Банки
НЛБ Банка од денес (28.03) започна со предвремена исплата на мартовските пензии
НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионери дека исплатата на пензии на благајна во експозитурите на банката и на банкоматите, започнува од денес (28-ми март – вторник).
Во насока на подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 28-ми март пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.
Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите е креиран согласно висината на пензијата и тоа:
- 28 – ми март (вторник) 2023 година, пензии со висина до 11.000 денари
- 29 – ти март (среда) 2023 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
- 30 – ти март (четврток) 2023 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
- 31 – ви март (петок) 2023 година, пензии со висина над 18.001 денари.
НЛБ Банка ги потсетува клиентите дека имаат можност да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Банки
Халкбанк со донација од 30.000 евра ја реновираше читалната на Економскиот факултет во Скопје
Со цел создавање уште подобри услови за учење, истражување и стекнување знаење за студентите, денес на Економскиот факултет во Скопје свечено беше пуштена во употреба реновираната и модернизирана „Халк Читална“, благодарение на донација од Халкбанк во вредност од околу 30.000 евра.
На настанот присуствуваа ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Мијалче Санта, професори на Економскиот факултет, претставници на Халкбанк и студенти.
Со донацијата се направени суштински подобрувања на инфраструктурата во читалната, вклучувајќи целосна замена и поставување нови енергетски ефикасни прозорци, како и нови теписони, со што просторот се трансформира во попријатна и пофункционална средина за секојдневните академски активности на студентите.
Деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Мијалче Санта, истакна дека читалната е еден од најважните простори на факултетот, токму поради времето што студентите го поминуваат во неа и знаењето што таму го создаваат.
„Една читална се мери според тоа колку часови студентите ќе поминат во неа, колку испити ќе подготват и колку семинарски и дипломски трудови ќе напишат. Токму затоа ни беше важно овој простор да биде обновен, бидејќи условите во кои студентите учат покажуваат колку ние како институција ги цениме. Благодарни сме на Халкбанк што пристапи со прашањето што им е потребно на студентите. Нивната кампања „Важни за младите“ овде добива конкретен облик – преку подобри услови за учење и простор што ќе го користат сегашните и идните генерации студенти“, изјави деканот Санта.
Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, посочи дека обновената читална претставува директна инвестиција во студентите и во академската средина.
„Овој простор е многу повеќе од обновена читална. Тој е инвестиција во знаењето, во академската средина, а пред сè инвестиција во нашите студенти. Универзитетот го сочинуваат неговите наставници и студенти, па затоа условите во кои тие учат, истражуваат, создаваат и ги изразуваат своите идеи се подеднакво важни како и самата настава и истражувањето. Овој пример покажува колку е значајно кога Универзитетот и општествено одговорниот бизнис-сектор соработуваат со заедничка цел – создавање подобри можности за студентите и нивното образование. Искрено ѝ благодариме на Халкбанк за поддршката и за препознавањето на потребите на академската заедница“, истакна ректорката Ангелова.
Директорот на Халкбанк, д-р Фатих Шахбаз, посочи дека поддршката за Економскиот факултет е дел од пошироката определба на банката за вложување во младите и нивниот професионален развој.
„За Халкбанк, оваа донација е многу повеќе од инвестиција во подобрување на еден простор. Таа е инвестиција во студентите кои ќе го користат, во нивното знаење, развој и иднина. Затоа сакаме да придонесеме младите да имаат квалитетни услови за учење, но и можности стекнатото знаење да го поврзат со практично искуство. Нашата повеќегодишна соработка со Економскиот факултет токму тоа го овозможува, поврзување на академското знаење со реалниот деловен свет, преку студентски практики, професионален развој и можности за кариера. За нас ова е начинот на кој партнерството добива вистинска вредност, не само да поддржиме една институција, туку да бидеме партнер на генерациите кои ќе ја создаваат економијата на иднината“, посочи Шахбаз.
Реновирањето на читалната е уште еден чекор во ова партнерство, со заедничка цел да се создадат услови во кои знаењето, практичното искуство и новите идеи ќе можат да се развиваат.
За Халкбанк, поддршката на образованието е дел од пошироката општествена одговорност на банката и определбата да биде партнер на младите, образовните институции и заедницата.
„Халк Читална“ продолжува да биде место за учење и истражување, но и простор во кој можат да започнат нови идеи, професионални контакти и идни кариери.
Банки
Црна Гора ги заострува правилата за банките: казни до 40.000 евра за прекршување на обврските
Црна Гора подготвува построги правила за работењето на кредитните институции, со посебен акцент на интерните контроли, управувањето со ризиците и супервизорските овластувања на Централната банка.
Предлог-измените на Законот за кредитни институции, кои веќе се во собраниска процедура, предвидуваат попрецизни услови што ќе треба да ги исполнуваат раководителите на функциите за интерна контрола во банките.
Според предложените измени, раководителите на овие функции ќе мора да ги исполнуваат критериумите за соодветност, односно да имаат релевантно знаење, вештини и искуство за вршење на задачите поврзани со интерната контрола.
Целта е појасно да се дефинира одговорноста во клучните контролни функции во банките, особено во делот на управување со ризици, усогласеност на работењето и функционирање на системите за внатрешна контрола.
Предлог-законот предвидува и пошироки измени во регулаторната рамка, вклучително и во областа на супервизијата, регулаторниот капитал, известувањето, статутарните промени, финансиските холдинзи и работењето на филијали на кредитни институции од трети земји.
Најголемо внимание привлекуваат казнените одредби. За низа прекршувања на законските обврски, кредитните институции би можеле да бидат казнети со 20.000 до 40.000 евра.
Санкциите се однесуваат на пропусти во управувањето, интерните контроли, регулаторниот капитал, известувањето и постапувањето по барањата на Централната банка на Црна Гора.
Казни се предвидени и за одговорните лица. За одговорно лице во правно лице глобата би се движела од 5.000 до 20.000 евра, за претприемач од 5.000 до 30.000 евра, додека физичко лице за одредени прекршоци би можело да биде казнето со 3.000 до 15.000 евра.
Измените се дел од понатамошното усогласување на црногорската банкарска регулатива со правото на Европската унија. Владата на Црна Гора го утврди предлог-законот на 1 октомври и предложи Собранието да го разгледува по итна постапка.
Банки
Во Албанија силен раст на побарувачката за кредити: над 90 илјади апликации за шест месеци
Побарувачката за кредити во Албанија забележува силен раст. Според најновите податоци на Bank of Albania, во првата половина од 2026 година биле поднесени околу 90.380 кредитни апликации, што е за 22 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година.
Од вкупниот број барања, околу 63.000 биле одобрени, додека 30,4 проценти биле одбиени.
Особено впечатлива е разликата меѓу банките според сопственичката структура. Кај банките со странски капитал стапката на одбивање достигнала 38,3 проценти, додека кај домашните банки била значително пониска – 11,1 проценти.
Податоците укажуваат дека расте не само бројот на кредитни барања, туку и обемот на новоодобрени кредити. Во првите осум месеци од 2026 година, вредноста на новоодобрените кредити се зголемила од 272,6 милијарди леки на 301,5 милијарди леки.
Овие бројки покажуваат дека кредитната активност во Албанија се засилува, но истовремено отвораат и прашања за критериумите според кои различни банки ги одобруваат или одбиваат барањата.
Разликата меѓу домашните и странските банки е особено интересна, бидејќи сугерира дека пристапот до кредит може значително да зависи од политиките за управување со ризик, интерните критериуми и профилот на клиентите што секоја банка ги финансира.
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Банкипред 2 месециНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот
-
Анализипред 1 месецМакедонија ќе има два система за инстант плаќања: КИБС Инстант и мобилна апликација „Стрела“ преку КИБС и TIPS Clone преку Народната банка
-
Колумнипред 2 месециКој ќе биде македонскиот Revolut?
-
Осигурувањепред 2 месециЗОИЛ Македонија го смени името во Алта Осигурување, седиштето се сели во Скопје
-
Банкипред 1 месецКристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува ИТ професионалец – Специјалист за ИТ за независна валидација

