Connect with us

Банки

ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ – Комерцијална банка ќе подели дивиденда од 910 денари бруто износ по акција

Објавено

на

Комерцијална банка денеска ги објави предлог Одлуките за претстојното Собрание на акционери на Банката, кое ќе се одржи на ден 27.03.2024 година.

Износот на дивиденда, согласно Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2023 година, донесена од Надзорниот одбор на Банката на 20.02.2024 година, изнесува:

  • за 1 обична акција бруто-износ од 910,00 денари, односно 91,0% во однос на номиналната вредност од 1.000,00 денари.

За предложениот износ на дивидендата за 2023 година, акционерите ќе се известат преку Повикот за учество на Годишното собрание на акционери на Банката.

Собранието на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје ќе се одржи на 27.03.2024 година, а датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2023 година, е 11.04.2024 година.

Вкупниот бруто износ на дивиденда што ќе го исплати Комерцијална банка изнесува 33,7 милиони евра.

Ова значи дека акционерите на Комерцијална банка ќе добијат по 819 денари нето износ на дивиденда (откако банката за нив ќе ги одбие и исплати на државата 10 проценти персонален данок).

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2023 година е 08.04.2023 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2023 година е 09.04.2023 година.

Исплатата на дивиденда за 2022 година ќе започне на 25.04.2024 година.

Банки

ЕБОР досега инвестирала 1,1 милијарда евра во Црна Гора, активните проекти вредат 533 милиони

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) од почетокот на своето работење во Црна Гора инвестирала повеќе од 1,1 милијарда евра, а вредноста на нејзиното актуелно портфолио во земјата изнесува 533 милиони евра.

ЕБОР е присутна во Црна Гора од 3 јуни 2006 година и оттогаш финансирала вкупно 114 проекти, преку кои биле ангажирани 1,107 милијарди евра. Од нив, 58 проекти сè уште се активни, додека вкупните исплати и издадените гаранции од почетокот на соработката достигнале 811 милиони евра.

Најголем дел од актуелното портфолио на Банката е насочен кон одржлива инфраструктура. Од вкупно 533 милиони евра, 407 милиони евра, односно околу 76 отсто, се однесуваат на проекти од оваа област.

Во финансиските институции се пласирани 71 милион евра, додека 56 милиони евра се однесуваат на корпоративниот сектор.

Ваквата структура покажува дека најголем дел од активните средства на ЕБОР во Црна Гора се концентрирани во инфраструктурата, енергетиката, транспортот и други проекти опфатени со категоријата одржлива инфраструктура.

Според податоците на Банката, приватниот сектор учествува со 24 отсто во вкупното портфолио, додека уделот на сопственичките инвестиции изнесува само два отсто.

ЕБОР наведува дека нејзините главни приоритети во Црна Гора се подобрување на конкурентноста на приватниот сектор, поддршка на одржливиот туризам и секторот на недвижности, подобрување на поврзаноста и регионалната интеграција, како и зајакнување на енергетската сигурност и енергетската ефикасност.

Според Банката, фокусот е ставен и на проекти што треба да придонесат за посилна регионална поврзаност и поодржлив економски развој на земјата.

Извор: Bankar

Продолжи со читање

Банки

Швајцарија повторно размислува за негативни каматни стапки

Објавено

на

Швајцарската народна банка е подготвена повторно да ја намали клучната каматна стапка под нулата доколку тоа биде потребно за инфлацијата на среден рок да остане во целниот опсег од нула до два проценти.

Членката на раководството на централната банка, Петра Чудин, за весникот „Finanz und Wirtschaft“ изјави дека негативните каматни стапки остануваат една од можните алатки на монетарната политика.

„Ако биде неопходно каматните стапки да ги спуштиме под нулата за среднорочно да ја задржиме инфлацијата во опсег од нула до два проценти, тоа ќе го направиме“, изјави Чудин.

Швајцарската народна банка во јуни 2025 година ја намали клучната каматна стапка на нула и оттогаш ја задржува на тоа ниво.

Инфлацијата во Швајцарија во јули забави на 0,4 проценти, и покрај растот на светските цени на енергијата поради конфликтот на Блискиот Исток.

„Блумберг“ претходно, повикувајќи се на извори, објави дека централната банка има намера да ја задржи каматната стапка на нула до крајот на 2027 година, по што би следувало постепено заострување на монетарната политика.

Швајцарија веќе има искуство со негативни каматни стапки. Клучната камата беше под нулата неколку години, сè до септември 2022 година.

Негативната каматна стапка значи дека банките, наместо да добиваат камата за средствата што ги чуваат кај централната банка, плаќаат за нивното депонирање. Со ваквата политика се настојува банките повеќе средства да пласираат преку кредити, со што би се поттикнале потрошувачката и инвестициите, а со тоа и растот на инфлацијата.

Засега, сепак, Швајцарската народна банка не најавува непосредно воведување негативни камати, туку остава отворена можност за таков чекор доколку инфлацијата остане премногу ниска.

Централната банка одржува четири состаноци годишно, а следната седница е закажана за 24 септември.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со свој тим на Скопскиот маратон

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и годинава е горд спонзор на Скопскиот маратон, а на патеката ќе настапи и со свој штафетен тим составен од вработени во Банката.

Во пресрет на маратонот, кој ќе се одржи на 4 октомври, Комерцијална банка започнува серијал објави преку кои ќе ги претстави своите тркачи и тимскиот дух што стои зад нивниот настап.

Први претставени членови на тимот се Бојан, Ања, Филип и Бранислава, кои заедно ќе настапат како дел од штафетата на Комерцијална банка.

Од Банката велат дека штафетата за нив претставува многу повеќе од спортски предизвик и дека во неа се препознаваат вредностите на доверба, поддршка, заедништво и заедничка цел.

„Некој го диктира темпото и брка рекорди, друг ја носи позитивната енергија од првиот до последниот километар, а сите заедно сме најсилната мотивација“, порачуваат од тимот.

Посебен акцент се става и на меѓусебната поддршка на патеката, каде што, како што велат, никој не трча сам.

„Охрабрување, насмевка, добра енергија и тимски дух. На патеката никој не трча сам. Трчаме со исто срце“, порачуваат од Комерцијална банка.

Од Банката велат дека се горди на своите колеги кои покажуваат силна енергија и тимски дух и надвор од работното место, а мотото со кое ќе настапат е „Полесно е заедно“.

Штафетниот тим на Комерцијална банка ќе биде дел од Скопскиот маратон на 4 октомври.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange