Connect with us

Банки

ЛЕТЕН ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ, НОВ ПРОИЗВОД ОД ШПАРКАСЕ БАНКА

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје и понатаму продолжува да работи во насока на задоволување на потребите на своите клиенти, да го следи пазарот и да креира најдобри понуди. Па така, во период на летните одмори, Шпаркасе Банка го претстави својот нов производ.

Новиот Летен потрошувачки кредит наменет за патување, со фиксна каматна стапка за целиот период од 5,3%, максимален износ до 180.000 денари и рок на отплата до 48 месеци, е активен од 1.7.2024 до 31.8.2024 година и е со вклучена полиса за животно/неживотно осигурување.

Дополнително на ова, Шпаркасе Банка за сите свои клиенти што ќе платат со картичка (дебитна или кредитна) од Шпаркасе Банка во туристички агенции – партнери на Банката, обезбеди дополнителни попусти за нивните аранжмани.

Понудата е дизајнирана за да ги олесни финансиските оптоварувања, дозволувајќи им на клиентите да се фокусираат на создавање незаборавни спомени и да уживаат во одморот што го заслужуваат.

Повеќе информации на sparkasse.mk

Банки

Кредитите во август пораснале за 13,6 отсто, депозитите за 9 отсто

Објавено

на

Кредитната активност на банките во август годинава забележала раст од 0,7 отсто на месечно и 13,6 отсто на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Раст е забележан и кај кредитите на домаќинствата и кај корпоративниот сектор.

Вкупните депозити, пак, во август се зголемиле за 1,6 отсто во однос на претходниот месец, додека на годишна основа растот изнесува 9 отсто. Зголемување е регистрирано и кај депозитите на домаќинствата и кај компаниите.

Кај корпоративниот сектор, депозитите пораснале за 6,2 отсто на месечно и 6,1 отсто на годишно ниво. Кредитите на компаниите, пак, во август се зголемиле за 0,6 отсто на месечно ниво, додека годишниот раст забрзал на 15,1 отсто. Зголемувањето целосно произлегува од кредитирањето во домашна валута.

Депозитите на населението во август се намалиле за 0,4 отсто во однос на јули, но на годишна основа се повисоки за 10,2 отсто. Орочените депозити на домаќинствата пораснале за 0,6 отсто месечно и за 5,8 отсто годишно.

Кредитите на населението продолжиле да растат, и тоа за 0,7 отсто на месечно и 12,3 отсто на годишно ниво. Потрошувачките кредити бележат годишен раст од 12,2 отсто, а станбените кредити од 16,2 отсто.

Истовремено, паричната маса во август се зголемила за 1,3 отсто на месечно и за 8,2 отсто на годишно ниво.

Продолжи со читање

Банки

ЕЦБ и европските централни банки бараат промена на правилата за резервите на стејблкоините

Објавено

на

Европската централна банка и националните централни банки во Европската Унија предлагаат да се укине обврската издавачите на стејблкоини да чуваат минимален дел од своите резерви како депозити во банки, објави Reuters.

Во моментов, според правилата на MiCA, издавачите на стејблкоини треба да чуваат 30 отсто од резервите како банкарски депозити, а кај поголемите издавачи тој удел изнесува 60 отсто. Централните банки предлагаат ова правило да се замени со барање одреден минимален дел од резервите да биде вложен во средства што доспеваат во рок од еден до пет работни дена.

Според Европскиот систем на централни банки, чувањето на резервите како банкарски депозити може да ја промени структурата на финансирање на банките, бидејќи постабилните депозити на граѓаните би можеле да бидат заменети со депозити од издавачи на стејблкоини, кои се почувствителни на пазарни движења.

Европските монетарни власти предупредуваат и на ризиците поврзани со таканаречените модели на повеќекратно издавање на стејблкоини, кај кои токените издадени во ЕУ се третираат како заменливи со оние издадени надвор од Унијата. Според нив, ваквите модели можат да создадат ризици за финансиската стабилност.

Централните банки дополнително укажале дека европските регулатори се соочуваат со значителни предизвици во спроведувањето на правилата за крипто-секторот, бидејќи дел од компаниите што не се усогласени со прописите и натаму имаат пристап до клиенти во ЕУ.

Продолжи со читање

Банки

Околу 80 вработени во Стопанска банка даруваа крв во крводарителска акција

Објавено

на

Околу 80 вработени во Стопанска банка АД – Скопје вчера учествуваа во крводарителска акција, покажувајќи хуманост и солидарност преку доброволно дарување крв.

Од Банката истакнаа дека со оваа акција вработените уште еднаш покажале дека и еден мал гест може да има големо значење за оние на кои им е потребна помош.

Стопанска банка упати благодарност до сите вработени кои учествуваа во акцијата, нагласувајќи дека со својата несебичност придонесуваат за поддршка, надеж и шанса за живот.

Крводарителската акција е дел од активностите преку кои Банката и нејзините вработени ја поддржуваат хуманоста и општествената одговорност.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange