Connect with us

Останато

Кој ќе биде работодавач на годината?

Објавено

на

Трета година по ред настанот „Работодавач на годината“ ќе го даде одговорот на прашањето –Која компанија е најпосакувано место за работа во Македонија?

Организиран од сајтот Вработување.ком, овој настан стана препознатлив белег за корпоративна одговорност, грижа за вработените и култура на работното место. Вечерта ќе биде посветена на оние компании кои – според мислењето на јавноста – не само што нудат добра плата, туку и вистинско чувство на припадност, развој и стабилност.

Ке бидат доделени награди по категрии следејќи ги трендовите на пазарот на труд а оваа година за првпат ќе бидат прогласени прво, второ и трето место во категоријата „Најпосакуван работодавач“ – врз основа на анкетен прашалник дистрибуиран на национално ниво.

 За сите заинтересирани компании и HR професионалци,пак,  ќе биде достапен и специјален извештај од истражувањето – со увид во перцепцијата на брендот како работодавач и анализа на очекувањата на потенцијалните кандидати.

Традиционално најстанот Работодавач на годинaата се поклопува со роденденот на сајтот Вработување.ком кога ќе се прослават и 22 години од отварањето на првиот портал за огласување на работни места.

Настанот ќе се одржи денеска (16 Април 2025), во Хотел Лимак на со почеток во 20:30 часот.

Бизнис

РКЕ објави нови цени на горивата: Дизелот поевтинува, бензините растат

Објавено

на

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на горивата, со која од полноќ ќе важат коригирани износи на малопродажниот пазар.

Според одлуката, дизелот поевтинува за 2,5 денари по литар, додека цените на бензините се зголемуваат за 2 денари. Во просек, цените на нафтените деривати бележат раст од 0,40 проценти.

Покрај тоа, екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 1 денар, додека мазутот има мало поскапување.

Новите максимални цени ќе изнесуваат:

  • Еуросупер БС-95: 82,50 денари за литар
  • Еуросупер БС-98: 84,50 денари за литар
  • Еуродизел: 91,50 денари за литар
  • Екстра лесно масло: 96,00 денари за литар
  • Мазут: 46,656 денари за килограм

Од РКЕ информираат дека промените се резултат на движењата на светските пазари. Според нивните податоци, референтните цени кај бензините се зголемени за 4,268 проценти, додека кај дизелот има пад од 3,760 проценти. Намалување има и кај екстра лесното масло за 1,528 проценти, додека мазутот бележи раст од 1,117 проценти.

Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот е благо намален за 0,0452 проценти во споредба со претходниот период.

Од Комисијата потсетуваат дека станува збор за максимално дозволени цени, што им остава простор на трговците да понудат и пониски износи.

Продолжи со читање

Банки

Државата одбележа 34 години монетарна самостојност: Денарот останува стабилен столб

Објавено

на

Државата одбележа 34 години од воспоставувањето на монетарната самостојност и воведувањето на македонскиот денар, соопшти Министерство за финансии.

Во објавата се наведува дека македонскиот денар низ годините успешно се справувал со бројни економски предизвици и се изгради како стабилна и сигурна валута, која претставува важен столб на националната економија.

Од Министерството посочуваат дека зачувувањето на стабилноста на денарот останува врвен приоритет, бидејќи токму таа стабилност е клучна за обезбедување на поширока економска сигурност.

Воедно, се нагласува дека институцијата е посветена на одржување на макроекономската и фискалната стабилност, како основа за повисок економски раст, зголемување на инвестициите и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Продолжи со читање

Останато

Новиот рок за поднесување на ДДВ пријавите е 27 април

Објавено

на

Управата за јавни приходи ги потсети даночните обврзници дека рокот за поднесување на пријавата за данок на додадена вредност, образец ДДВ-04, за периодите од 1 јануари до 31 март 2026 година и од 1 март до 31 март 2026 година првично е утврден на 25 април.

Бидејќи овој датум паѓа во неработен ден, крајниот рок се поместува на 27 април 2026 година, понеделник.

Според податоците на УЈП, досега се поднесени 13.934 пријави од вкупно очекувани 42.605, односно околу една третина од вкупниот број месечни и тримесечни пријави.

Од институцијата апелираат обврзниците да не го чекаат последниот момент и навремено да ја поднесат документацијата, со цел да се избегнат можни казни и дополнителни трошоци. Воедно, навременото поднесување овозможува поефикасна обработка и подобро планирање на деловните активности.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange