Connect with us
no baners

Осигурување

Масовна и успешна крводарителска акција по повод Денот на осигурувањето! Крв даруваа над 60 вработени во АСО и во осигурителни компании

Објавено

на

Под мотото „Солидарноста живот спасува“ крводарители од АСО и од десет осигурителни компании органзираа акција која медицинските лица и претставниците на Црвениот крст ја оценија како многу успешна и една од најмасовните на територија на Град Скопје.

Над 60 единици крв даруваа вработени во АСО и во осигурителните компании во крводарителската акција што по повод Денот на осигурувањето – 1 ноември, за прв пат ја организираше Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Медицинскиот персонал на Институт за трасфузиона медицина и на претставниците на Црвениот крст кои ја спроведоа оваа акција ја оценија како исклучително успешна и воедно потенцираа дека е една од најмасовните на територијата на Град Скопје.

Иницијативата на вработените во АСО за дарување крв ја поддржаа и крводарители од осигурителните компании и во неа земаа учество крводарители вработени во „Македонија осигурување ВИГ“, „Еуролинк“, „Кроација осигурување – неживот“, „Сава осигурување“, „Евроинс осигурување“,

„Кроација осигурување – живот“, „Винер Лајф“, „Прва живот“, „Граве“ и „Триглав осигурување – живот“.

Меѓу крводарителите на акција што се одржа вчера во просториите на АСО беа и Крсте Шајноски, претседателот и Злате Симоновски член на Советот на експерти при АСО. Шајноски се заблагодари на сите крводарители за масовниот одзив и истакна дека мотив за оваа акција на АСО бил принципот

на солидарност кој е постулат и водилка на осигурителната дејност. И токму неговото значење го докажале преку масовното дарување крв по повод денот на осигурувањето – 1 ноември.

Во рамки на своите активности по повод Денот на осигурувањето, покрај крводарителската акција, годинава АСО огранизираше едукативни средби со ученици и граѓани, а традиционално додели и награда за најдобар научно-истражувачки труд од областа на ризиците и осигурувањето.

Осигурување

Реизбран Управниот одбор на Македонија осигурување – мандатот продолжен до септември 2029

Објавено

на

„Македонија осигурување“ АД Скопје – Виена Иншуренс Груп изврши реизбор на претседателот и членовите на Управниот одбор, со мандат до 30 септември 2029 година.

Како што информира компанијата преку Македонската берза, врз основа на одлука на Надзорниот одбор и по добиените согласности од Агенцијата за супервизија на осигурување, за претседател на Управниот одбор повторно е избран Бошко Андов.

Истовремено, за членови на Управниот одбор повторно се избрани Весна Ѓорчева и Татјана Димов.

Од компанијата наведуваат дека промената е успешно запишана и во Трговскиот регистар што се води при Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Со реизборот, постојниот состав на Управниот одбор на „Македонија осигурување“ продолжува да раководи со компанијата во следниот тригодишен период, односно заклучно со 30 септември 2029 година.

Известувањето е објавено согласно правилата за котација на Македонската берза, кои предвидуваат објавување на промените во органите на управување и надзор кај котираните друштва.

Продолжи со читање

Осигурување

Халк Осигурување со нов Управен одбор, Ило Ристовски именуван за генерален директор

Објавено

на

Халк Осигурување АД Скопје го претстави новиот состав на Управниот одбор на компанијата.

За претседател на Управниот одбор и генерален директор е именуван Ило Ристовски, додека Селин Шакарер и Елена Петровска се членови на Управниот одбор.

Од компанијата информираат дека новото раководство ќе биде задолжено за понатамошното управување и развој на Халк Осигурување на домашниот осигурителен пазар.

Халк Осигурување работи на македонскиот осигурителен пазар, а компанијата промената во раководството ја објави под корпоративната порака „Градиме сигурност“.

Со новиот состав на Управниот одбор, компанијата влегува во нов период на управување, со фокус на развојот на осигурителните услуги, унапредувањето на понудата и зајакнувањето на позицијата на пазарот.

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување на нова адреса во Струга

Објавено

на

Од 1-ви октомври, 2026 година, Триглав Осигурување во Струга продолжува со работа на нова адреса – ул. Пролетерски Бригади бр.39.

Преселбата на нова локација е дел од нашите континуирани напори за обезбедување подобро корисничко искуство. Новите простории се наоѓаат во непосредна близина на досегашната експозитура, овозможувајќи лесен и едноставен пристап за клиентите и партнерите.

„Новата локација на експозитурата во Струга е можност за нас да создадеме уште подобра средина за работа и комуникација и дополнително да ја зајакнеме довербата што ја градиме со нашите клиенти. Нашата посветеност останува непроменета – да бидеме сигурен и доверлив партнер во сите животни ситуации“, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

Во новите простории, ќе продолжиме да бидеме на располагање на нашите клиенти за сите прашања и потреби, поврзани со нашите производи и услуги.

Ви благодариме за довербата и ве очекуваме на нашата нова адреса.

Новата локација на Триглав Осигурување во Струга е на следниот линк:
https://maps.app.goo.gl/oc3dB6kKgdofPK3p8

ПР објава

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange