Connect with us

Банки

Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со директорот на ЦУ, Николовски: Унапредување на меѓуинституционалната соработка и дигитализација на процесите 

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, денеска остварија средба во Народната банка, на која се дискутираше за досегашната соработка помеѓу двете институции и за понатамошните активности за нејзиното продлабочување. Во фокусот на разговорите беше понатамошната дигитализација на процесите на двете институции, особено поврзани со обезбедувањетоподатоци преку Системот за обработка на царинските декларации и акцизни документи (СОЦДАД), коишто се основа за составување на дел од надворешните статистики. На состанокот беше истакната важноста на меѓуинституционалната соработка во повеќе области, со посебен акцент на процесот на размена на податоците и информациите и потребата за зголемување на ефикасноста преку поголема дигитализација.

„Преку заокружување на проектот за користење на податоците од Царинската управа од страна на Народната банка преку современи веб-услуги, ќе сепридонесе кон поефикасен систем на прибирање, изгoтвување и објавување на статистичките податоци“, посочи гувернерката Ангеловска-Бежоска. Притоа, на средбата беа нагласени предизвиците од новите технологии и постојаната заложба за подобрување на дигиталниот профил на работата и процесите на двете институции, за што голем придонес имаат заедничките активности, соработка и проекти.

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, истакна дека соработката со Народната банка е од големо значење во борбата со организираниот криминал.

„Потребно е да ја зајакнеме и подобриме институционалната соработка, преку размена на податоци. Од аспект на државните интереси за жестока борба со криминалот, следењето на текот на парите особено во делот на меѓународните трансакции е клучно“, вели Николовски.

Банки

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Објавено

на

На 28 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?), од авторот Стефан Таневски. Авторот е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година.

По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.   

Продолжи со читање

Банки

Паричната маса М1 во Македонија зголемена за 11% на крајот на август

Објавено

на

Паричната маса М1 во Северна Македонија достигна 344,5 милијарди денари на крајот на август 2026 година, што претставува раст од околу 11% на годишно ниво, покажуваат податоците на Народната банка.

Во истиот период минатата година, паричната маса М1 изнесувала 309,8 милијарди денари.

Изразено во странска валута, вредноста на М1 на крајот на август изнесувала околу 5,6 милијарди евра, односно 6,4 милијарди долари.

М1 е еден од основните показатели за количината на најликвидни пари во економијата и ги опфаќа готовите пари во оптек и средствата на трансакциските сметки кои можат веднаш да се користат за плаќање.

Годишниот раст укажува на зголемување на количината на ликвидни парични средства во домашната економија во споредба со август минатата година.

Продолжи со читање

Банки

ЕЦБ го лансира „Pontes“: Парите на централните банки влегуваат во светот на токенизираните средства

Објавено

на

Европскиот финансиски систем направи нов чекор кон поширока примена на дигиталните и токенизираните средства. Евросистемот го лансираше „Pontes“, решение што овозможува трансакциите со токенизирани средства на големопродажниот финансиски пазар да се порамнуваат директно во пари на централната банка.

Станува збор за првата иницијатива во рамки на пошироката стратегија на Евросистемот, чија цел е парите на централните банки да се приспособат на развојот на токенизираните финансии и на сè поголемата примена на технологијата на дистрибуирана книга на податоци – DLT.

Токенизацијата подразбира издавање или претставување финансиски и други средства во форма на дигитални токени, кои најчесто се евидентираат на DLT мрежи.

Од Европската централна банка посочуваат дека „Pontes“ ќе овозможи поврзување на постојните платежни сервиси на Евросистемот со платформи што користат DLT технологија.

„Евросистемот работи на создавање поинтегриран, поиновативен и поотпорен европски финансиски пазар во дигиталната ера“, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, додавајќи дека развојот ќе продолжи во соработка со учесниците на финансискиот пазар.

Банките и инфраструктурите на финансискиот пазар постепено ќе се приклучуваат кон системот „Pontes“.

Лансирањето на решението претставува прв конкретен чекор во пошироката стратегија на Евросистемот за развој на инфраструктура што ќе овозможи и трансакциите со токенизирани средства да се порамнуваат со користење пари на централната банка.

Овој модел е значаен бидејќи парите на централната банка се сметаат за најбезбедно средство за конечно порамнување на финансиските трансакции. Со тоа, ЕЦБ настојува да ја задржи оваа улога и во услови на развој на новите дигитални финансиски пазари.

„Pontes“ е дел од поширокиот процес во кој европските монетарни власти ја поврзуваат традиционалната финансиска инфраструктура со новите технологии и пазарите на дигитални средства, при што фокусот останува на финансиската стабилност, сигурноста и ефикасноста на плаќањата.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange