Connect with us
no baners

Банки

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Објавено

на

Подгответе ги велосипедите, тротинетите, ролерките и другите еколошки превозни средства бидејќи на 2 јуни (недела) од 11 часот по осми пат ќе се одржи најмасовниот ревијален настан на тркала „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД – Скопје. Центарот на Скопје повторно ќе биде преплавен со најразлични видови превозни средства кои не ја загадуваат животната средина и нудат алтернативни опции за превоз низ градските улици, со што се поттикнуваат здрави животни навики и начин на живот. Стартот на трката е од Порта Македонија, а возењето завршува во Градскиот парк со голема забава на отворено.

Регистрацијата за ревијалниот настан „Вози право, вози здраво“ почнува денеска (20 мај). Сите што сакаат да бидат дел од настанот треба бесплатно да се регистрираат на следниот линк , со што ќе добијат стартен број со кој учествуваат во богатата лотарија.

Осмото издание на „Вози право, вози здраво“ се одржува во јубилејната година на Стопанска банка, кога се одбележуваат 80 години од нејзиното основање. Големиот јубилеј е отсликан и во наградите за лотаријата каде што ќе бидат доделени по осум награди од 10 категории: Specialized велосипеди за деца и за возрасни, Specialized заштитни кациги, тротинети, Garmin паметни часовници, ролерки, спортски ранци, хамоци, JBL слушалки и Stanley термоси. Покрај лотаријата, за учесниците ќе има организирана забава со уникатните 5+ фамилија, DJ, забавни и спортски активности, освежување и подароци – пластични шишиња, торби за велосипеди и маички.

Регистрацијата за настанот е отворена до 1 јуни. Стартните броеви може да се подигнуваат од 27 мај до 1 јуни од 10 до 18 часот пред објектот на Стопанска лизинг на улица „Македонија“ бр.16, до спомен куќата на Мајка Тереза. Секој регистриран учесник ќе добие маичка, купони за освежување по ревијалната трка и можност за учество во богатата лотарија.

Минатогодишното издание на „Вози право, вози здраво“ обедини околу 8.000 учесници од сите возрасни категории, при што сите од нив беа победници. Настанот е наменет за забава, дружење и промоција на здравите животни навики и затоа на трката не се мери времето и не се прогласуваат поединечни победници. Најважно е сите учесници да ја пренесат пораката за користење алтернативни начини на превоз со што ќе се намали сообраќајниот метеж низ градските улици и загадувањето на воздухот, а Банката како и претходните години продолжува да донира урбана опрема во поддршка на велосипедизмот за Градот Скопје. 

no baners
no baners

Банки

ЕЦБ: Инфлацијата во еврозоната е 3,8%, каматите ќе зависат од новите економски податоци

Објавено

на

Европската централна банка ќе продолжи внимателно да ја приспособува монетарната политика, без однапред утврдена патека за каматните стапки, порача членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Филип Лејн, на конференцијата за монетарна политика во Франкфурт.

Според Лејн, одлуките за каматните стапки ќе се носат од состанок до состанок и ќе зависат од три главни фактори – изгледите за инфлацијата и ризиците околу неа, движењето на базичната инфлација и силата со која монетарната политика се пренесува врз економијата.

Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата во еврозоната во септември изнесувала 3,8%, при што енергетската инфлација достигнала 18,8%, додека неенергетската инфлација изнесувала 2,3%. За споредба, во четвртиот квартал од 2025 година вкупната инфлација била 2,1%.

Лејн оцени дека токму енергетскиот шок е главниот двигател на растот на инфлацијата оваа година. Истовремено, досега нема јасни сигнали дека поскапувањето на енергијата се претворило во широко распространет и траен инфлациски притисок во останатите сектори.

Сепак, ЕЦБ очекува неенергетската инфлација да порасне од 2,3% во 2026 година на просечни 2,6% во 2027 година, пред повторно да се намали на 2,3% во 2028 година. Како главна причина се наведува одложеното пренесување на повисоките цени на енергијата врз другите сектори.

Дополнителен ризик претставува новиот раст на цените на нафтата и гасот. Според Лејн, вториот бран на енергетскиот шок носи нагорни ризици за инфлацијата, но истовремено може да го забави економскиот раст.

Во анализата на ЕЦБ се посочува и дека вештачката интелигенција веќе има позитивно влијание врз економијата на еврозоната преку раст на дигиталните услуги, инвестициите и извозот. Инвестициите во дата-центри, дигитализација, компјутерска опрема, софтвер и бази на податоци се зголемиле за околу 15% од лансирањето на ChatGPT кон крајот на 2022 година.

Сепак, европскиот бум на вештачката интелигенција е значително помал во споредба со САД и Источна Азија, а растот на долгорочните каматни стапки поврзан со глобалните инвестиции во ВИ може дополнително да ги заостри финансиските услови во еврозоната.

Лејн потсети дека ЕЦБ во 2026 година ја зголеми референтната каматна стапка од 2% на 2,5%, оценувајќи дека тоа било претпазлив одговор на енергетскиот шок и другите економски случувања.

„Не сме на однапред определена патека за каматните стапки“, е пораката од ЕЦБ, која најавува дека идните одлуки ќе зависат од новите податоци и од проценката дали инфлациските притисоци се шират пошироко во економијата.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со ПЕНЗИ пакет: Пензијата пред први во месецот и 1.000 денари за нови корисници

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје го промовира ПЕНЗИ пакетот наменет за пензионерите, кој овозможува пензијата да биде достапна пред секој први во месецот, заедно со низа дополнителни банкарски поволности.

Како дел од пакетот, корисниците можат да подигнуваат готовина без провизија од сите банкомати во земјата, а на располагање им се и бесплатно електронско и мобилно банкарство.

Пакетот вклучува и бесплатни СМС известувања за банкарските трансакции и состојбата на сметката.

Дополнително, Халкбанк нуди 1.000 денари за новоотворени ПЕНЗИ пакети.

Од Банката посочуваат дека понудата е креирана со цел пензионерите полесно да располагаат со своите средства и да користат повеќе банкарски услуги без дополнителни трошоци.

Продолжи со читање

Банки

Светска банка ја зголеми прогнозата: Економски раст од 3,2% за Македонија во 2026 година

Објавено

на

Светска банка ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Северна Македонија и сега очекува домашната економија да забележи раст од 3,2% во 2026 година.

Новата проекција е повисока од прогнозата објавена во јуни, кога Светска банка очекуваше раст од 2,9%, покажуваат најновите податоци од извештајот за економските движења во Европа и Централна Азија.

Сепак, очекуваниот раст годинава би бил понизок во однос на 2025 година, кога македонската економија остварила раст од 3,5%.

Според најновите проекции, во 2027 година економскиот раст на Северна Македонија се очекува да забави на 3%, а истата стапка се прогнозира и за 2028 година.

Во поширок регионален контекст, Светска банка очекува економиите на Западен Балкан во 2026 година во просек да пораснат за 3,1%, додека за 2027 година се прогнозира раст од 3,4%.

Новата прогноза претставува нагорна корекција на очекувањата за македонската економија, во услови на неизвесно глобално окружување и ризици поврзани со геополитичките тензии, цените и надворешната побарувачка.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange