Connect with us

Бизнис

ЈУБИЛЕЈНО 20. ИЗДАНИЕ СО ЈУБИЛЕЕН РЕКОРД – Повеќе од 13.000 љубители на трчањето од 55 земји ќе трчаат низ скопските улици на 6ти октомври

Објавено

на

Најголемата спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, го надмина својот рекорд од 2019 година од пред-пандемичниот период за број на пријавени тркачи. Рекордот претходно беше постигнат во 2019 година на тогашното издание на маратонската манифестација.

Оваа недела, 6ти октомври 2024, во рамките на своето јубилејно 20то издание, ќе учествуваат рекорден број љубители на трчањето. На стартот во недела се очекува да се појават 13.440 натпреварувачи од 55 земји, кои ќе ги исполнат улиците на главниот град со позитивна енергија и ќе ја потсетат јавноста дека навистина, – трчањето може да те промени.

Пријавените тркачи со своето учество на Виз Ер Скопскиот маратон мапираат земји од целиот свет. Со својата дводецениска традиција, Виз Ер Скопски маратон стана симбол на сплотеност и неверојатен спортски дух. 

Покрај традиционалната маратонска трка (42.195 км), на Виз Ер Скопски маратон како и секоја година ќе се трча и полумаратон (21.097 км), штафетен маратон, како и трката за рекреативци на 5км, како најмасовната трка од сите. 

На денешната прес конференција, свои обраќања имаа Кире Синадиновски, Спортски директор на Виз Ер Скопски маратон, Зоран Стојановиќ, Претседател на Сојуз на Спортови на Скопје, Гордана Николовска – Генерален секретар на Сојуз на спортови – Скопје и Борко Ристовски – Министер за спорт.

„По 20-ти пат се одржува Виз Ер Скопскиот маратон, најмасовниот спортски настан кај нас, кој што Скопје и Македонија ги става на светската тркачка мапа. Овој настан не би можел да биде одржан без помош на Министерството за внатрешни работи, на Министеството за спорт, кое што покажа исклучително разбирање, Министерство за одбрана, Црвениот крст на град Скопје, Службата за итна медицинска помош и спонзорите. Оваа година има рекорден број учесници.“ изјави Зоран Стојановиќ, Претседател на Сојуз на спортови на Скопје.

Организаторите потсетуваат за претстојното Виз Ер Маратон Експо, кое ќе трае од 04.-05.10.2024 (петок-сабота) во СЦ Јане Сандански во Скопје. 

„Од името на министерството можам да изразам едно задоволство што оваа година ќе бидеме дел од Скопскиот маратон. Не знам како било во минатото, но можам да кажам дека овој маратон ќе ја има поддршката, бидејќи гради исти вредности што ние сакаме да ги вметнеме во нашата држава. Иако се работи за рекреативен настан, она што нас како министерство ни е од интерес е што врзувате многу луѓе и има многу учесници. Негуваме исти вредности по кои сака да се води и Министерствто за спорт и да бидеме пример во општеството и можам јавно да кажам дека маратонот ја има нашата целосна поддршка. Се надевам дека и годинашниот маратон ќе биде успешен како и сите досегашни и стоиме на располагање за сѐ она што можеме да го помогнеме.“ изјави Министерот за спорт, Борко Ристовски.

Дали ќе се срушат нови рекорди оваа година на Виз Ер Скопскиот маратон, ќе открие неделното утро. 

„Оваа година имаме рекорден број на учесници 13.440 од 55 земји, со што е надминат бројот од 2019 година кога имавме 12.450. Ова е многу поголем број учесници во споредба со минатата година, кога учествуваа 11.400 учесници и нѐ радува што интересот е огромен, како кај нашите тркачи, така и кај странските. Во сите четири трки, рекреативната трка од 5 км, маратонот, полумаратојот и штафетниот маратон е зголемен бројот на учесници во однос на минатите изданија. Можам да најавам дека ќе учествуваат неколку елитни натпреварувачи од Кенија и се надевам дека ќе бидат срушени рекордите на патеките. Оваа година имаме мала измена на патеките во однос на минатите години, но стартот останува на исто место, пред Собранието на Република Македонија. Тркачите на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон ќе трчаат накај населбата Хром, по улицата Теодосиј Гологанов, по што кај Хром ќе свртат полукружно, се враќаат назад во центарот на градот, каде продолжуваат покрај Тутунски комбинат, на Трета македонска бригада, по што ќе свртат лево, по улицата Васко Карангелевски, кај Мајчин Дом, па потоа по Булевар Србија десно, тука вртат полукружно, по што се враќаат на Тобако 2 и по Булеварот Јане Сандански, се враќаат повторно на Трета македонска бригада и завршуваат на Порта Македонија, на плоштадот во Скопје. Ова е првиот круг за полумаратонот, додека маратонците уште еднаш ќе го свртат истиот круг. Додека патеката за трката на 5 км, стартот е исто пред Собранието, по што натпреварувачите трчаат во правец на населбата Аеродром, односно кај Тутунски комбинат вртат лево, по Трета македонска бригада и кај Супермаркетот Тинекс свртуваат полукружно и се враќаат повторно назад на плоштад Македонија, каде што е целта.“ изјави Кире Синадиновски, спортски директор на Виз Ер Скопски маратон.

Голема помош на целосната организација даваат и сите пријавени 600 волонтери, кои ќе бидат вклучени традиционално во реализацијата на овогодинешното јубилејно издание, но секако и сите поддржувачи и покровители на овој голем настан.

„Оваа година имаме и Маратон Експо, при што од утре почнува издавањето на стартни пакети. Воведуваме и новина, каде што секој учесник треба да дојде со QR кодот што му е испратен на мејл, за да си го подигне стартниот пакет. Очекувам дека и покрај најавите за променливи временски услови во недела, дека сепак ќе имаме добро време и дека ќе имаме успешна трка.“ дополни Синадиновски.

Организаторите уште еднаш ги повикуваат сите во недела да ги бодрат тркачите и да ја споделат позитивната енергија на јубилејното издание на можеби омилениот спортски настан во државата.

„Оваа година е јубилејно 20 издание, првите две изданија беа одржани во 97 и 98, но од 2007 година се возобнови Скопскиот маратон, тогаш како полумаратон, трка на 5 км и детска трка, каде што имавме околу 700 натпреварувачи. Низ годините, Сојузот на спортови на Скопје, поддржуван од Јавните претпријатија и од тогашната Агенција за млади и спорт и Делгацијата на ЕУ помогнаа да се подигне рекреацијата и масовното трчање на едно високо ниво. Оваа година имаме 13.440 натпреварувачи, при што за прв пат имаме приближен број на женски и машки учесници, односно околу 48 проценти се жени, а околу 52 отсто се мажи. Ова е глобален проблем, но Сојузот на спортови на Скопје преку своите програми успеа да мотивира да се пријават повеќе жени и да има повеќе учесници од повеќе старосни категории. Покрај рекреативниот карактер на манифестацијата, со текот на годините се натпреваруваа и врвни маратонци, а имавме дури и учесник на Олимписките игри во маратонската дисциплина. Се радувам што имаме и голема поддршка од медиумите и дури 60 проценти од спорстките новинари се директни учесници во маратонските и полумаратонскитев трки и посакувам и оваа година да видиме што поголем број новинари на стартот на трките. Исто така, ги повикувам сите оние што не се во можност да трчаат годинава, да се појават долж патеката и да ги бодрат натпреварувачите“, изјави Гордана Николовска – Кузмановска од Сојуз на Спортови – Скопје.

Главен покровител на Виз Ер Скопски маратон 2024 е Министерството за спорт, а покровители се Град Скопје и Делегацијата на ЕУ во Скопје. 

Повеќе информации за 20. Виз Ер Скопскиот маратон можат да се најдат на официјалната веб страница: http://skopskimaraton.com.mk/. 

Бизнис

Korpa прв е-трговец во Македонија кој воведе плаќање преку Apple Pay и Google Pay

Објавено

на

Помалку чекори при плаќањето, поголема удобност при секоја нарачка – новите опции за плаќање преку Google Pay и Apple Pay го прават купувањето преку Korpa уште поедноставно.

Korpa, домашната онлајн палтформа за нарачка и достава на храна и намирници, е првиот е-трговец во Македонија што воведе плаќање преку Apple Pay и Google Pay. Оваа новина е особено значајна во време кога мобилниот телефон станува главен канал за секојдневно купување – од омилен оброк, до намирници и мебел за дома, па затоа се потребни повеќе можности за крајните купувачи со помалку чекори.

