Connect with us

Банки

Комерцијална банка горда на својот придонес за успех, кариера и еднаквост на жените

Објавено

на

Да се дигитализира, да ги следи иновациите и технологијата, да ги унапреди вештините на своите вработени се меѓу најважните корпоративни цели на Комерцијална банка. Со ова Банката придонесува за успешна иднина на сите. Исклучително е горда што тоа значи успех, кариера, еднаквост, можности и за 659 жени вработени во Комерцијална банка АД Скопје.

Годинава светот ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената – 8 Март со мотото „DigitALL: Innovation and technology for gender equality” (Дигитализација за сите: Иновации и технологија за родова еднаквост), затоа што тоа е најважната тема во моментот. Новините се случуваат премногу брзо, а промените многу побавно, особено кај женската популација. Светот се плаши од нов дигитален јаз, кој носи уште поголема економска и социјална нееднаквост помеѓу мажите и жените.

Затоа одговорноста на корпоративниот свет е голема. Токму затоа и придонесот на компаниите, како Комерцијална банка, кои можат да се пофалат со 68,57% застапеност на жените во вкупниот број вработени, со две жени во Управниот одбор и со две жени во Надзорниот одбор, како и со учество од 70% на жените во пошироката менаџерска структура на банката, е повеќе од значаен.

Комерцијална банка се гордее со својот придонес за жените да се чувствуваат подеднакво успешни и важни во корпоративниот свет. Но, најважно од сѐ е што ова значи, пред сѐ, нивен економски, професионален и личен напредок.

На 8-ми март се потсетуваме на важноста на жените за успехот на секоја заедница. Но, посветеноста и одговорноста за родова еднаквост треба да бидат секојдневна обврска. Комерцијална банка ги негува овие вредности веќе седум децении!

Банки

Комерцијална банка повторно златен спонзор на Скопскиот маратон

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и годинава е златен спонзор на Скопскиот маратон, еден од најголемите спортски настани во главниот град.

Банката најави посебна КБ зона, каде учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во дополнителни содржини, добра атмосфера и изненадувања и по завршувањето на трките.

Посебно внимание е насочено кон трката „Комерцијална банка 5 км“, за која се предвидени награди за најуспешните натпреварувачи. Првите три места во машка и во женска конкуренција ќе добијат награди во форма на подарок-картички.

Од Комерцијална банка ги повикаа учесниците и навивачите да ја посетат КБ зоната и да бидат дел од атмосферата на Скопскиот маратон.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка денеска ги исплати пензиите

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола ги информира своите клиенти пензионери дека исплатата на пензиите ќе е извршена денеска, 29 септември 2026 година.

Средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на корисниците и ќе бидат достапни за користење преку банкоматите и експозитурите на Банката.

Со тоа, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку АЛТА банка ќе можат да располагаат со средствата во текот на денешниот ден.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка: Времето може да има значајна улога во долгорочното инвестирање

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје, во соработка со НЛБ Фондови АД Скопје, го истакнува значењето на долгорочното и редовното вложување како еден од пристапите за постепено градење на вредноста на инвестициите.

„Износот е ист. Времето прави разлика“, порачуваат од Банката, посочувајќи дека редовните месечни вложувања во подолг временски период можат да имаат значајна улога во акумулирањето на инвестициската вредност.

Од НЛБ упатуваат заинтересираните граѓани да се информираат за можностите за долгорочно вложување преку НЛБ Фондови АД Скопје, при што нагласуваат дека инвестирањето треба да се разгледува во согласност со личните финансиски цели, временскиот хоризонт и подготвеноста за преземање ризик.

Во рамки на актуелната понуда, инвеститорите можат да вложуваат без влезни провизии до 25 декември 2026 година.

Од НЛБ, сепак, нагласуваат дека сите презентирани пресметки се од информативен карактер. Приносите од инвестициските фондови не се гарантирани, а остварените резултати во минатото не претставуваат сигурен показател за идните приноси.

Редовното инвестирање на помали износи е пристап што им овозможува на инвеститорите постепено да градат инвестициско портфолио, без потреба од голема почетна сума. Во подолг период, должината на инвестирањето може да биде важен фактор за конечниот резултат, но вредноста на инвестицијата истовремено зависи и од движењата на финансиските пазари и од избраниот инвестициски фонд.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange