Connect with us

Банки

Мируше Адеми – Мема е најдобра банкарскa службеничка од Капитал Банка за 2024 година

Објавено

на

На настанот по повод Светскиот ден на штедењето, кој се одржа на 31.10.2024 година, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити, беа избрани најдобрите банкарски службеници со постигнати особени резултати во нивната работа.

Како и секоја година, одбележувајќи го Светскиот ден на штедењето, Капитал Банка избра најдобар банкарски службеник, кој се истакна во своето работење и покажа високи остварувања во делот на клиентската услуга и продажбата за 2024 година.

Мируше Адеми – Мема од експозитура Тетово ја доби наградата за најдобар банкарски службеник во Капитал Банка.

Банки

Халкбанк ги направи своите услуги достапни и во Пошта

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги проширува своите услуги и ги прави подостапни за граѓаните преку шалтерите на Пошта.

Како што информираат од банката, корисниците во Пошта ќе можат да извршуваат платен промет, да поднесуваат документи за отворање платежна сметка, како и да аплицираат за дебитна картичка.

Дополнително, ќе бидат достапни услуги поврзани со електронското и мобилното банкарство, како и информации за кредитните и депозитните производи на Халкбанк.

Со ова, дел од услугите што досега клиентите ги користеа во експозитурите на Халкбанк ќе можат да ги добијат и преку Пошта, со цел тие да бидат поблиску и полесно достапни за корисниците.

Продолжи со читање

Банки

Централна кооперативна банка со нов четиригодишен мандат за двајца членови на Надзорниот одбор

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје соопшти дека на 16 септември 2026 година Народната банка на Република Северна Македонија издала решенија со кои е дадена претходна согласност за повторно именување на Тихомир Ангелов Атанасов и Христо Георгиев Христов за членови на Надзорниот одбор на Банката.

Согласноста е издадена за нов четиригодишен мандат, со што двајцата членови продолжуваат со своето учество во работата на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје.

Издавањето на претходната согласност од страна на Народната банка претставува дел од регулаторната постапка за именување членови на органите на управување и надзор во банките.

Со повторното именување се обезбедува континуитет во работата на Надзорниот одбор и во остварувањето на неговите надлежности во согласност со законската и регулаторната рамка.

Продолжи со читање

Банки

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Објавено

на

На 28 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?), од авторот Стефан Таневски. Авторот е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година.

По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.   

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange