Банки
Катерина Велиновски, Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје за 2024 година
По повод Светскиот ден на штедењето, 31.10 Македонската банкараска асоцијација организираше богата свеченост на која беа прогласени овогодинешните најдобри банкарски службеници од сите членки на Асоцијацијата.
Катерина Велиновски, Раководител на служба за благајничко работење во Филијала Куманово, Катерина Митровска, Советник за СБ ексклузив клиенти во Филијала Алуминка Скопје 2 и Павлина Симиџиоска Тодороска, Советник за мали бизниси во Филијала Струга се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје во 2024 година.
Стопанска банка АД – Скопје е горда што веќе 80 години како стожер на економијата создава генерации кадри кои учат, создаваат и напредуваат ДОМА. Кадри кои ја олицетворуваат мисијата на Банката и ги поставуваат стандардите на банкарството уште повисоко.

Честитки на наградените и благодарност за нивниот несебичен придонес кон професијата – банкар!
Банки
Нова ера во плаќањата: Европа ја намалува зависноста од Visa и Mastercard
Европа прави нов крупен чекор кон намалување на зависноста од американските платежни гиганти Visa и Mastercard. Неколку големи европски платежни системи се здружуваат во нова мрежа која треба да овозможи прекугранични плаќања и трансфери со европска инфраструктура.
Според Reuters, платежните системи Bizum од Шпанија, Bancomat од Италија, Wero, португалскиот MB WAY и нордискиот Vipps MobilePay се дел од иницијативата за формирање на European Network for Payments – ENP. Новата мрежа треба да поврзе национални платежни системи кои заедно опфаќаат околу 130 милиони корисници во 13 земји, односно повеќе од 70% од населението на Европската Унија и Норвешка.
Дали тоа значи дека ќе ги менуваме Visa и Mastercard картичките?
Не веднаш.
Новата европска иницијатива не значи дека постојните Visa и Mastercard картички преку ноќ ќе исчезнат или дека граѓаните ќе мора задолжително да ги заменат. Наместо тоа, Европа постепено гради сопствен платежен систем кој треба да стане дополнителна опција за плаќање и со текот на времето да понуди посериозна конкуренција на американските платежни мрежи.
Првата фаза е насочена кон директни трансфери на пари меѓу корисниците, а во следните фази системот треба да се прошири и на интернет-купување и плаќање во физички продавници.
Wero веќе ја отвори вратата за европски плаќања
Еден од клучните проекти во оваа насока е Wero, дигиталниот паричник развиен од European Payments Initiative – EPI. Системот користи инстант плаќања директно од банкарска сметка на банкарска сметка и е замислен како единствено европско решение за граѓаните и компаниите.
Wero веќе се користи или се воведува во повеќе европски земји, а неговата функционалност постепено се проширува од трансфери меѓу физички лица кон онлајн и плаќања на продажни места. Во Холандија веќе е започнат и процесот на постепено преминување од популарниот систем iDEAL кон Wero.
Во 2026 година Wero дополнително ја проширува својата мрежа. Кон иницијативата се приклучија и големи финансиски институции како Erste Bank Österreich и Raiffeisen, што треба да овозможи проширување на услугата и на австрискиот пазар.
Зошто Европа сака сопствен систем?
Во основата на проектот е желбата Европа да има поголема финансиска и дигитална независност.
Голем дел од картичните плаќања во Европа денес зависат од инфраструктурата на американските компании Visa и Mastercard. Европските институции и банки веќе подолг период настојуваат да развијат платежни решенија кои би можеле да функционираат на европска инфраструктура и да создадат поголема конкуренција на пазарот.
Европската централна банка исто така укажува дека развојот на европска платежна инфраструктура би им овозможил на приватни европски системи како Wero полесно да работат низ целата еврозона.
Visa и Mastercard засега остануваат
За корисниците најважно е дека засега нема причина за промена на постојните банкарски картички.
Visa и Mastercard и натаму остануваат широко распространети платежни мрежи, додека европските решенија се во процес на проширување и поврзување.
Сепак, создавањето на заедничката European Network for Payments покажува дека Европа сериозно работи на сопствен платежен екосистем. Доколку системот добие широка поддршка од банките, трговците и корисниците, во следните години европските потрошувачи би можеле да добијат уште една голема опција покрај Visa и Mastercard.
Банки
Комерцијална банка по 15-ти пат прогласена за „Најдобра банка во Македонија“ од Global Finance
Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2026 година“ од угледниот меѓународен финансиски магазин Global Finance, со што по јубилеен 15-ти пат го добива ова признание.
Наградата претставува потврда за континуираниот развој на Банката, нејзината стабилност, силните деловни резултати, вложувањата во дигитализација и иновации, како и за пристапот насочен кон потребите на клиентите.
Од Комерцијална банка посочуваат дека признанието доаѓа во период на зголемена неизвесност на глобалните финансиски пазари, кога банките се соочуваат со геополитички предизвици, регулаторни притисоци и засилена конкуренција од финтек секторот.
„Оваа јубилејна награда е големо признание за посветеноста, професионалноста и знаењето на целиот тим на Комерцијална банка. Таа е резултат на нашата јасна стратешка визија и на континуираното инвестирање во иновации, дигитални решенија и квалитет на услугите. Пред сè, ова е награда која ја делиме со нашите клиенти и партнери затоа што нивната доверба е наша силна мотивација“, изјави Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка.
Со признанието, Комерцијална банка повторно се вбројува меѓу банките наградени во рамки на 33-то издание на годишните награди на Global Finance, кои опфаќаат финансиски институции од повеќе од 150 земји.
Основачот и уреднички директор на Global Finance, Џозеф Д. Џарапуто, истакна дека наградите за 2026 година се насочени кон институциите кои успешно управуваат со средствата и обврските, а истовремено инвестираат во дигитални иновации и вештачка интелигенција со цел да одговорат на променливите потреби на клиентите.
При изборот на најдобрите банки, магазинот ги анализира квантитативните показатели, како растот на активата, профитабилноста, развојот на нови бизниси и производни иновации, но и квалитативни оценки од финансиски аналитичари, банкари, директори и банкарски консултанти.
Од Банката најавуваат дека и во следниот период ќе продолжат со инвестиции во дигиталната трансформација, развојот на иновативни финансиски услуги и создавањето одржливи решенија за граѓаните и компаниите.
Банки
Стопанска банка почнува со исплата на септемвриските пензии
Стопанска банка АД – Скопје информира дека исплатата на пензиите за месец септември ќе започне денеска, 1 октомври 2026 година.
Со тоа, корисниците на пензија кои своите примања ги добиваат преку Стопанска банка ќе можат да располагаат со септемвриската пензија од почетокот на октомври.
Од Банката преку објава на социјалните мрежи им посакаа на пензионерите пријатен месец исполнет со убави моменти.

Исплатата на пензиите е една од позначајните информации за повозрасната популација, особено на почетокот на месецот, кога голем дел од домаќинствата ги планираат редовните трошоци и обврски.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот

