Connect with us
no baners

Банки

Кој ќе биде новиот гувернер на Народната банка? – Клучна одлука за монетарната иднина и стабилност на државата

Објавено

на

no baners

Мандатот на актуелната гувернерка на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежовска завршува на 22 мај 2025 година, точно седум години по нејзиниот избор од страна на Собранието. Изборот на нов гувернер претставува еден од најважните економски и институционални моменти за земјата, особено во период на континуирана инфлација и раст на трошоците за живот.

Како се избира гувернер на Народната банка?

Процедурата за избор на гувернер е строго дефинирана со Законот за Народната банка и опфаќа неколку важни чекори:

  1. Предлог од Претседателот на државата: Процесот започнува со предлог на кандидат од страна на Претседателката на државата, во овој случај Гордана Силјановска-Давкова. Без нејзино позитивно мислење, постапката не може да продолжи. Претседателот предлага кандидат за гувернер, кој потоа се доставува до Собранието на Република Северна Македонија.
  2. Гласање во Собранието: Предложениот кандидат се поднесува на гласање пред Собранието на Република Северна Македонија. За избор е потребно просто мнозинство, односно најмалку 61 глас од вкупно 120 пратеници.
  3. Мандат: Гувернерот се избира на мандат од седум години, со можност за реизбор.

Кандидатот за гувернер треба да биде државјанин на Република Северна Македонија со соодветна репутација, најмалку високо образование и професионално или академско искуство во областа на економијата, финансиите, банкарството или правото. Дополнително, кандидатот не смее да биде осудуван за кривично дело, да биде должник во стечајна или ликвидациона постапка, ниту да има изречени санкции кои го дисквалификуваат за оваа функција.

Можни кандидати и политичка позадина

Во моментов, во јавноста кружат неколку имиња како можни кандидати за нов гувернер покрај актуелната гувернерка Анита Ангеловска – Бежовска, се и поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски, поранешната вицегувернерка и актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Кадиевска Војновиќ, но и Трајко Славевски – универзитетски професор и поранешен министер за финансии, кој веќе подолго време важи за еден од највлијателните економски гласови во партијата.

Во јавноста веќе кружат неколку имиња како можни кандидати за нов гувернер. Покрај актуелната гувернерка Ангеловска-Бежовска, за која се оценува дека успешно раководи со институцијата и има силна поддршка од меѓународни финансиски институции како ММФ, ЕЦБ и ЕБОР, се споменуваат и:

  • Зоран Ставрески – поранешен министер за финансии и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ. Според неофицијални информации, тој е прв на листата од внатрепартиска анкета спроведена од владејачката партија.
  • Трајко Славевски – универзитетски професор на Економскиот факултет во Скопје и поранешен министер за финансии. Тој е еден од еден од највлијателните економски гласови во ВМРО-ДПМНЕ и актуелен претседател на Советот на Град Скопје.
  • Маја Кадиевска Војновиќ – поранешна вицегувернерка на Народната банка, со богато искуство во монетарната политика. Во моментов е членка на надзорните одбори на КИБС и Стопанска банка а.д. Битола.

Анкетата која била спроведена во рамки на владејачката ВМРО-ДПМНЕ имала за цел да ја тестира јавната поддршка и експертската прифатливост на потенцијалните кандидати, што укажува дека изборот се разгледува не само низ институционална, туку и политичка призма.

Зошто е толку многу важен овој избор?

Изборот на нов гувернер доаѓа во критичен економски момент. Народната банка, преку водењето на монетарната политика, контролата на инфлацијата, управувањето со девизните резерви и надзорот над банкарскиот систем, има централна улога во стабилноста и сигурноста на економијата.

Идниот гувернер ќе треба да обезбеди доверба во националната валута, стабилност на банкарскиот сектор, но и да биде партнeр на меѓународните институции во справување со глобалните и локални економски предизвици.

no baners

Банки

Стопанска банка и годинава поддржувач на „Галичка свадба“

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје и годинава е пријател и поддржувач на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, еден од најзначајните културни настани во Македонија.

Манифестацијата ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, каде повторно ќе оживеат традиционалните свадбени обичаи, народните носии и звуците на зурлите и тапаните.

Од банката посочуваат дека „Галичка свадба“ претставува симбол на љубовта, заедништвото и богатото македонско културно наследство, чии вредности се пренесуваат од генерација на генерација.

Со поддршката на настанот, Стопанска банка ја продолжува својата заложба за зачувување и промоција на традицијата и културните вредности.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка предупредува на измамнички мејлови што содржат вирус

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје предупреди дека е забележана измамничка кампања преку која до граѓаните се испраќаат лажни пораки по електронска пошта.

Испраќачите лажно се претставуваат во име на Комерцијална банка, информираат за наводно извршено плаќање и испраќаат прикачен фајл што содржи вирус.

Од банката предупредуваат дека со отворање на фајлот, примателот се изложува на сериозен ризик, бидејќи може да се овозможи пристап до лозинки и други доверливи информации зачувани на уредот.

Граѓаните се повикуваат да не го отвораат прикачениот фајл и веднаш да ја избришат пораката.

Од Комерцијална банка посочуваат дека лажните пораки најчесто бараат итна реакција и се однесуваат на важни теми, како приливи или одливи на средства, опасност од губење пристап до сметка или слични предупредувања.

Ваквите пораки често содржат граматички и правописни грешки, поради што корисниците треба внимателно да ја прочитаат содржината и задолжително да ги проверат називот и доменот на електронската адреса на испраќачот.

Целта на ваквите измами е прибирање чувствителни податоци или инсталирање злонамерен софтвер на уредите, предупредуваат од банката.

Продолжи со читање

Банки

Девизните резерви на Народната банка во јуни зголемени за два отсто на годишно ниво

Објавено

на

Девизните резерви на Народната банка на Република Северна Македонија на крајот на јуни изнесувале 4,15 милијарди евра, што претставува раст од околу два отсто во споредба со истиот месец минатата година, кога изнесувале 4,07 милијарди евра.

Сепак, на месечно ниво е забележано намалување. Во однос на мај, девизните резерви во јуни се намалиле за 4,4 отсто, покажуваат податоците на Народната банка.

Вкупните меѓународни резерви на крајот на јуни изнесувале 4,94 милијарди евра, наспроти 5,21 милијарда евра во мај и 4,70 милијарди евра во јуни минатата година.

Од вкупните девизни резерви, 511,5 милиони евра биле во валути и депозити, додека 3,64 милијарди евра биле вложени во хартии од вредност.

Вредноста на монетарното злато во јуни изнесувала 780,5 милиони евра, што е повеќе во споредба со 620,55 милиони евра во истиот период минатата година, но помалку од 863,44 милиони евра регистрирани во мај.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange