Криптовалути
Победата на Трамп е се поизвесна, а тоа е една од причините за раст на вредноста на биткоинот
По првичните загуби на азиските берзи, повеќето главни регионални индекси се во зелено на почетокот на неделата, бидејќи инвеститорите проценуваат какво влијание ќе има најновиот потег на кинеските власти врз забавената економија, а фокусот е и на општите избори во Јапонија , што ќе се одржат кон крајот на неделата, пренесе новинската агенција „Хина“.
Индексот „MSCI“ на азиските берзи околу 6 часа беше во благ пораст за 0,11 проценти, како одраз на претпазливоста на инвеститорите откако индексите на американските берзи пораснаа шеста недела по ред.
Истовремено, јапонскиот Никеи порасна за 0,26%, додека австралиските и шангајските берзански индекси зајакнаа за приближно 0,8 отсто, а берзанскиот индекс на Хонг Конг ослабе за половина процент.
Кинеската централна банка ги намали клучните каматни стапки за 25 базични поени, па сега е 3,1 проценти за заеми до една година и 3,6% за пет години.
Учесниците на пазарот очекуваа ваква одлука, па затоа пазарот остана претпазлив, додека се чекаат натамошни потези и најави од кинеските претставници поврзани со економски стимулации, што може да потрае.
„Можеби ќе треба да почекаме до крајот на октомври или почетокот на ноември за конкретни планови од состанокот на Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес“, изјави Чаопинг Жу, стратег за глобален пазар во JP Morgan Asset Management во Шангај. Две недели пред претседателските избори во САД, кај некои финансиски инструменти растат облозите за победа на Доналд Трамп.
Царинската, даночна и имиграциска политика на републиканскиот кандидат се сметаат за инфлаторни, па затоа се негативни за обврзниците, а позитивни за доларот.
Се верува дека Трамп има попозитивен став кон криптовалутите.
„Се чини дека Трамп е во предност во клучните држави во бојното поле, што сугерира дека е прилично добро позициониран да се врати во Белата куќа, и мислам дека пазарите почнаа да го земаат тоа предвид минатата недела со посилните цени на акциите, повисоките приноси, американскиот долар што добро котира и со биткоинот, што е на добар пат за зголемување од 10 проценти во споредба со претходната недела“, изјави Тони Сајкамор, пазарен аналитичар во IG.
Биткоинот моментално е во пораст за 0,5 проценти, на 69,100 долари, а во текот на денешното тргување го достигна највисокото ниво од јули, 69,487 долари.
Најголемата криптовалута во светот минатата недела се зголеми за 9,6 проценти и е во пораст од 8% од почетокот на месецот.
Индексот на доларот, што ги мери перформансите на САД во однос на кошницата од шесте најважни светски валути, стагнира на 103,46 поени, недалеку од највисокото ниво во повеќе од два месеци.
Ова е само одраз на малите флуктуации на курсот на доларот во однос на еврото и јенот.
Еврото утринава се тргува по 1,086 долари, а курсот на доларот е 149,27 евра речиси непроменет во однос на петокот.
Криптовалути
Црвен ден за криптопазарот: Биткоинот и водечките криптовалути повторно во минус
Криптопазарот денеска забележа претежно негативно движење, при што најголем дел од водечките дигитални средства ја завршија трговската сесија во негатива. Инвеститорите остануваат претпазливи поради неизвесноста на глобалните финансиски пазари и очекувањата за нови макроекономски сигнали.
Биткоинот, како најголема криптовалута според пазарната капитализација, се тргуваше по цена од 64.321 долар, што претставува дневен пад од 0,62%. И Етереум забележа благо намалување, при што неговата вредност се спушти на 1.900,17 долари, или 0,38% пониско во однос на претходниот ден.
Поголеми загуби беа регистрирани кај останатите водечки криптовалути. „BNB“ ја намали вредноста за 1,06%, „Solana“ загуби 1,49%, додека „XRP“ го забележа најголемиот дневен пад меѓу најтргуваните дигитални средства, намалувајќи се за 2,43%.
Од друга страна, стабилните криптовалути „Tether“ (USDT) и „USD Coin“ (USDC) останаа речиси непроменети, задржувајќи ја вредноста околу еден американски долар.
Според пазарните аналитичари, актуелните движења претставуваат дел од краткорочна корекција, додека инвеститорите внимателно ги следат економските показатели, движењето на американскиот долар и можните нови регулаторни мерки кои би можеле да влијаат врз криптопазарот.
Криптовалути
Биткоинот пред клучен тест: Пробив над 64.500 долари може да донесе нов раст
Биткоинот на 30 јули продолжува да се движи во тесен ценовен опсег меѓу 63.180 и 64.500 долари, додека инвеститорите го очекуваат следниот посилен пазарен потег.
Според техничката анализа, за продолжување на растот потребен е убедлив пробив над отпорот од 64.500 долари. Доколку купувачите успеат да ја задржат цената над ова ниво, следната цел би можела да биде околу 65.700 долари.
Од друга страна, пад под границата од 63.000 долари би можел да го зголеми продажниот притисок и да ја насочи цената кон 61.709 долари.
Индексот на релативна сила изнесува 45,46 поени, што покажува дека продавачите имаат мала предност, но биткоинот сè уште не е во зоната на прекумерна продажба. Другите технички показатели даваат мешани сигнали, при што дел од нив укажуваат на присутна побарувачка, а дел на слаб краткорочен моментум.
Неутралното сценарио предвидува биткоинот да остане меѓу 63.180 и 64.500 долари, сè додека купувачите или продавачите не воспостават појасна контрола врз пазарот.
Криптовалути
Русија усвои сеопфатен закон за регулирање на криптовалутите
Руската Државна дума го усвои првиот сеопфатен закон за регулирање на пазарот на криптовалути, со кој се овозможува тргување со дигитални средства преку лиценцирани посредници.
Употребата на биткоин и на други криптовалути за плаќање стоки и услуги во Русија, сепак, и натаму ќе биде забранета, а рубљата останува единственото законско платежно средство во земјата.
Поголемиот дел од одредбите треба да стапат во сила на 1 септември 2026 година. Законот предвидува воспоставување регистар на лиценцирани криптоберзи, брокери и други даватели на услуги, додека надзорот над пазарот ќе го врши Централната банка на Русија.
Новата регулатива ја задржува можноста криптовалутите да се користат во одредени меѓународни трансакции. Тоа би можело да им го олесни прекуграничното плаќање на руските компании во услови на западни санкции.
Малите инвеститори ќе можат да ги купуваат најликвидните криптовалути преку овластени посредници, со годишно ограничување од 300.000 рубљи кај секој посредник. Квалификуваните инвеститори ќе имаат значително пошироки можности за тргување.
Со законот Русија продолжува да го формализира пазарот на дигитални средства, но ја задржува строгата контрола врз нивната употреба во домашниот платен промет, објави „Коинпејпер“.
-
Интервјуапред 2 месециФиломена Пљакоска Аспровска во FinSight: Дали мобилниот телефон ќе стане нашиот единствен паричник?
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк отвори повик за летна пракса за студенти и млади
-
Бизниспред 2 месециФинансиските друштва пред нови правила: Кредитите ќе се исплаќаат само на трансакциска сметка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка: Исплатена паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за мај
-
Останатопред 1 месецОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари



