Connect with us
no baners

Банки

Стопанска банка АД – Скопје подготвена за СЕПА плаќањата: побрзи, поевтини и посигурни трансакции во Европа

Објавено

на

no baners

Стопанска банка АД – Скопје официјално соопшти дека од денес (7 октомври 2025 година) ја финализираше интеграцијата во SEPA (Single Euro Payments Area – Единствената област за плаќања во евра), отворајќи им на своите клиенти ново поглавје во начинот на извршување на меѓународните плаќања.

Со приклучувањето кон SEPA системот, Стопанска банка им овозможува на физичките и правните лица да извршуваат девизни кредитни трансфери во евра на значително побрз, поевтин и поедноставен начин. Клиентите ќе можат да испраќаат и примаат евра со истата леснотија и ефикасност како при домашните трансакции, што претставува голем чекор кон модернизација на банкарските услуги и нивно усогласување со европските стандарди.

Главни придобивки за клиентите:

  • Брзи и ефикасни плаќања и приливи во рамки на еден работен ден со повеќе од 40 земји членки на SEPA зоната.
  • Поедноставена процедура и намалени трошоци за трансфер на средства.
  • Подобрен пристап до европскиот пазар, особено значаен за деловните субјекти со меѓународна соработка.

Воведувањето на СЕПА плаќањата ја потврдува стратегиската ориентација на Стопанска банка АД – Скопје кон иновации и дигитализација, со цел креирање услуги што одговараат на динамичните потреби на клиентите и истовремено го поддржуваат развојот на бизнисите.

Повеќе информации за новите СЕПА кредитни трансфери се достапни на веб-страницата на Банката – www.stb.com.mk, на телефонскиот број на Контакт центарот 02/3100 109, како и во сите филијали на Стопанска банка АД – Скопје.

Стопанска банка ја зајакнува својата позиција како современа и иновативна финансиска институција која континуирано инвестира во подобрување на клиентското искуство и во развој на напредни решенија за безбедни меѓународни плаќања.

no baners

Банки

Народна банка домаќин на мисија на Европската комисија за јакнење на институционалната независност

Објавено

на

Народна банка беше домаќин на TAIEX peer review мисија на Европската комисија, посветена на јакнењето на институционалната независност и размената на европски искуства и добри практики.

Од Народната банка истакнуваат дека независноста на централната банка претставува основа за одржување на стабилноста и довербата во финансискиот систем.

Преку посветеност на транспарентноста и отчетноста, Народната банка продолжува да го унапредува својот мандат во интерес на стабилноста на економијата.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка и годинава поддржувач на „Галичка свадба“

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје и годинава е пријател и поддржувач на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, еден од најзначајните културни настани во Македонија.

Манифестацијата ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, каде повторно ќе оживеат традиционалните свадбени обичаи, народните носии и звуците на зурлите и тапаните.

Од банката посочуваат дека „Галичка свадба“ претставува симбол на љубовта, заедништвото и богатото македонско културно наследство, чии вредности се пренесуваат од генерација на генерација.

Со поддршката на настанот, Стопанска банка ја продолжува својата заложба за зачувување и промоција на традицијата и културните вредности.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка предупредува на измамнички мејлови што содржат вирус

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје предупреди дека е забележана измамничка кампања преку која до граѓаните се испраќаат лажни пораки по електронска пошта.

Испраќачите лажно се претставуваат во име на Комерцијална банка, информираат за наводно извршено плаќање и испраќаат прикачен фајл што содржи вирус.

Од банката предупредуваат дека со отворање на фајлот, примателот се изложува на сериозен ризик, бидејќи може да се овозможи пристап до лозинки и други доверливи информации зачувани на уредот.

Граѓаните се повикуваат да не го отвораат прикачениот фајл и веднаш да ја избришат пораката.

Од Комерцијална банка посочуваат дека лажните пораки најчесто бараат итна реакција и се однесуваат на важни теми, како приливи или одливи на средства, опасност од губење пристап до сметка или слични предупредувања.

Ваквите пораки често содржат граматички и правописни грешки, поради што корисниците треба внимателно да ја прочитаат содржината и задолжително да ги проверат називот и доменот на електронската адреса на испраќачот.

Целта на ваквите измами е прибирање чувствителни податоци или инсталирање злонамерен софтвер на уредите, предупредуваат од банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange