Connect with us

Банки

СЕ ЗГОЛЕМИ НАДВОРЕШНИОТ ДОЛГ ЗА 109 МИЛИОНИ ЕВРА – во првата половина на годината се искачи на 4,48 милијарди евра!

Објавено

на

Народната банка го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

На крајот на вториот квартал од 2024 година, нето надворешниот долг изнесува 4.481 милион евра (или 30,8% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2024 година е зголемен за 109 милиони евра, или за 2,5%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 64%.

Во текот на вториот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 185 милиони евра и изнесува 8.622 милионa евра, што претставува 59,2% од проектираниот БДП за 2024 година.

Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/ND%20NP%20MIP/2024/Soopstenie_dolg_MIP_Kv.2_2024.pdf

Банки

Комерцијална банка повторно златен спонзор на Скопскиот маратон

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и годинава е златен спонзор на Скопскиот маратон, еден од најголемите спортски настани во главниот град.

Банката најави посебна КБ зона, каде учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во дополнителни содржини, добра атмосфера и изненадувања и по завршувањето на трките.

Посебно внимание е насочено кон трката „Комерцијална банка 5 км“, за која се предвидени награди за најуспешните натпреварувачи. Првите три места во машка и во женска конкуренција ќе добијат награди во форма на подарок-картички.

Од Комерцијална банка ги повикаа учесниците и навивачите да ја посетат КБ зоната и да бидат дел од атмосферата на Скопскиот маратон.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка денеска ги исплати пензиите

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола ги информира своите клиенти пензионери дека исплатата на пензиите ќе е извршена денеска, 29 септември 2026 година.

Средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на корисниците и ќе бидат достапни за користење преку банкоматите и експозитурите на Банката.

Со тоа, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку АЛТА банка ќе можат да располагаат со средствата во текот на денешниот ден.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка: Времето може да има значајна улога во долгорочното инвестирање

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје, во соработка со НЛБ Фондови АД Скопје, го истакнува значењето на долгорочното и редовното вложување како еден од пристапите за постепено градење на вредноста на инвестициите.

„Износот е ист. Времето прави разлика“, порачуваат од Банката, посочувајќи дека редовните месечни вложувања во подолг временски период можат да имаат значајна улога во акумулирањето на инвестициската вредност.

Од НЛБ упатуваат заинтересираните граѓани да се информираат за можностите за долгорочно вложување преку НЛБ Фондови АД Скопје, при што нагласуваат дека инвестирањето треба да се разгледува во согласност со личните финансиски цели, временскиот хоризонт и подготвеноста за преземање ризик.

Во рамки на актуелната понуда, инвеститорите можат да вложуваат без влезни провизии до 25 декември 2026 година.

Од НЛБ, сепак, нагласуваат дека сите презентирани пресметки се од информативен карактер. Приносите од инвестициските фондови не се гарантирани, а остварените резултати во минатото не претставуваат сигурен показател за идните приноси.

Редовното инвестирање на помали износи е пристап што им овозможува на инвеститорите постепено да градат инвестициско портфолио, без потреба од голема почетна сума. Во подолг период, должината на инвестирањето може да биде важен фактор за конечниот резултат, но вредноста на инвестицијата истовремено зависи и од движењата на финансиските пазари и од избраниот инвестициски фонд.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange