Connect with us

Продукти

Онлајн потрошувачки кредит од Комерцијална банка за брз и беспрекорен пристап до поголема финансиска моќ

Објавено

на

Комерцијална банка како лидер во понудата на современи и ефикасни финансиски производи со задоволство го воведе новиот Онлајн потрошувачки кредит, создаден за да им обезбеди на клиентите брз и беспрекорен пристап до поголема финансиска моќ од удобноста на домот.

Онлајн потрошувачкиот кредит им овозможува на заинтересираните клиенти да аплицираат за потрошувачки кредит преку целосно дигитализиран процес со електронска идентификација OneID, да добијат одобрување за неколку минути и
за кратко време да ги имаат средствата на својата сметка.

Со Онлајн потрошувачкиот кредит корисникот добива зголемена финансиска моќ до 1.000.000 денари и одлична можност за задоволување на своите желби и потреби, како што се возбудливо патување, разубавување на домот, нов автомобил, вреден подарок за најсаканите и слично.

Во секое време, клиентите се на чекор до насмевка затоа што имаат можност да добијат ефикасно финансиско решение на брз и лесен начин:

  • Онлајн аплицирање преку мБанка со електронската идентификација OneID чекори
  • Инстант одобрување за неколку минути
  • Без трошоци за аплицирање и одобрување
  • Без меница
  • Атрактивна каматна стапка, фиксна за првите 3 години
  • Флексибилен износ на кредитот до максимум 1.000.000 денари
  • Рок на отплата до 95 месеци

Комерцијална банка е секогаш посветена на поедноставување и модернизирање на финансиските производи и услуги.

„Воведувањето на Онлајн потрошувачкиот кредит е доказ на таа посветеност. Бидејќи животот на сите нас ни се движи брзо, тоа темпо го следат и нашите финансиски решенија. Нашиот нов производ е дизајниран да понуди брзо, сигурно и врвно искуство, давајќи им можност на клиентите да пристапат до средства кога им се најпотребни“, изјави Наташа Баљук Ристовска, директор на Дирекцијата за кредитирање на население.

Клиентите може да аплицираат за Онлајн потрошувачки кредит директно преку мобилната апликација мБанка. Аплицирањето е едноставен процес, кој бара само основни податоци за бараниот износ и посакуваниот рок на отплата. Кредитот е достапен за клиенти кои примаат плата или пензија преку сметка во Комерцијална банка и имаат електронска идентификација преку OneID.

Повеќе информации се достапни на следниот линк.

Продукти

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка – Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Објавено

на

ПроКредит Банка го означува крајот на годината со исклучително атрактивна понуда – Празничен промо депозит, дизајниран за сите кои сакаат сигурна и исплатлива заштеда.

Каматните стапки за Празничниот промо депозит изнесуваат:
3,2% фиксна каматна стапка за депозити во денари со рок на орочување од 13 месеци.
2,5% фиксна каматна стапка за депозити во евра со рок на орочување од 25 месеци – услов кој ја издвојува оваа понуда како една од најповолните на пазарот за крајот на годината.

Празничната понуда носи повеќе вредност за парите на секој клиент – независно колку вложува. Промотивниот депозит ви дава одлична можност да орочите износ од минимум 100 евра (во денари или евра) и да обезбедите сигурен, редовен приход во следните 13 или 25 месеци.

Каматата се исплаќа на месечно ниво, овозможувајќи редовен, предвидлив и стабилен приход.

Овој празничен депозит е сигурно, транспарентно и целосно предвидливо решение за дополнителен месечен приход. Со фиксни каматни стапки и однапред дефинирани услови, вашата добивка е јасна уште од првиот ден, а средствата се орочени во стабилна и доверлива банка со германски капитал.

Со повеќе од 20 години присуство на македонскиот пазар, ПроКредит Банка останува посветена на развојот на културата на штедење и на создавање практични решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите – доказ за тоа е долгогодишната доверба и широката база на задоволни штедачи.

Понудата за празничниот промо депозит важи од 5.12.2025 до 15.1.2026.

Започнете ја својата празнична заштеда и обезбедете стабилен приход под навистина конкурентни услови. Дознајте повеќе за празничната понуда на ПроКредит Банка и искористете ја уште денес.

Продолжи со читање

Продукти

Празници со 0% камата – Мастеркард кредитна картичка од ПроКредит Банка

Објавено

на

ПроКредит Банка ја претставува Мастеркард кредитната картичка преку промотивната кампања „Празници со 0% камата“.

Овие празници, ПроКредит Банка подготви специјална понуда заедно со Мастеркард. Пред вас е можност да ја искористите Мастеркард кредитната картичка наменета за физички лица, која овозможува 0% камата во рамките на промотивниот период до 28 февруари 2026. Картичката нуди можност за плаќања на сите продажни места и онлајн-плаќања во земјата и во странство. Со оваа понуда, ПроКредит Банка нуди практично решение за сите кои сакаат да ги поминат празниците исполнувајќи ги своите желби и потреби, како и оние на најблиските без дополнителен финансиски трошок.

Промотивната понуда под слоганот „Празници со 0% камата“ ја нагласува предноста и можноста за паметно финансирање во периодот кога потрошувачките потреби се зголемуваат, како празнични патувања, изнајмување возила во странство, празнични подароци, семејни прослави, празничен шопинг и други потреби за нас омилени во овој период. Оваа кредитна картичка е дизајнирана да им понуди поголема слобода и финансиска контрола на корисниците, со брза и едноставна онлајн-апликација и минимални административни барања.

Клучни придобивки за клиентите:

• 0% камата во промотивниот период (до 28 февруари 2026).

• Без годишна членарина во првата година.

• До 3 плати во минус – дополнителна финансиска флексибилност.

• Можност за отплати на рати до 24 месеци.

• Онлајн-процес на аплицирање и одобрување во рок од 3 дена, што овозможува брза и практична процедура за сите постоечки и нови клиенти.

• Можност да ја користите во неограничен број продажни објекти, туристички агенции, сервиси за изнајмување возила – важи во земјата и странство.

Преку промотивната понуда ‘Празници со 0% камата’, ПроКредит Банка обезбедува дополнителна поддршка во период кога трошоците природно растат, овозможувајќи кредитна картичка за сите нови и постоечки клиенти, без скриени трошоци и комплицирани услови за аплицирање. Продолжуваме да обезбедуваме едноставно и транспарентно искуство, по најдобри услови за сите постоечки и нови клиенти достапно преку нашата веб-страна, 24/7 зоните и нашата мрежа на експозитури“, изјави Марина Ѓурѓовска Аџиовска, директор на сектор за физички лица.

Искористете ја промотивната понуда и уживајте во празниците со 0% камата. Аплицирајте лесно и едноставно уште денес на веб-страницата на ПроКредит Банка. Понудата важи до 28 февруари 2026 година.

Продолжи со читање

Продукти

Халкбанк денес официјално стартува со Apple Pay

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје денес официјално ја пушта услугата Apple Pay, овозможувајќи на своите клиенти да плаќаат со iPhone, Apple Watch и другите Apple уреди.

По НЛБ Банка и Комерцијална банка, Халкбанк е следната финансиска институција што ја воведува оваа високо барана дигитална услуга, што значи дека сè повеќе корисници добиваат можност за брзи, безбедни и бесконтактни плаќања преку Apple Wallet.

Достапност на картички: Моментално за Mastercard, наскоро и за Visa

Во оваа фаза, Apple Pay во Халкбанк е достапен само за Mastercard картички.

Од банката најавуваат дека во следните денови ќе биде овозможена и поддршката за Visa, со што практично сите корисници ќе можат да ја користат услугата, без разлика од кој бренд е нивната картичка.

Што значи Apple Pay за клиентите на Халкбанк?

Сите корисници со Mastercard картички веќе денес може да ги додадат своите картички во Apple Wallet и да плаќаат:

на сите бесконтактни POS-терминали,

во мобилни апликации,

на веб-страници што ја поддржуваат услугата.

Секое плаќање се авторизира преку Face ID, Touch ID или код за отклучување, што обезбедува максимална заштита и приватност, додека бројот на картичката никогаш не се споделува со трети страни.

Халкбанк го забрзува дигиталното банкарство со Apple Pay, Google Pay и Garmin Pay

Со Apple Pay, Халкбанк значително го проширува спектарот на дигитални плаќања. Банката веќе ги нуди и:

Google Pay – за корисниците на Android уреди

Garmin Pay – за корисниците на Garmin смарт-часовници

Дополнителните решенија како Fidesmo Pay и носечките уреди за бесконтактно плаќање ја позиционираат Халкбанк како една од најиновативните банки на домашниот пазар, со целосна покриеност на модерни платежни технологии.

Apple Pay ја продолжува својата експанзија во Македонија

Официјалното пуштање на Apple Pay во Халкбанк дополнително го зајакнува дигиталниот екосистем во земјава. Како трета банка што ја дозволува оваа услуга, Халкбанк ја следи глобалната тенденција на усвојување напредни дигитални решенија и го прави секојдневното плаќање поедноставно, побрзо и побезбедно.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange