Банки
Се одржа 46. сесија на Клубот на истражувачите
Во Народната банка се одржа 46. сесија на Клубот на истражувачите. На неа беа презентирани два научни труда, „Преговарај за својот удел: Улогата на преговарачката моќ на работниците за трудовиот удел, со осврт на економиите во транзиција“, од авторите Марјан Петрески и Стефан Таневски и „Влијанието на кредитирањето врз економската активност во Република Северна Македонија“ од авторите Борче Треновски и Дашмир Саити.
Сесијата ја отвори вицегувернерката Ана Митреска, која нагласи дека Народната банка постојано ја охрабрува научно-истражувачката дејност, меѓу другото и со поддршка на промоцијата на трудови и автори. Посочи и дека двата труда, презентирани на оваа сесија, се осврнуваат на теми коишто се релевантни за домашната економија. На сесијата присуствуваше и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.
Tрудот „Преговарај за својот удел: Улогата на преговарачката моќ на работниците за трудовиот удел, со осврт на економиите во транзиција“, го обработува влијанието на преговарачката моќ на работниците врз трудовиот удел. Авторите прават поширока анализа којашто опфаќа 23 индустриски гранки во 69 земји, од кои 28 се земји во транзиција, притоа покрај квантитативни, користат и конструирани квалитативни показатели. Тие утврдуваат дека со поголема преговарачка моќ се остварува поголем трудов удел, што не е случај и со економиите во транзиција, кај кои поголемата преговарачка моќ на работниците не доведува и до поголем трудов удел.
Во трудот „Влијанието на кредитирањето врз економската активност во Република Северна Македонија“ се утврдуваат големината и насоката на поврзаност на кредитната активност и економскиот раст во нашата економија. За таа цел, авторите избираат два пристапа ‒ првиот пристап го анализира влијанието на кредитите на приватниот сектор врз економскиот раст (по глава на жител), додека вториот пристап го анализира влијанието на кредитите на домаќинствата и претпријатијата врз инвестициите и потрошувачката и следствено врз БДП. Резултатите од анализата покажуваат дека врската помеѓу растот на банкарските кредити на приватниот сектор и стапката на економски раст е позитивна и значајна.
По презентацијата, на сесијата се водеше дискусија меѓу учесниците, поттикната од презентациите на трудовите и од изнесените заклучоци. Со одржувањето на 46. сесија успешно започнаа активностите на Клубот предвидени за оваа календарска година.
Банки
Халкбанк ги направи своите услуги достапни и во Пошта
Халкбанк АД Скопје ги проширува своите услуги и ги прави подостапни за граѓаните преку шалтерите на Пошта.

Како што информираат од банката, корисниците во Пошта ќе можат да извршуваат платен промет, да поднесуваат документи за отворање платежна сметка, како и да аплицираат за дебитна картичка.

Дополнително, ќе бидат достапни услуги поврзани со електронското и мобилното банкарство, како и информации за кредитните и депозитните производи на Халкбанк.

Со ова, дел од услугите што досега клиентите ги користеа во експозитурите на Халкбанк ќе можат да ги добијат и преку Пошта, со цел тие да бидат поблиску и полесно достапни за корисниците.
Банки
Централна кооперативна банка со нов четиригодишен мандат за двајца членови на Надзорниот одбор
Централна кооперативна банка АД Скопје соопшти дека на 16 септември 2026 година Народната банка на Република Северна Македонија издала решенија со кои е дадена претходна согласност за повторно именување на Тихомир Ангелов Атанасов и Христо Георгиев Христов за членови на Надзорниот одбор на Банката.
Согласноста е издадена за нов четиригодишен мандат, со што двајцата членови продолжуваат со своето учество во работата на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Издавањето на претходната согласност од страна на Народната банка претставува дел од регулаторната постапка за именување членови на органите на управување и надзор во банките.
Со повторното именување се обезбедува континуитет во работата на Надзорниот одбор и во остварувањето на неговите надлежности во согласност со законската и регулаторната рамка.
Банки
На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка
На 28 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.
На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?), од авторот Стефан Таневски. Авторот е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година.
По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.
Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати јулската пензија
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита





