Банки
Стопанска банка АД – Скопје со донација за Медицински факултет – врвна технологија за Институтот за патологија
Со посетата на Медицинскиот факултет, Стопанска банка ја официјализираше донацијата на врвна технологија за Институтот за патологија. Донацијата опфаќа набавка на специјализиран скенер за патохистолошки препарати кој со помош на вештачка интелигенција и напреден медицински софтвер помага попрецизно и побрзо да се анализираат примероците кои во Институтот пристигнуваат од сите клиники и клинички центри во земјата. Дополнително, оваа опрема ќе се користи и во едукациски цели со што високо ќе го профилира Институтот кај идните студенти и специјализанти создавајќи одржливост на професијата на долг рок.
Донацијата е дел од активностите што Банката ги спроведува во годината кога одбележува 80ти јубилеј, оставајќи и понатаму траен белег врз заедницата.
Донацијата, Банката ја надополнува со изградба на современа читална во рамки на Клиничкиот центар која слободно ќе можат да ја користат студентите и специјализантите во текот на студиите.
Г. Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на одборот на директори на Стопанска банка по повод донацијата на Деканот и претставниците на Институтот на патологија им порача:“За нас е големо задоволство но и гордост што повторно сме тука, на универзитетските клиники и институти, продолжувајќи ја нашата посветеност на здравјето како врвен приоритет за секој човек. Стопанска банка ја посветува донацијата на членовите на факултетот и на студентите, инвестирајќи со тоа и во квалитетот на медицинското образование на долг рок. Веруваме дека новата опрема ќе ги поттикне следните генерации медицински професионалци да се истакнат во нивните студии, во полза на голем број пациенти во иднина. Силниот здравствен систем е столбот на едно просперитетно општество и како значаен член на заедницата, веќе 80 години ја поврзуваме Стопанска банка со континуираното зајакнување на системот, економијата и заедницата.“

Проф. Д-р Светозар Антовиќ, Декан на Медицинскиот факултет во Скопје, заблагодарувајќи се на претставниците од Стопанска банка изјави: „Чест ни е што можеме и како тим да изразиме благодарност до Стопанска банка која ни се обрати за донација и одлучи да ја поддржи дијагностичката дејност на Институтот за патологија со скенерот за патохистолошки микроскопски препарати. Значењето на донацијата е најевидентно преку имплементацијата на дигиталните алатки во полето на патологија, односно преку зголеменото нивото на точност и го побрзото изготвување на патохистолошките наоди, со што се намалува времето на чекање за дијагноза, која што е клучна за третманот на пациентите од сите наши клиники. Дополнително, оваа опрема ни отвора простор и за телепатологија, односно дигитална консултација на далечина со референтни центри за одредени комплексни патолошки случаи, што досега не беше достапно. Како Декан мојата грижа покрај за пациентите на Клиничкиот центар е и за академскиот кадар – професори, студенти и специјализанти па оттука ме радува и фактот што Банката покрај опремата ќе донира и најсовремена читална во средиштето на Центарот наменета за генерации студенти. Своевиден дом надвор од дома неопходен за долгиот процес на едукација на идни врвни медицински кадри, со што создаваме одржливост на здравствениот систем.“
Дигиталниот скенер е веќе во функција на Институтот на патологија, а со тоа е спроведена темелна обука за кадарот на Институтот за патологија, со што значително ќе се подобри функционалноста на дијагностиката поврзана со сите Универзитетски клиники.
Банки
Халкбанк со Макси депозит: Фиксна каматна стапка до 3,8%
Халкбанк АД Скопје го промовира Макси депозитот, штеден производ со фиксна каматна стапка до 3,8%, во рамки на активностите по повод октомври – месецот на штедењето.
Корисниците можат да изберат различен период на орочување, во зависност од своите финансиски планови и потреби.
За депозит во денари, Банката нуди фиксна каматна стапка од 3,8% за период од 36 месеци, 3,7% за 25 месеци и 3,5% за 13 месеци.
Од Халкбанк посочуваат дека понудата е наменета за клиентите кои сакаат своите средства да ги орочат со однапред утврдена каматна стапка и да направат чекор кон остварување на своите финансиски цели.

Повеќе информации за условите на Макси депозитот се достапни на официјалната веб-страница на Халкбанк.
Банки
NLB Next носи попусти за технологија кај повеќе познати брендови
НЛБ Банка Скопје ја промовира понудата NLB Next, преку која корисниците можат да добијат попусти и дополнителни поволности кај повеќе партнери од областа на технологијата и електрониката.

Понудата е насочена кон купување мобилни телефони, компјутери, гејминг опрема, паметни часовници, слушалки и друга технолошка опрема.

Меѓу партнерите вклучени во NLB Next се Mega Mobil, iSTYLE, Neptun, Anhoch, My, Setec и Техномаркет.

Од Банката посочуваат дека целта на NLB Next е на клиентите да им овозможи дополнителни поволности при купување производи што се дел од нивното секојдневие, особено во сегментот на нови технологии и дигитални уреди.

Преку програмата, клиентите можат да ги користат достапните попусти кај партнерите и да изберат производи согласно своите потреби и интереси.
Банки
ЕЦБ: Инфлацијата во еврозоната е 3,8%, каматите ќе зависат од новите економски податоци
Европската централна банка ќе продолжи внимателно да ја приспособува монетарната политика, без однапред утврдена патека за каматните стапки, порача членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Филип Лејн, на конференцијата за монетарна политика во Франкфурт.
Според Лејн, одлуките за каматните стапки ќе се носат од состанок до состанок и ќе зависат од три главни фактори – изгледите за инфлацијата и ризиците околу неа, движењето на базичната инфлација и силата со која монетарната политика се пренесува врз економијата.
Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата во еврозоната во септември изнесувала 3,8%, при што енергетската инфлација достигнала 18,8%, додека неенергетската инфлација изнесувала 2,3%. За споредба, во четвртиот квартал од 2025 година вкупната инфлација била 2,1%.
Лејн оцени дека токму енергетскиот шок е главниот двигател на растот на инфлацијата оваа година. Истовремено, досега нема јасни сигнали дека поскапувањето на енергијата се претворило во широко распространет и траен инфлациски притисок во останатите сектори.
Сепак, ЕЦБ очекува неенергетската инфлација да порасне од 2,3% во 2026 година на просечни 2,6% во 2027 година, пред повторно да се намали на 2,3% во 2028 година. Како главна причина се наведува одложеното пренесување на повисоките цени на енергијата врз другите сектори.
Дополнителен ризик претставува новиот раст на цените на нафтата и гасот. Според Лејн, вториот бран на енергетскиот шок носи нагорни ризици за инфлацијата, но истовремено може да го забави економскиот раст.
Во анализата на ЕЦБ се посочува и дека вештачката интелигенција веќе има позитивно влијание врз економијата на еврозоната преку раст на дигиталните услуги, инвестициите и извозот. Инвестициите во дата-центри, дигитализација, компјутерска опрема, софтвер и бази на податоци се зголемиле за околу 15% од лансирањето на ChatGPT кон крајот на 2022 година.
Сепак, европскиот бум на вештачката интелигенција е значително помал во споредба со САД и Источна Азија, а растот на долгорочните каматни стапки поврзан со глобалните инвестиции во ВИ може дополнително да ги заостри финансиските услови во еврозоната.
Лејн потсети дека ЕЦБ во 2026 година ја зголеми референтната каматна стапка од 2% на 2,5%, оценувајќи дека тоа било претпазлив одговор на енергетскиот шок и другите економски случувања.
„Не сме на однапред определена патека за каматните стапки“, е пораката од ЕЦБ, која најавува дека идните одлуки ќе зависат од новите податоци и од проценката дали инфлациските притисоци се шират пошироко во економијата.
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Банкипред 2 месециНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот
-
Колумнипред 2 месециКој ќе биде македонскиот Revolut?
-
Анализипред 1 месецМакедонија ќе има два система за инстант плаќања: КИБС Инстант и мобилна апликација „Стрела“ преку КИБС и TIPS Clone преку Народната банка
-
Осигурувањепред 2 месециЗОИЛ Македонија го смени името во Алта Осигурување, седиштето се сели во Скопје
-
Банкипред 1 месецКристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува ИТ професионалец – Специјалист за ИТ за независна валидација