Корисниците очекуваат брзо нарачување и едноставно плаќање. Наспроти тоа, регулаторните барања за дополнителна автентикација при онлајн плаќање, воведени на почетокот од годинава, чија цел е обвезбедување дополнителна сигурност и заштита на корисниците, внесоа повеќе чекори при потврдување на онлајн трансакциите. Кај најголем дел од трансакциите е потребна потврда преку апликацијата на банката, што бара префрлување меѓу апликации и го прави процесот на нарачување подолг и посложен.

Како одговор на потребата за поедноставен процес, Korpa ги воведе Apple Pay и Google Pay во соработка со Шпаркасе банка и Monri, кои го овозможуваат ова техничко решение. Купувачите сега можат да платат со картичката што веќе ја имаат зачувано во својот дигитален паричник – Wallet, без потреба од дополнителна потврда преку апликацијата на банката. На овој начин, плаќањето станува побрзо и поедноставно, со високо ниво на безбедност. Овие опции се особено практични за корисниците кои претпочитаат да не ги зачувуваат податоците од своите платежни картички на платформата, бидејќи плаќаат преку картичката што веќе ја користат во својот дигитален паричник.

Покрај воведување на новите опции за плаќање, 2026 година за Korpa е во знакот на значајни новитети. Компанијата годинава ја лансираше Korpa Premium – програма за бесплатна достава и поволности за корисниците, како и Korpa Market – онлајн супермаркет кој овозможува брзо и едноставно купување намирници и производи за секојдневна употреба, со достава за околу 40 минути.

Со овие новитети, Korpa продолжува да го поедноставува секојдневното купување и дигитално искуство – од изборот на производи и плаќањето, до доставата.

Продолжи со читање

Бизнис

Македонски Телеком ја активираше првата 5G+ мрежа во Македонија – нова технологија за побрза, постабилна и приоритетна интернет-конекција

Објавено

на

Македонски Телеком официјално ја пушти во употреба првата самостојна 5G+ мрежа во Македонија, со што започнува нова фаза во развојот на мобилните комуникации во земјата. Новата технологија, позната како 5G Standalone, овозможува пофлексибилно управување со мобилниот интернет, приоритетен пристап до мрежата и развој на напредни дигитални услуги за граѓаните и компаниите.

Со воведувањето на 5G+, Македонски Телеком прави значаен технолошки исчекор во годината кога одбележува три децении од воспоставувањето на првата мобилна мрежа во Македонија.

За разлика од досегашната 5G технологија, која за дел од мрежните функции се потпира на постојната 4G инфраструктура, новата 5G+ мрежа користи самостојна архитектура. Ова овозможува понапредно управување со сообраќајот и развој на услуги приспособени на конкретните потреби на корисниците.

Што е 5G+ и по што се разликува од досегашната 5G мрежа?

Главната новина кај 5G+ не се однесува само на брзината на мобилниот интернет, туку и на начинот на кој мрежата го распределува својот капацитет.

Новата архитектура овозможува користење технологија наречена Network Slicing, односно мрежно сегментирање.

Преку оваа технологија, во рамките на една физичка мобилна мрежа може да се создадат повеќе одделни виртуелни сегменти, секој со различни карактеристики и приоритети.

Тоа значи дека одредени услуги можат да добијат посебни мрежни ресурси, во зависност од потребната брзина, стабилност и времето на реакција.

На пример, деловен видеоповик, пренос во живо или апликација што бара стабилна врска може да има различни мрежни потреби од вообичаеното пребарување на интернет.

Со 5G+, операторот добива техничка можност попрецизно да го управува квалитетот на конекцијата.

T Priority – нова услуга за приоритетен пристап до мрежата

Една од првите практични примени на новата технологија е услугата T Priority.

Таа овозможува приоритетен пристап до мобилната мрежа преку Network Slicing, особено во ситуации кога голем број корисници истовремено користат мобилен интернет.

Такви околности може да се појават на концерти, спортски натпревари, големи јавни настани или во други подрачја со зголемена мрежна оптовареност.

За деловните корисници, услугата може да биде значајна во ситуации кога стабилната интернет-конекција е особено важна за комуникација, видеоконференции или пристап до дигитални платформи.

Според информациите на Македонски Телеком, T Priority се активира преку мобилната апликација Telekom MK и важи 24 часа од моментот на активирање.

Приоритетниот пристап не треба да се поистоветува со гаранција дека интернет-конекцијата ќе биде непрекината во сите околности, бидејќи квалитетот на услугата зависи и од покриеноста, уредот и конкретните мрежни услови.

Кои корисници можат да ја користат новата мрежа?

Во почетната фаза, 5G+ е достапна за постпејд корисниците на Македонски Телеком кои ги исполнуваат техничките предуслови.

За користење на новата мрежа потребно е корисникот да се наоѓа во подрачје со 5G+ покриеност, да има соодветна SIM-картичка и телефон што ја поддржува самостојната 5G архитектура.

Дополнително, на телефонот треба да биде инсталирана најновата софтверска верзија што ја овозможува функционалноста.

Во првата фаза, поддршката е обезбедена за следните модели:

  • T Phone 3 Pro
  • Samsung Galaxy S26
  • Samsung Galaxy S26+
  • Samsung Galaxy S26 Ultra

Според најавата на компанијата, наскоро поддршка треба да добијат и моделите Xiaomi 14T Pro и Xiaomi 15.

Листата на компатибилни уреди постепено ќе се проширува.

Тоа значи дека корисниците што веќе имаат телефон со ознака 5G не мора автоматски да имаат пристап до сите функционалности на 5G+, доколку нивниот уред или софтвер не ја поддржува новата технологија.

Нови можности за компаниите и дигиталната економија

Воведувањето на самостојната 5G мрежа има значење и за развојот на дигиталните услуги во македонската економија.

Network Slicing создава технолошки предуслови за напредни решенија во индустријата, логистиката, телекомуникациите и другите дејности што зависат од сигурен и брз пренос на податоци.

Меѓу потенцијалните примени се поврзани индустриски уреди, автоматизирани системи, cloud gaming, апликации базирани на вештачка интелигенција и дигитални платформи што бараат комуникација со мало доцнење.

За компаниите, ваквите технологии можат да создадат услови за поефикасни деловни процеси и развој на нови производи и услуги.

Сепак, реалните економски придобивки ќе зависат од достапноста на соодветни комерцијални решенија, инвестициите во дигитализација и способноста на компаниите да ги применат новите технологии.

Три децении мобилни комуникации во Македонија

Лансирањето на 5G+ се совпаѓа со одбележувањето 30 години од воспоставувањето на првата мобилна мрежа во земјата.

Во изминатите три децении мобилните комуникации се трансформираа од услуга првенствено наменета за телефонски разговори во инфраструктура што поддржува дигитални плаќања, електронска трговија, работа од далечина и пристап до онлајн услуги.

Новата генерација мобилна технологија дополнително го проширува потенцијалот за дигитализација на економијата.

За банкарскиот и финансискиот сектор, понапредната мобилна инфраструктура може да биде важна основа за развој на дигиталното банкарство, мобилните платежни услуги и апликациите што бараат сигурна комуникација во реално време.

Ова не значи дека самата 5G+ мрежа автоматски ги прави финансиските трансакции побезбедни, туку дека создава дополнителни технички можности за развој на напредни дигитални решенија.

Продолжи со читање

Бизнис

ОКТА го намалува дизелот за два денари по литар, но дали ќе поевтини и на бензинските пумпи?

Објавено

на

Компанијата ОКТА воведува привремен попуст од два денара по литар дизел гориво за трговците на големо и мало, кој ќе важи од 20 октомври до 2 ноември 2026 година.

Станува збор за мерка со која компанијата има цел да го поддржи домашниот пазар на горива и да го ублажи влијанието на нестабилните цени на меѓународните пазари.

Сепак, намалувањето на цената по која ОКТА го испорачува дизелот не значи дека горивото автоматски ќе поевтини за два денара и на бензинските пумпи. Конечните малопродажни цени и понатаму ќе ги определуваат трговците, во согласност со нивните комерцијални политики и состојбите на пазарот.

Од ОКТА информираат дека оваа мерка е продолжение на активностите за поддршка на домашниот пазар што компанијата ги спроведува од март годинава. Со најновиот попуст, вкупната вредност на поддршката од март 2026 година се очекува да достигне околу осум милиони евра.

Целта на мерките е да се придонесе за поголема стабилност и конкурентност на пазарот на горива во земјава, во услови на неизвесност на глобалните енергетски пазари.

Дали возачите ќе почувствуваат олеснување при полнењето гориво, ќе зависи од одлуките на бензинските пумпи, односно од тоа дали и во колкав износ ќе го пренесат добиениот попуст врз крајните потрошувачи.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange