Connect with us

Банки

Зорица Колева, Владимир Георгиевски и Оливер Крџев се најдобрите банкарски службеници од Комерцијална банка во 2023 година

Објавено

на

Зорица Колева, Владимир Георгиевски и Оливер Крџев се најдобрите банкарски службеници од Комерцијална банка во 2023 година.

По повод Денот на штедењето, 31 Октомври, Комерцијална банка и оваа година ги награди своите најдобри банкарски службеници, кои имаат значаен придонес, меѓудругото, и за растот на депозитите и на довербата на штедачите.

Признанијата им беа врачени на традиционалната прослава за Денот на штедењето, организирана од Македонска банкарска асоцијација

“На колегите им честитаме и им посакуваме уште многу успеси и достигнувања. Банката се гордее со нивниот успех, но и со нивната посветеност и труд кои придонесуваат за севкупна поголема финансиска инклузија на населението и на компаниите во земјава.” – велат од Банката.

Банки

Светска банка мобилизира рекордни 112 милијарди долари приватен капитал

Објавено

на

Светска банка објави дека во фискалната година завршена во јуни мобилизирала рекордни 112 милијарди долари приватен капитал, што е значително повеќе од 69 милијарди долари една година претходно и повеќе од тројно во споредба со 2022 година.

Заедно со сопствените средства од 123 милијарди долари, Банката во текот на годината одобрила вкупно 235 милијарди долари за развојни проекти.

Околу 40 проценти од средствата биле насочени кон инфраструктурни проекти, додека 26 проценти биле наменети за регулаторни реформи.

Претседателот на Светска банка, Аџај Банга, има цел во следните две до три години учеството на приватниот капитал да се зголеми на повеќе од 200 милијарди долари. Фокусот е ставен на привлекување институционални инвеститори и отстранување на пречките што ги ограничуваат инвестициите во земјите во развој.

Во таа насока, Банката работи на стандардизација на кредитните аранжмани, скратување на времето за одобрување проекти и зајакнување на соработката со финансиските институции.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со промотивни камати до 3,5% за орочени депозити

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје нуди промотивни каматни стапки за орочениот депозит „МОЈ ПЛАН“, со можност за штедење во денари и евра.

Според објавата на Банката, каматната стапка изнесува до 3,5 проценти годишно за депозити во денари и до 2,6 проценти годишно за депозити во евра.

Промотивните каматни стапки се гарантирани за сите депозити орочени на период од 25 месеци.

Понудата важи до крајот на септември, а повеќе информации за условите се достапни на веб-страницата на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Банки

ЦЕБ одобри грант од 250.000 евра за високото образование во Македонија

Објавено

на

Развојната банка на Советот на Европа (ЦЕБ) потпиша договор со Владата на Северна Македонија за доделување грант во износ од 250.000 евра за поддршка на високото образование во земјава.

Средствата ќе бидат обезбедени преку Шпанската сметка за социјална кохезија на ЦЕБ.

Како што објави SeeNews, договорот е потпишан на 16 септември, а грантот е наменет за активности поврзани со унапредување на високото образование.

Повеќе детали за конкретната намена на средствата не се наведени во јавно достапниот дел од информацијата.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange