Останато
Најмасовната еколошка акција – „Генералка викенд“ годинава со рекордни 55.627 волонтери и над 645.000 кг собран отпад
Рекордно учество од 55.627 волонтери и повеќе од 645 илјади килограми собран отпад на територија на сите општини во земјава – ова се резултатите од годинешнава, петта јубилејна еколошка акција „Генералка Викенд“ која се одржа од 9 до 11 мај. Во тридневната акција беа вклучениповеќе од 600 владини и невладини организации и институции, со логистичка и партнерска поддршка од голем број компании, обединети во заедничка цел за почиста и поздрава Македонија.
Главен стратешки партнер на „Генералка Викенд“, четвртагодина по ред е Пивара Скопје, а поддршка има и од официјалните партнери: Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасебанка, ЕВН Македонија, Макстил, Бучим Боров Дол, Саубермахер и Костал. Акцијата, која е во организација на Мен енд маунтен беше поддржана и од ЗЕЛС и Црвениот крст на Р.С. Македонија.
Според резултатите ова е најмасовната и најуспешната еко-акција во земјава.
„Ја поздравувам иницијативата „Генералка викенд“ како најмасовна волонтерска акција. Ние како Влада и како Министерство за животна средина и просторно планирање ги поддржуваме сите акции во кои се покажува силна иницијатива, јака волја, инклузивност и желба да бидеме дел од промените со кои ќе се овозможи подобра иднина за нас и за следните генерации. На нашиот пат кон Европа, треба да се однесуваме европски. Министерството за животна средина и просторно планирање активно работи на воспоставување на системот на интегрирано и одржливо управување со отпадот“, изјави Министерот за животна средина Изет Меџити.
Во рамки на акцијата беше организирана и едукативната иницијатива „Генералка Викенд -ЕКО ЧАС“, реализирана во партнерство со Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ. Во неа беа вклучени повеќе од 36.000 ученици и 1.900 наставници, кои низ различни активности во своето опкружување придонесоа за почиста животна средина, а резултатите од нивниот труд беа презентирани во училиштата.
Почнувајќи од 2021 година, па досега, во еко акцијата„Генералка Викенд“ учествувале над 100.000 волонтери, а собран е повеќе од 1,5 милиони килограми отпад“.
“Континуитетот и растот на „Генералка Викенд“ низ годиниве се доказ дека ваквите еко-иницијативи може да имаат сериозно позитивно влијание во општеството. Резултатите постигнати во изминативе пет години покажуваат дека кога ќе се здружат граѓаните, институциите и бизнис секторот промената е неизбежна. Вредноста на оваа акција не е само во бројките туку во градењето свест – бидејќи ова не е прашање само на чиста околина туку и на создавање култура на одговорност и грижа. Оваа акција во целост ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржлив развој“, вели Снежана Савиќ – Димовска, Директорка на секторот за корпоративни политики и одржливост на Пивара Скопје.
Врз основа на меморандумот во траење од 10 години, кој Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми го потпишаа со „Мен енд Маунтен“ во 2022 година, договорено е секоја година по завршувањето на„Генералка Викенд“ во ноември да се реализира вториот дел од волонтерската акција наречена „Сончева Гора“ што е акција за пошумување. Според договорот, на секои 10 килограми собран отпад државата посветува по едно дрво од годишните планови за пошумување. Како резултат на „Генералка Викенд“ 2025 година, согласно договорот со Министерството за земјоделство и Национални шуми на есен ќе биде засадена следната СОНЧЕВА ГОРА посветенана сите учесници во оваа храбра и инспиративна иницијатива.
„Нашето земјоделство е директно зависно од квалитетот на природните ресурси, а секоја активност што го заштитува животниот простор влијае и на подобрувањето на квалитетот на производите што ги добиваме од природата. Ние сме посветени на продолжување на поддршката за вакви иницијативи кои имаат долгорочен ефект на општеството и животната средина“ – изјави Борче Серафимовски, Државен Секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во рамките на овие акции за пошумување, само во изминативе четири години беа засадени над 125.000 садници на различни голи локации: околу езерото Младост во Велес, селото Ќојлија во општина Петровец, во близина на мегалитската опсерваторија Кокино и во општина Старо Нагоричане.
По повод петгодишниот јубилеј на „Генералка Викенд“ од 17 јуни започнува патувачка изложба – „5 години Генералка Викенд“, која ќе биде поставена во сите ЕУ Хаус центри во земјата. Патувачката изложба ќе започне во Тетово, а потоа ќе патува во Струга, Битола, Струмица, Велес, Крива Паланка, и ќе заврши во Скопје, во ноември годинава.
„ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД е доказ дека со посветеност и преданост можеме заедно да создадеме чуда. И покрај сите проблеми во нашата земја, луѓето покажуваат дека имаат моќ за обнова. Благодарност до волонтерите и луѓето во општините“, се заблагодарија Гордана Софија и Ханес Јеклод Мен енд Маунтен.
„Генералка Викенд“ е најголемата и најмоќна граѓанска еко акција во земјава, која ги поврзува институциите, граѓаните, младите, компаниите и медиумите во заедничка мисија – живот во чиста, здрава и зелена Македонија.
Бизнис
Скопје ја отвора регионалната дискусија за иднината на микрофинансирањето
Останува уште една недела до почетокот на MicroBalkans 2026 – „Lending Reimagined“, регионалната конференција која по Сараево и Дубровник, на 24 и 25 септември ја носи во Скопје дискусијата за иднината на кредитирањето, микрофинансирањето и новите модели на финансирање.
Како ќе изгледа финансирањето на бизнисите во иднина? Кои можности ги отвораат дигитализацијата, финтек иновациите и алтернативните модели на финансирање? Како да се олесни пристапот до капитал за граѓаните, претприемачите и микро, малите и средните претпријатија, во услови кога сè потешко доаѓаат до средства преку традиционалните извори на финансирање?
Ова се дел од прашањата што ќе бидат во фокусот на MicroBalkans 2026, која ќе обедини над 200 учесници од повеќе од 15 земји и на едно место ќе ги поврзе финансиските институции, инвеститорите, регулаторите, претприемачите и експертите од земјата, регионот и Европа.
Со приближувањето на настанот, MicroBalkans 2026 се најавува како значајна регионална средба и за младите претприемачи, основачите на стартапи, сопствениците на микро, мали и средни претпријатија, како и за професионалците од банкарскиот, небанкарскиот, финтек и ИТ секторот кои сакаат да ги следат најновите трендови и да откријат нови можности за раст и соработка.
На конференцијата свое воведно обраќање ќе има проф. д-р Трајко Славески, гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија.
„Финансискиот сектор има значајна улога во економскиот развој преку насочување на капиталот кон продуктивни инвестиции и претприемништво. Во услови на забрзана дигитализација и технолошки развој, финансискиот систем се трансформира, што бара навремено следење на новите трендови и ризици. MicroBalkans 2026 е значајна можност за размена на искуства за новите модели на финансирање, дигитализацијата и примената на новите технологии, како и за продлабочување на регионалната соработка. За Народната банка, развојот на стабилен, сигурен и ефикасен финансиски систем, усогласен со европските и меѓународните стандарди, останува приоритет“, посочува Славески.
Во официјалниот дел и на церемонијата на отворање, свои обраќања ќе имаат и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, и Никола Јошевски, претседател на Групацијата на небанкарски финансиски друштва.
На конференцијата ќе учествуваат домашни, регионални и меѓународни експерти, претставници на финансиски институции, инвестициски и развојни фондови, финтек компании, регулатори и професионални организации од регионот и Европа.
Меѓу најавените говорници и панелисти се Висар Перани од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), Рита Колумбија, постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, Габриеле Џуљети од Банка Етика, Јоргос Пападакис од Европската микрофинансиска мрежа, Амра Омерагиќ од Finance in Motion, Алберто Дидони од Development Guarantee Group, Никола Башановиќ од Централната банка на Црна Гора, Елма Жукиќ од Здружението на микрофинансиски институции во Босна и Херцеговина (AMFI), Арлинда Муја од Kredo и Албанското здружение за микрофинансирање, Милена Ханеш од Microfin, Слободан Раковиќ од Iute Group, Ана Кентера од Alter Modus, Георги Роуков од Credissimo, Теодор Тодоровски од P2P.mk, Бјанка Катру од M Cash и, како и други истакнати претставници на финансискиот и микрофинансискиот сектор од регионот и Европа.
Панелите ќе понудат одговори на клучни прашања: зошто небанкарското финансирање е важно за регионот, кои дигитални модели функционираат на локалните пазари, како да се надмине јазот во микрофинансирањето, од каде доаѓа капиталот за раст и кои регулаторни промени се очекуваат од 2027 година. Дел од дискусиите ќе бидат посветени и на современите модели на наплата, управувањето со ризици и градењето одговорен однос со клиентите.
Настанот ќе отвори простор за директно поврзување со финансиски институции, потенцијални инвеститори, партнери и носители на одлуки, создавајќи основа за нови соработки и деловни можности.
MicroBalkans 2026 ќе обедини над 200 учесници од повеќе од 15 земји, потврдувајќи ја улогата на конференцијата како значајна регионална платформа за размена на знаења, градење партнерства и развој на иновативни решенија за иднината на финансискиот сектор. Конференцијата ќе придонесе кон создавање поинклузивен, подигитализиран и поодржлив финансиски екосистем, со силен фокус на поддршка на претприемништвото и економскиот развој.
Конференцијата ќе се одржи на 24 и 25 септември 2026 година во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје. Организирана од Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија, во партнерство со Алијансата на Западен Балкан (Western Balkans Alliance) и Европската микрофинансиска мрежа (European Microfinance Network), MicroBalkans 2026 се позиционира како водечка регионална платформа за микрофинансирање, финансиска инклузија и дигитална трансформација на финансиските услуги.
Пријавите за учество се сѐ уште отворени, а сите заинтересирани претприемачи, финансиски професионалци, институции, компании и партнери имаат можност во следните неколку дена да се приклучат кон регионалната сцена што во Скопје ќе разговара за иднината на финансирањето.
ПР објава
Останато
Одбележан денот на пензиската свесност – Институциите и пензиските друштва обединети за поголема финансиска писменост кај младите
Денеска, во просториите на СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје, со свечен настан беше одбележан 15 Септември – Денот на пензиска свесност. Настанот, организиран од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ и Асоцијацијата на Друштва за управување со пензиски фондови на Северна Македонија, имаше за цел унапредување на финансиската писменост кај младите и зајакнување на соработката помеѓу образовниот, институционалниот и бизнис секторот.
Централен дел на настанот беше свеченото потпишување на Меморандумот за соработка меѓу МАПАС и СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје. Меморандумот предвидува реализација на заеднички едукативни активности, спроведување на практична настава, учење преку работа и феријална практика за учениците во престојната учебна 2026/2027 година. Целта на оваа соработка е подобро подготвување на младите за нивниот понатамошен образовен и професионален развој преку директно запознавање со функционирањето на финансискиот и пензискиот систем.
Настанот го отвори директорот на СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје, Александар Мијоски, кој им посака добредојде на присутните и изрази благодарност за укажаната чест училиштето да биде домаќин на ваков значаен настан. Тој особено се заблагодари за континуираната поддршка од институциите и за можноста што им се нуди на учениците преку практичната настава да се стекнат со реални вештини.
Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Ремзи Бајрами, се осврна на потребата од рана финансиска едукација и важноста од поврзување на теоријата со реалниот сектор.
„Финансиските навики се создаваат рано. Одлуките што ги носиме денес, начинот на кој размислуваме за парите, штедењето, планирањето и иднината, постепено го определуваат нашиот финансиски пат. Знаењето за финансии не е дополнителна вештина, тоа е животна вештина. Со потпишувањето на овој Меморандум не воспоставуваме само формална соработка помеѓу две институции, туку воспоставуваме мост помеѓу образованието и практиката“, истакна Ремзи Бајрами, претседател на Советот на експерти на МАПАС.
Во рамките на настанот беше промовирано и новото едукативно видео „Твојата патека, твоја иднина“, кое е дел од долгогодишната едукативна кампања „Засади желба“, која ја реализираат пензиските друштва со поддршка на МАПАС. Претседателот на Асоцијацијата на Друштва за управување со пензиски фондови на Северна Македонија ја истакна клучната порака на кампањата, дека навременото донесување финансиски одлуки и разбирањето на личната сопственост врз средствата во вториот столб претставуваат важен чекор кон посигурна иднина.
„Финансиската писменост не е знаење што се стекнува на крајот од работниот век, туку вештина што се гради уште од почетокот на професионалното формирање. Годинава, по шести пат ја промовираме кампањата „Твојата патека, твоја иднина“, со која сакаме да испратиме јасна порака: иднината не се случува сама по себе. Таа се создава преку одлуките што ги носиме денес. Вториот пензиски столб претставува значаен дел од таа иднина. Средствата што се акумулираат на индивидуалните сметки се лична сопственост на секој член“, истакна Маријан Николовски, претседател на Асоцијацијата на Друштва за управување со пензиски фондови на Северна Македонија.
Во таа насока, тој упати и директна порака до младите, потсетувајќи ги дека нивната финансиска иднина започнува да се гради од самиот момент на потпишување на првиот договор за вработување.
Со одбележувањето на овој ден, институциите и пензиските друштва испратија обединета порака дека активното вклучување на компаниите во образовниот процес и финансиската писменост се неопходни предуслови за создавање услови младите успешно да ја градат својата иднина во нашата држава.
Бизнис
Flex Credit и емисијата „Срце на дланка“ четврта година по ред опремуваат домови за 20 социјално загрозени семејства
Финансиското друштво Flex Credit ја продолжи својата благородна мисија и четврта година по ред застана како главен партнер зад хуманитарната ТВ емисија „Срце на дланка“. Преку оваа долгогодишна и традиционална соработка, Flex Credit и оваа година обезбеди конкретна помош и донација во бела техника за опремување на новите домови на 20 социјално загрозени семејства ширум Македонија.
Во рамките на овогодинешниот хуманитарен циклус, со донираните апарати за домаќинство на социјално загрозените семејства им се овозможија основни, хумани и современи услови за живеење.
За Flex Credit, партнерството со „Срце на дланка“ е еден од најзначајните столбови во рамки на платформата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, бидејќи директно внесува сигурност и топлина во домовите каде што помошта е најпотребна.
„Четири години соработка со ‘Срце на дланка’ не се само бројка, туку се 20 нови приказни секоја година, стотици насмевки и вратена надеж кај луѓето на кои животот им донел тешки предизвици. Веруваме дека секој човек заслужува топол и функционален дом. Затоа, поддршката со нова бела техника за овие 20 семејства оваа година е наш скромен придонес кон создавање подобра и похумана иднина за целото општество,“ потенцираат од Flex Credit.
Со оваа долгорочна соработка, Flex Credit уште еднаш покажа дека вистинските лидери на пазарот се препознаваат по својата емпатија, хуманост и континуирана поддршка за најранливите категории граѓани.
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Банкипред 1 месецПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 1 месецНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 1 месецОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје





