Банки
Одржана работилница на тема: Важноста и влијанието на социјалниот дијалог врз продуктивноста на модерните компании по повод 30 години СФОМ
На 5-ти ноември 2024 година, во „Едукативен Центар Халкбанк“, се одржа работилница на тема „Важноста и влијанието на социјалниот дијалог врз продуктивноста на модерните компании“, организирана од Синдикатот на работниците од финансиските организации во Македонија (СФОМ) во соработка со Халкбанк АД Скопје и Меѓународната организација на трудот (МОТ), по повод 30 години постоење на СФОМ како самостоен синдикат.

Работилницата започна со воведни обраќања од д-р Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје, и м-р Бобан Ристески, претседател на СФОМ, кои ја истакнаа вредноста на социјалниот дијалог како основа за создавање продуктивна и инклузивна работна средина. Следуваа предавања од Емил Крстановски, национален координатор, и Наташа Мечкароска Симјаноска, проектен координатор од МОТ, кои се осврнаа на клучните придобивки од социјалниот дијалог за долгорочен развој на компаниите.

Оваа работилница претставуваше извонредна можност за учесниците да добијат вредни сознанија и практични насоки за значењето на дијалогот помеѓу работодавачите и вработените, како критичен фактор за зголемување на продуктивноста и одржување на позитивна организациска култура.

Банки
НЛБ ќе купи дополнителни 29,38% од Дежелна банка Словенија и ќе го зголеми уделот на 55%
Словенечката банкарска групација Нова Љубљанска Банка (НЛБ) соопшти дека склучила договор за купопродажба на акции со локалниот финансиски холдинг KD Group, со кој ќе стекне дополнителни 29,38% од дематеријализираните акции на Дежелна банка Словенија (DBS).
Со реализацијата на трансакцијата, уделот на НЛБ во DBS ќе се зголеми на околу 55%, со што НЛБ ќе стане мнозински сопственик на банката.
Банки
Халкбанк со Е-Касичка: Штедење при секое плаќање со дебитна картичка
Халкбанк АД Скопје ја промовира услугата „Е-Касичка“, преку која корисниците можат да издвојуваат средства за штедење при секоја трансакција направена со дебитна картичка.
Услугата овозможува дел од средствата при секое плаќање автоматски да се префрлаат на посебна штедна сметка, со што секојдневните трансакции може да се претворат во едноставен начин за постепено создавање заштеда.
Корисниците сами избираат на кој начин ќе штедат. Една од можностите е износот на секоја трансакција да се заокружува, при што разликата се префрла на штедната сметка. Втората опција е при секое плаќање да се издвојува однапред определен фиксен износ.
Од Халкбанк порачуваат дека на овој начин клиентите можат да создаваат навика за штедење без дополнителни активности, користејќи ја својата дебитна картичка за вообичаените секојдневни плаќања.

Повеќе информации за услугата „Е-Касичка“ се достапни на официјалната интернет-страница на Халкбанк.
Банки
Народната банка со награди до 130.000 денари за млади истражувачи
Народната банка ги повикува младите истражувачи да учествуваат на Конкурсот за годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата, банките и банкарските системи.
Целта на наградата е да се поттикнат научноистражувачката работа и развојот на економската мисла, но и да се даде поголема афирмација на младите стручни кадри во земјава.
Право на учество имаат државјани на Република Северна Македонија на возраст до 35 години. Пријавениот истражувачки труд треба да содржи осврт на македонската економија.
Трудовите може да бидат подготвени на македонски, албански или англиски јазик. Дозволено е учество и со веќе објавен труд, под услов тој да е објавен по 1 јануари 2025 година.
За најуспешните истражувачи се предвидени и парични награди. Авторот на прворангираниот труд ќе добие 130.000 денари, додека за второрангираниот труд е предвидена награда од 65.000 денари.
Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2027 година.

Деталите за условите за учество, начинот на пријавување, критериумите за оценување и целокупната постапка се наведени во Конкурсот за доделување на годишната награда на Народната банка за 2027 година.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати јулската пензија
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита





