Connect with us

Банки

Известување од ТТК Банка за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 5 ноември 2024 година

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека oд 5.11.2024 година (вторник) започна со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец октомври 2024 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната платежна сметка во Банката.

Корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички можат да располагаат со средствата од 5.11.2024 година (вторник), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

За корисниците кои не користат картички, исплатата да се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

  • – 5.11.2024 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
  • – 6.11.2024– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

ТТК Банка АД Скопје им препорачува на клиентите, средствата да ги користат првенствено со безготовински плаќањa во трговската мрежа, со плаќања преку интернет банкарство TTK E-bank или мобилната апликација TTK M-bank, или да ги подигнуваат без провизија со дебитните картички преку мрежата на банкомати на ТТК Банка.

Банки

Пад на добивката на УНИ Банка во првото полугодие

Објавено

на

УНИ Банка во првите шест месеци од 2026 година остварила нето-добивка од 114,5 милиони денари, што е значително помалку во однос на 203 милиони денари во истиот период минатата година.

Според податоците објавени на Македонската берза, нето-приходите од камати се намалиле за 1,21 отсто, на 592,6 милиони денари.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се намалиле за пет отсто и изнесувале 109,7 милиони денари.

Вкупната актива на банката на крајот од јуни изнесувала 30,5 милијарди денари, што претставува намалување од 2,5 отсто во споредба со крајот на минатата година.

Кредитите и побарувањата од клиенти, без банки, се зголемиле за 3,5 отсто и достигнале 21,5 милијарди денари. Депозитите, пак, се намалиле за 0,8 отсто, на 23,5 милијарди денари.

Акциите на УНИ Банка последен пат се тргувале по цена од 6.526 денари на Македонската берза.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје информира дека исплатата на пензиите за јули ќе започне утре, 31 јули 2026 година.

Корисниците ќе можат да располагаат со средствата преку своите сметки во банката.

Продолжи со читање

Банки

Апликацијата за дигиталното евро ќе има напредни функции за пристапност

Објавено

на

Европската централна банка ги претстави планираните функции за пристапност на апликацијата за дигиталното евро, преку која корисниците ќе можат да ги користат основните услуги поврзани со новата дигитална валута.

Според ЕЦБ, апликацијата ќе биде дизајнирана според највисоките стандарди за пристапност и ќе ги надминува барањата утврдени со Европскиот акт за пристапност.

Предвидени се подобрен визуелен приказ, целосна навигација преку тастатура, поддршка за читачи на екран, предупредувања пред истекување на времето, поедноставен јазик, спречување грешки и можност за намалување на анимациите и движењата на екранот.

Целта е дигиталното евро да биде достапно за сите граѓани, без оглед на нивните потреби, способности или нивото на дигитални вештини.

Членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Пјеро Чиполоне, изјави дека дигиталното евро, слично како готовината, треба да претставува јавно добро достапно за секој Европеец под еднакви услови.

Предлогот е изработен во соработка со потрошувачки организации, експерти за пристапност и националните централни банки.

Апликацијата моментално се развива, а тестирањето на нејзината употребливост и пристапност треба да започне во рамките на пилот-проектот за дигиталното евро во 2027 година.

Корисниците, покрај преку апликацијата на Евросистемот, ќе можат да пристапуваат до услугите за дигиталното евро и преку каналите на своите банки и други даватели на платежни услуги.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange