Connect with us

Банки

Од бесплатни услуги до премиум привилегии, сè во една банка

Објавено

на

Без разлика дали сте примател на плата, пензија или млад корисник на HalkЕz пакетот, да се биде клиент на Халкбанк значи можност, секојдневно да добивате повеќе.

Повеќе слобода, повеќе удобност, повеќе безбедност и пристап до услуги кои ви го олеснуваат животот, а притоа штедите време и пари.

Халкбанк за своите клиенти, приматели на плата/пензијаовозможува бројни услуги кои се целосно бесплатни, како на пример подигнување готовина без провизија од сите банкомати, на сите банки, во земјата, со Mastercard дебитната картичка. 

За младите до 24 години, HalkEz пакетот значи почеток на финансиска независност со поддршка, со бесплатно одржување на платежна сметка, бесплатно електронско и мобилно банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка – без надоместок за годишна членарина со која можете да повлекувате готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство.

За пензионерите, Халкбанк обезбедува сигурност и лесни пензионерски денови, преку редовна и навремена исплата на пензијата пред секој 1ви во месецот, како и преку овозможување на бесплатни услуги кои се дел од специјалниот Пакет за пензионери. Пензионерите добиваат бесплатна MasterCard дебитна картичка со која можат да подигнуваат готовина од сите банкомати, на сите банки во земјата без провизија, а дополнително и бесплатно електронско банкарство и бесплатна мобилна апликација. Интерните налози на шалтерите на банката се без провизија. За секоја направена трансакција, пензиониерите добиваат и бесплатни СМС известувања.

За оние што што бараат нешто повеќе, тука се Премиум картичките на банката.

Во премиум програмата, Mastercard World Debit, Mastercard World Credit, Visa Platinum и Visa Gold на Халкбанк носат едно поразлично ниво на искуство. 

Со дебитната премиум картичка Visa Platinum следувабесплатно подигање на готовина во странство, бесплатноелектронското банкарство и СМС инфо, како и 2 бесплатни посети на LoungeKey и Fast Track услугата, додека со Mastercard World Debit добивате бесплатно годишен пристап од 6 влеза до аеродромските LoungeKey салони, како и Асистенција на пат – пакет Европа. Со Мastercard World Credit овозможен е бесплатен пристап до Lounge Keyсалоните за над 1400 аеродроми во светот, кадешто ќе најдете сè што ви е потребно за мирен старт на патувањето, удобни места за седење, бесплатни освежувања и пијалоци,Wi-Fi, електрични приклучоци, весници и она најважното, мир.

Со Visa Gold премиум картичката, корисниците покрај можноста за пристап до висок кредитен лимит и полиса за осигурување од незгода може да уживаат во привилегијата на бесплатна Fast Track услуга на аеродромот во Скопје, која овозможува побрзо завршување на административните формалности во делот за полетување, а кои вклучуваат пасошка контрола и безбедносна проверка. 

Преку кредитната картичка Visa Travel се добива пристап идо иновативните ORYX услуги, кои нудат поддршка на пат (ORYX на пат) во случај на незгода или потреба од влечна служба и Drive Angel мобилна апликација која ги предупредува возачите на небезбедно возење, овозможува итни повици и повици во случај на несреќа и многу повеќе.

Како приматели на плата и корисници на Халк Смарт пакетот, за само 150 денари месечен трошок, добивате дебитна картичка со можност за повлекување готовина од сите банкомати, на сите банки во земјата без провизија, без годишна членарина и без трошок за редовно реиздавање. Во рамки на пакетот е вклучено и електронско т.е. мобилно банкарство, без никакви дополнителни трошоци за месечно одржување, како и со неограничен број на бесплатни електронски, интерни или меѓубанкарски, налози ПП30 и ПП50. Со пакетот добивате и бесплатни СМС известувања за сите извршени трансакции. Како дополнителна вредност за корисниците на пакетот, вклучен е и подарок ORYХ Home Аssistance –  поддршка за поправки во домот, без надомест.

Со Халкбанк, добивате многу повеќе од обична банкарска услуга, добивате партнер кој е тука за вас во секој чекор. Со транспарентни услуги, практични решенија и постојана грижа за клиентите, Халкбанк е ваш доверлив финансиски партнер.

ПР објава

Банки

Рајфајзен ја намали изложеноста кон акции поради растот на каматните стапки

Објавено

на

Рајфајзен Капитал Менаџмент (Raiffeisen Capital Management) ја намали изложеноста кон акции на неутрално ниво, откако во поголемиот дел од годината им даваше предност на акциите во однос на обврзниците. Одлуката доаѓа во услови на зголемени каматни стапки, инфлациски притисоци и растечка неизвесност на глобалните финансиски пазари.

Како што соопшти главната директорка за инвестиции, Карин Кунрат, промената во инвестициската стратегија е резултат на повеќе фактори, меѓу кои рестриктивната монетарна политика, ограничениот фискален простор на државите, геополитичките ризици и високите пазарни вреднувања на акциите.

И покрај ваквите предизвици, светската економија засега покажува отпорност. Економскиот раст е поддржан од големите инвестиции во инфраструктура за вештачка интелигенција, двоцифрениот раст на приходите и профитите на водечките технолошки компании, особено во САД, како и од стабилниот пазар на труд и високата лична потрошувачка.

Сепак, повисоките каматни стапки и приносите на обврзниците постепено создаваат притисок врз економската активност, бидејќи го зголемуваат трошокот за финансирање на компаниите и граѓаните.

Според проценките на Рајфајзен, овој притисок би можел да се пренесе и на берзите, кои досега останаа релативно отпорни на растот на каматите. Дополнителна причина за претпазливост е фактот што растот на берзанските индекси сè повеќе зависи од мал број големи компании.

Во краток рок се можни поголеми пазарни осцилации и привремена корекција на цените на акциите, особено во пресрет на изборите за американскиот Конгрес на почетокот на ноември. Сепак, во Рајфајзен не ја исклучуваат можноста годината да заврши позитивно, бидејќи економските показатели и корпоративните резултати и натаму обезбедуваат поддршка за поризичните инвестиции.

Францускиот јавен долг го зголемува притисокот врз пазарот на обврзници

Глобалниот раст на каматните стапки продолжува да влијае врз пазарот на државни обврзници. Повисоките приноси создаваат поповолни можности за новите инвеститори, но истовремено ја намалуваат пазарната вредност на претходно издадените обврзници со пониски камати.

Особено внимание привлекува Франција, каде што растот на приносите и зголемувањето на премијата за ризик ја одразуваат загриженоста на инвеститорите во однос на фискалната политика и способноста на властите да го намалат буџетскиот дефицит.

Рајфајзен Капитал Менаџмент ја задржува изложеноста кон француските државни обврзници, додека кон италијанските има повнимателен пристап. Компанијата очекува дека разликата во премиите за ризик меѓу двете земји би можела повторно да се намали на среден рок.

Според нивната анализа, фискалната консолидација во Франција повеќе зависи од политичката волја отколку од економските можности. Сепак, продолжената политичка блокада би можела дополнително да ги зголеми трошоците за задолжување и да создаде притисок врз еврото.

Неизвесноста на пазарот на државен долг постепено се пренесува и врз корпоративните обврзници. Поради тоа, Рајфајзен е претпазлив кон високоприносните обврзници во евра, кои имаат понизок кредитен рејтинг, и им дава предност на поквалитетните обврзници со инвестициски рејтинг.

Компанијата во моментов нема обврзници од земјите во развој во својата тактичка распределба на средствата, откако приносите во овој сегмент значително пораснаа, особено кај обврзниците деноминирани во американски долари.

Технолошкиот сектор останува главен двигател на берзите

И покрај зголемените ризици, меѓународните пазари на акции продолжуваат да бележат раст, поттикнат од солидните финансиски резултати на компаниите.

Сепак, сè поголемата концентрација на растот кај ограничен број големи компании ја зголемува ранливоста на пазарите. Евентуално забавување на нивното работење или послаби финансиски резултати би можеле да предизвикаат пошироки берзански корекции.

Од друга страна, акциите на пазарите во развој годинава остваруваат подобри резултати од оние на развиените пазари, пред сè благодарение на технолошкиот сектор.

Особено се издвојува Азија, која има значителна застапеност во индексите на пазарите во развој, со голем број компании од областа на технологијата, производството на полупроводници и интернет-услугите.

Иако цените на акциите на овие пазари пораснаа, нивните вреднувања во однос на остварените добивки станаа нешто поповолни, бидејќи профитите на компаниите растеа побрзо од берзанските цени.

Во вакви услови, Рајфајзен се определува за повнимателна инвестициска стратегија, со неутрална изложеност кон акции и поголем акцент на квалитетот на обврзниците, додека глобалните пазари се соочуваат со ризици од повисоки каматни стапки и геополитичка неизвесност.

Продолжи со читање

Банки

Компаниите се задолжуваат побрзо од граѓаните: корпоративните кредити растат за 15,1%, а кредитите на населението за 12,3%

Објавено

на

Кредитната активност на македонските банки продолжува да расте со двоцифрени стапки, но најновите расположливи податоци на Народната банка откриваат значајна разлика меѓу задолжувањето на компаниите и домаќинствата. Во август 2026 година корпоративните кредити забележале годишен раст од 15,1%, додека кредитите на населението се зголемиле за 12,3%.

Разликата од 2,8 процентни поени покажува дека корпоративниот сектор има посилна динамика на кредитирање. Особено значаен е податокот дека годишното зголемување на кредитите на претпријатијата во целост произлегува од кредитирањето во домашна валута, што ја нагласува улогата на денарските финансиски производи во финансирањето на деловните активности.

Кај населението, најизразен раст имаат станбените кредити, кои во август биле повисоки за 16,2% на годишна основа. Потрошувачките кредити, пак, пораснале за 12,2%, што покажува дека побарувачката за финансирање на недвижности расте побрзо од задолжувањето за тековна потрошувачка.

Вкупната кредитна активност на банкарскиот сектор во август забележала годишен раст од 13,6%, додека депозитите пораснале за 9%. Оваа разлика не претставува непосреден показател за нарушена ликвидност, бидејќи банките располагаат и со други извори на финансирање и ликвидни средства, но е важен сигнал за следење на односот меѓу кредитната експанзија и депозитната база.

За банките, продолжувањето на кредитниот раст отвора можности за зголемување на каматните приходи, но истовремено бара внимателно управување со кредитниот ризик, особено во услови на неизвесно меѓународно економско окружување.

Редакција Банкарство

Продолжи со читање

Банки

Славески на средба со заменик-директорот на ММФ: Во фокусот инфлацијата, стабилноста на девизниот курс и глобалните ризици

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари средба со заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Бо Ли, на која се разговараше за актуелните макроекономски состојби, глобалните економски ризици и мерките за стабилизирање на инфлацијата и одржување на стабилноста на девизниот курс.

Средбата се одржа во рамките на Годишните средби на ММФ и Групацијата на Светската банка во Бангкок, на кои се разгледуваат актуелните предизвици за глобалната економија и финансискиот систем.

Како што соопшти Народната банка, во разговорите посебно внимание било посветено на значењето на независноста, транспарентноста и кредибилитетот на централната банка како клучни предуслови за успешно спроведување на монетарната политика и одржување на макроекономската стабилност.

Гувернерот Славески и високиот претставник на ММФ разговарале и за мерките што ги презема Народната банка за стабилизирање на инфлацијата и зачувување на стабилноста на девизниот курс, како и за натамошното унапредување на институционалните рамки.

Во фокусот биле и глобалните ризици и нивното значење за економските текови, во услови на зголемена неизвесност во меѓународното економско опкружување.

Продолжува соработката меѓу Народната банка и ММФ

На средбата била потврдена заемната определба за продолжување на успешната соработка меѓу Народната банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Соработката и во наредниот период ќе се одвива преку советодавна поддршка, техничка помош и активности насочени кон јакнење на институционалните капацитети.

Од Народната банка посочуваат дека натамошното унапредување на институционалните рамки и соработката со ММФ остануваат важни сегменти во напорите за одржување на макроекономската и финансиската стабилност.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange