Connect with us

Банки

Известување од НЛБ Банка: Привремено затворање на експозитура Куманово 1

Објавено

на

НЛБ Банка ги информира своите клиенти дека експозитурата Куманово 1, лоцирана на Плоштад Маршал Тито бб, ќе биде привремено затворена од 2 мај до 9 јуни 2025 година, поради реновирање.

За време на овој период, клиентите можат да ги користат услугите на експозитурата Куманово 2, која се наоѓа на Улица Октомвриска револуција бр. 24.

На располагање на клиентите се и следните банкомати:

  • Експозитура Куманово 2 – Бул. Окт. Револуција бр. 24
  • Алфи БИ Куманово
  • Аптека Би-Жа-Де – спроти Општа болница Куманово
  • Ла Плаза Мол
  • Бензиска станица Пин Петрол
  • Поранешен Туш маркет (Кит&Го)

За брз и сигурен пристап до банкарските услуги, клиентите можат да ги користат и НЛБ Клик интернет банкарството и НЛБ мКлик мобилната апликација.

За сите дополнителни информации, достапни се телефонските броеви 02/15-600, 02/3219-517 и eмејл [email protected].

НЛБ Банка се заблагодарува за разбирањето и лојалноста на клиентите!

Банки

АЛТА банка нуди потрошувачки кредит до 1.000.000 денари со одобрување за 24 часа

Објавено

на

АЛТА банка нуди потрошувачки кредит во износ до 1.000.000 денари, со можност за одобрување во рок од 24 часа, информираат од банката.

Според објавените информации, кредитот е наменет за различни лични потреби и планови на граѓаните, а постапката за аплицирање е брза и едноставна.

„Кога одлуката не треба да чека“, порачуваат од АЛТА банка во објавата со која го промовираат потрошувачкиот кредит.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалните канали на банката.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк го нуди Halk Smart пакетот со повеќе банкарски услуги за 150 денари месечно

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје го промовира Halk Smart пакетот, кој на корисниците им овозможува користење повеќе банкарски и дополнителни услуги за месечен надоместок од 150 денари.

Во рамки на пакетот се вклучени одржување на платежна сметка, дебитна картичка, електронско и мобилно банкарство, како и СМС известувања.

Корисниците на Halk Smart имаат можност и за повлекување готовина без надоместок од банкоматите на сите банки во земјата.

Дополнително, во пакетот е вклучена и услугата ORYX Home Assistance, која обезбедува 24-часовна помош при штети и дефекти во домот.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Групацијата влегува во сопственичката структура на Дежелна Банка Словенија д.д

Објавено

на

НЛБ Групацијата склучи договор за купување акции со Скупина ПРВА д.д. и нејзините поврзани страни, за стекнување на 25.66% од акциите на Дежелна Банка Словенија д.д (ДБС), извести вчера НЛБ. Завршувањето на трансакцијата се очекува по добивањето на сите потребни регулаторни одобренија, најверојатно во втората половина од следната година. Покрај тоа, Групацијата ја разгледува и можноста за стекнување дополнителни акции во ДБС.

Со оваа планирана инвестиција, НЛБ Групацијата ја нагласува важноста на земјоделскиот сектор, област во која ДБС има значајно присуство преку своите производи и услуги. Во рамки на НЛБ Групацијата, земјоделството долго време се третира како сектор со пошироко општествено значење.

Во време кога светот се соочува со сè поголема неизвесност, можноста за обезбедување сигурен домашен синџир на снабдување со храна стана стратешко прашање. Словенечките земјоделци, производителите на храна, агро-прехранбените компании и земјоделскиот сектор во целина имаат клучна улога не само во обезбедувањето прехранбена сигурност, туку и во пошироката словенечка економија, националната отпорност, како и во зачувувањето на традицијата, идентитетот и иднината на нашето општество и словенечкиот пејзаж – истакнува Блаж Бродњак, главен извршен директор на НЛБ.

Бродњак посочи дека, како водечка Банка во Словенија, НЛБ има улога на клучен развоен партнер и додаде дека целта на планираното стекнување на овој сопственички удел е   дополнително зајакнување на системската улога на НЛБ и нејзин придонес во обликувањето на иднината на Словенија.

Компаниите од Групацијата ПРВА поседуваат сопственички удел во ДБС првенствено преку нивната улога како управувачи со пензиски фондови, чии инвестициски портфолија вклучуваат акции од Банката. Акции од Банката се дел и од инвестициските портфолија на Групацијата ПРВА и ПРВА Финансии.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange