги и за зајакнување на конкурентноста на домашниот платежен пазар.
Работилницата претставуваше можност за размена на искуства и мислења, разгледување на предизвиците и можностите што ги носи овој процес, како и за координација на активностите на сите засегнати страни во пресрет на очекуваното пуштање во употреба на системот.
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 1 месец
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециСилк Роуд Банка: Пензиите за април исплатени, достапни преку експозитурите, банкоматите како и електронското банкарство
-
Кариерапред 2 месециАЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист)
-
Советипред 1 месец
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата


