Connect with us

Кариера

Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска Банка а.д. Битола се стреми кон континуирано унапредување, усовршување и надградување со цел да бидат исполнети сите барања и потреби на клиентите. За таа цел, Банката е во потрага по нови, образовани, талентирани и високо мотивирани кадри кои знаат да ги препознаат предизвиците на новите времиња.

Дирекцијата за човечки ресурси за потребите на Сектор за финансии, објавува

ОГЛАС
за ангажирање еден (1) извршител на работното место
Стручен соработник за евиденција на фактури и други трошоци,
Дирекција за сметководство и финансии

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Факултетско образование;
  • Најмалку 5 години работно искуство;
  • Одлично познавање на финансии,сметководство и е ИФРС стандарди, финансиски извештаи и законска регулатива во рамките на Банката;
  • MC Office, Internet;
  • Англиски јазик.

Лични карактеристики и вештини потребни за работното место:

  • Способност да работи повеќе активности симултано,
  • Организациски способности,
  • Способност да предлага рокови за извршување,
  • Да покажува иницијативност, да предлага решенија,
  • Да биде дискретен и доверлив,
  • Да учествува и одржува комуникација и односи во Секторот и со другите организациски единици,
  • Тимска работа,
  • Креативност,
  • Покажува почит и чувство за културна толеранција
  • Добри општи технички познавања.

Дел од работните задачи и одговорности на работното место:

  • Евиденција на исплата на фактури,
  • Изготвува и книжи компензации, цесии и асигнации,
  • Води евиденција на активни и пасивни временски разграничувања,
  • Врши пресметки и плаќања на закупнини согласно склучени договори,
  • Врши плаќање на персонален данок на доход согласно склучени договори за закупнини и други услуги, ДДВ,данок на добивка и други административни такси и надоместоци,
  • Води аналитичка евиденција на други конта,
  • Изготвување и внесување на интерни налози за книжење
  • Контирање фактури
  • Решава рекламации примени од други банки
  • Отворање на групи на налози за вработени (можност за книжење налози во главна книга).
  • Техничка поддршка/интервенција за отстранување грешки во системски и интерни налози во главна книга,
  • Контирање и обработка на изводи од внатрешен платен промет,
  • Обработка на финансиски налози од благајни, кредитирање, депозитно работење од правни лица и надворешен платен промет,

Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за работно место на локација Битола со договор на определено време од 6 месеци со полно работно време и плата по договор во зависност од компетенциите, стручноста и квалитетот на кандидатот.

Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на македонски јазик на следнaта адреса: [email protected] со назнака во Subject „Стручен соработник за евиденција на фактури и други трошоци“.

Огласот трае до пополнување на позицијата.

Кариера

Стопанска банка вработува: Отворени пет работни позиции во Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави дека бара нови вработени за пет работни позиции. Заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за понудените работни места на Регионалниот саем за вработување, кој ќе се одржи на 28 октомври 2026 година во Скопје.

Банката има потреба од кадар во повеќе области, меѓу кои спречување перење пари, грижа за корисници, маркетинг, платен промет и трезорско работење.

Поконкретно, Стопанска банка бара соработник за спречување перење пари, агент за грижа на корисници, маркетинг специјалист, референт за платен промет и трезорист.

Овие работни позиции опфаќаат различни сегменти од банкарското работење, од директна комуникација со клиентите и обработка на финансиски трансакции, до маркетинг активности, трезорско работење и усогласеност со законските прописи за спречување перење пари.

Учеството на Стопанска банка на Регионалниот саем за вработување претставува можност за заинтересираните кандидати да се запознаат со понудата на работни места и можностите за професионален развој во банкарскиот сектор.

Регионалниот саем за вработување е најавен за 28 октомври 2026 година во Скопје, а во објавата не се наведени дополнителни информации за потребните квалификации, условите за вработување и роковите за аплицирање.

Продолжи со читање

Кариера

iute Macedonia вработува: Отворена позиција за советник за клиенти

Објавено

на

Компанијата iute Macedonia објави оглас за вработување на нов член во својот тим, на позицијата Советник за клиенти – After Sales. Заинтересираните кандидати можат да аплицираат најдоцна до 31 октомври 2026 година.

Од компанијата истакнуваат дека зад секое добро финансиско решение стои разбирањето на потребите на клиентите, нагласувајќи ја важноста на квалитетната комуникација и индивидуалниот пристап.

Новата позиција е наменета за кандидати кои умеат внимателно да ги препознаат потребите на клиентите, да идентификуваат можности и да понудат соодветни решенија што создаваат дополнителна вредност.

„Технологијата ги поврзува услугите. Луѓето го прават искуството подобро“, порачуваат од iute Macedonia, повикувајќи ги заинтересираните кандидати да станат дел од нивниот тим.

Сите заинтересирани кандидати можат да ја испратат својата биографија (CV) на електронската адреса [email protected], најдоцна до 31 октомври 2026 година.

Повеќе информации за огласот се достапни на официјалната веб-страница на компанијата: https://iute.mk/sovetnik-za-klienti/.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка Скопје отвори позиција за банкарски советник

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје објави оглас за вработување на позицијата банкарски советник за експозитура во Скопје.

Од Банката посочуваат дека позицијата е наменета за кандидати кои бараат динамична работна средина, можности за професионален развој и напредување во банкарскиот сектор.

Заинтересираните кандидати можат да ги погледнат деталите за работното место и условите за аплицирање на официјалната веб-страница на НЛБ Банка, во делот за отворени работни позиции.

Со новиот оглас, НЛБ Банка продолжува со проширување на својот тим и привлекување кандидати заинтересирани за кариера во финансискиот сектор.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange