Connect with us

Кариера

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје е банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана како прва банка во државата во 1944 година ги постави темелите за банкарското работење и се уште претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи за населението и за правните лица што работат во Северна Македонија, остварувајќи притоа одлични резултати благодарение на високото ниво на професионалност и усвоените европски принципи на работа.

Со цел проширување на својот тим, Стопанска банка АД – Скопје објавува оглас за вработување за следната работна позиција: 

Соработник
во Дирекција за маркетинг и односи со јавност

Кариера

Силк Роуд Банка вработува банкарски службеник во Скопје

Објавено

на

Силк Роуд Банка објави оглас за вработување на банкарски службеник во експозитура во Скопје, нудејќи можност за работа во динамична и професионална средина со фокус на личен развој и напредок.

Од банката информираат дека кандидатите треба да имаат најмалку средно образование, а предност ќе имаат оние со универзитетска диплома. Потребно е и минимум една година работно искуство, по можност во благајничко работење, како и одлично познавање на MS Office алатките и англискиот јазик. Се бара и добро познавање на банкарските производи, развиени комуникациски и организациски вештини, како и прецизност и доверливост во работењето.

Избраниот кандидат ќе работи со готовински и безготовински трансакции, ќе врши менувачки активности и ќе учествува во советување на клиенти и промоција на банкарски производи. Позицијата вклучува и активности поврзани со кредитирање и вкрстена продажба на услуги.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на електронската адреса: [email protected], со назнака „Банкарски службеник во експозитура во Скопје“, најдоцна до 10 мај 2026 година.

Од банката посочуваат дека сите апликации ќе се третираат со строга доверливост, а ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

Продолжи со читање

Кариера

АЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист)

Објавено

на

АЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист), наменета за кандидати со аналитички пристап и интерес за работа на пресекот меѓу ИТ и банкарството.

Како што се наведува во огласот, избраниот кандидат ќе работи на проекти и анализа на деловни процеси, ќе учествува во тестирање и имплементација на апликации, како и во развој и унапредување на системи.

Заинтересираните кандидати треба да испратат биографија и мотивациско писмо на електронската адреса [email protected], со назнака „Бизнис Аналитичар (Економист)“.

Огласот е отворен до пополнување на позицијата. Погледни го целосниот оглас на следниов линк: 👉 http://bit.ly/4tr3soZ See less

Продолжи со читање

Бизнис

„Алкалоид“ АД Скопје четврта година по ред прогласен за победник во категоријата Најпосакуван работодавач

Објавено

на

„Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб порталот „Вработување.ком“.

Наградата, која беше врачена во рамките на манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава.

Континуитетот на ова признание за нас има особено значење. Тој зборува за доследноста во начинот на кој ја градиме нашата работна култура – отворена, стабилна и ориентирана спрема луѓето. Во „Алкалоид“ веруваме дека силната организација започнува со здрави вредности, јасни професионални стандарди, високи етички норми и со заемна доверба затоа што успехот на компанијата произлегува од нејзините вработени.

Луѓето се суштината на сè што правиме. Нивната експертиза, мотивираноста и одговорноста се темелот врз кој се развива нашата компанија, па затоа грижата за нивниот професионален и личен напредок останува еден од нашите клучни стратешки приоритети.

Гледајќи напред продолжуваме со јасна визија да создаваме можности, да поттикнуваме иновации и да обезбедуваме работна средина во која знаењето и талентот се препознаваат и се вреднуваат. Нашата цел е „Алкалоид“ и натаму да остане прв избор за младите луѓе кои ја гледаат својата иднина во одговорна и успешна компанија.

ПР објава

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange