Connect with us
no baners

Business Woman

Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Објавено

на

По одлуката на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје и добиената согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, од 29.01.2025 година, Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Таа е докажан професионалец во областа на финансиите, со повеќе од две децении искуство во банкарскиот сектор. Во очекување на одобрението од Народната банка, Катерина Јанковиќ од септември минатата година, ја извршуваше функцијата Помошник на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

„Голема благодарност до Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје и Народната банка на Република Северна Македонија за укажаната доверба. Чест ми е да се приклучам на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, силна, стабилна и модерна финансиска институција, дотолку повеќе што пред нас е амбициозна и напредна деловна стратегија која комплетно ќе го преобликува искуството на нашите клиенти. Се радувам на можноста да бидам дел од ова возбудливо патување и да придонесам во мисијата на Банката за обезбедување на врвни, иновативни и технолошки најнапредни банкарски услуги, раст и одржливост и поставување на нови стандарди на извонредност во финансискиот сектор.“ – истакнува Катерина Јанковиќ во својата прва изјава по стапувањето на функцијата член на УО на НЛБ Банка Скопје.

Катерина Јанковиќ во управата на НЛБ Банка Скопје доаѓа од Шпаркасе Банка каде од 2021 година ја извршуваше функцијата Директор на Секторот за население, одговорна за развој на продажната стратегија, планирање и воведување на нови банкарски продукти. Нејзината кариера во банкарството започнува во 2003 година во Охридска Банка и таа го трасира својот пат од благајник во експозитура до највисоките менаџерски позиции во секторите за корпоративни клиенти и население. 

Катерина е димпломиран економист на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и магистер на науки од областа на бизнис администрацијата во финансии на Универзитот „Шефилд“ во Солун. Таа е сопруга и мајка на два сина.

Business Woman

Потврден континуитетот во Стопанска банка АД – Скопје: нов мандат за Мирјана Трајановска како Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје соопшти дека г-ѓа Мирјана Трајановска е повторно назначена за Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор на Банката.

Од Банката истакнуваат дека г-ѓа Трајановска својата професионална кариера ја градеше во рамките на Стопанска банка АД – Скопје, стекнувајќи долгогодишно искуство и експертиза во клучните области на банкарското и финансиското работење. Преку нејзиното досегашно раководење, таа даде значаен придонес во развојот, трансформацијата и стабилното работење на Стопанска банка АД – Скопје.

„Повторното назначување претставува потврда за довербата во нејзиното професионално и институционално знаење, лидерство, посветеност и искуство“, наведуваат од Стопанска банка АД – Скопје.

Банката ѝ упати честитки на г-ѓа Мирјана Трајановска за новиот мандат и изрази уверување дека таа и во наредниот период ќе продолжи да придонесува кон остварувањето на стратешките цели на Стопанска банка АД – Скопје и создавањето долгорочна вредност за клиентите, вработените, акционерите и пошироката заедница.

Продолжи со читање

Business Woman

Стопанска банка АД – Скопје и довери нов четиригодишен мандат на Милица Чапаровска – Јовановска во Управниот одбор

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја реизбра Милица Чапаровска – Јовановска за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор на Банката, со нов четиригодишен мандат.

Одлуката за повторното именување е донесена од Надзорниот одбор на Банката на 6 февруари 2026 година, а стапи во сила по добиената согласност од Народната банка.

„Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно Одлуката за повторно именување од страна на Надзорниот одбор бр. 10/2026 од 6.2.2026 година и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-4890/6 од 23.04.2026 година (примено на 24.4.2026 година) г-ѓа Милица Чапаровска – Јовановска се именува за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управен одбор на Банката, со мандат од 4 години.“, информира Банката преку соопштение објавено на Македонска берза.

Со оваа одлука, Чапаровска – Јовановска ќе продолжи да ја извршува функцијата Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор во наредните четири години.

Продолжи со читање

Business Woman

Ериола Биболи назначена за нова извршна директорка на ProCredit Holding од март

Објавено

на

Германската банкарска група „ProCredit Holding“, која е претежно активна во Југоисточна Европа, објави дека членката на Управниот одбор, Eriola Bibolli, ќе ја преземе функцијата главен извршен директор (CEO) од март годинава, наследувајќи го Hubert Spechtenhauser, кој заминува во пензија.

Во соопштението објавено во четвртокот, претседателот на Надзорниот одбор, Rainer Ottenstein, истакна дека Биболи претставува симбол на стабилност, но и двигател на унапреден пристап кон дигитализацијата, скалабилноста и динамичниот раст на групацијата.

Биболи, родена во Албанија, својата кариера во рамки на групацијата ја започнала во 2001 година во ProCredit Bank Albania. Во 2019 година беше унапредена на позицијата главен извршен директор на ProCredit Bank Kosovo, а од 2023 година е член на Управниот одбор на матичната компанија.

Нејзиниот претходник, Спехтенхаузер, ја извршуваше функцијата извршен директор на ProCredit Holding од ноември 2022 година.

Со седиште во Франкфурт, ProCredit Holding опфаќа банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Бугарија, Косово, Молдавија и Романија. Надвор од Југоисточна Европа, групацијата има подружници и во Украина, Грузија и Еквадор. Нејзините кредитни активности се насочени кон микро, мали и средни претпријатија (ММСП).

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange