Connect with us

Банки

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 53. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 53. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 19 декември 2024 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 10 декември 2024 година (вторник).

Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Банки

Халкбанк со пакет за жени претприемачки: Кредит до 500.000 евра и повеќе поволности

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје нуди пакет наменет за жени претприемачки, со финансиска поддршка и повеќе поволности за развој и унапредување на бизнисот.

Во рамки на понудата е достапен кредит до 500.000 евра, со рок на отплата до 120 месеци. Пакетот вклучува и водење сметка без месечен трошок, како и електронско банкарство без надоместок.

Корисничките добиваат и деловна Mastercard картичка без надоместок за издавање, како и повисоки каматни стапки за различни типови орочени депозити.

Дополнително, пакетот вклучува подарок годишна полиса за патничко осигурување со покриеност до 30 дена.

Од Халкбанк посочуваат дека понудата е креирана со цел да им овозможи на жените претприемачки полесен пристап до финансиски средства и услуги потребни за развој на нивниот бизнис.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со TOPSI картичка за млади: 0 денари месечни трошоци и повеќе дигитални поволности

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја промовира TOPSI картичката наменета за млади, со повеќе дигитални поволности и без месечни трошоци.

Со TOPSI картичката, корисниците имаат пристап до банкарски услуги 24 часа дневно, брзи трансфери преку TOPSI Pay, како и можност за користење на Apple Pay и Google Pay.

Дополнително, за корисниците на картичката е достапен и 20 проценти попуст на курсеви од Семос Едукација.

Од банката порачуваат дека TOPSI е создадена за младите кои сакаат брз, едноставен и дигитален пристап до секојдневното банкарство.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка нуди потрошувачки кредит до 1.000.000 денари со одобрување за 24 часа

Објавено

на

АЛТА банка нуди потрошувачки кредит во износ до 1.000.000 денари, со можност за одобрување во рок од 24 часа, информираат од банката.

Според објавените информации, кредитот е наменет за различни лични потреби и планови на граѓаните, а постапката за аплицирање е брза и едноставна.

„Кога одлуката не треба да чека“, порачуваат од АЛТА банка во објавата со која го промовираат потрошувачкиот кредит.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалните канали на банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange