Connect with us
no baners

Банки

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на конференција од висок профил во Хрватска во организација на ХНБ и ММФ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на конференција во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржува од 2 до 3 јуни во Дубровник, Хрватска. Конференцијата насловена „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, е настан од висок профил, кој традиционално обединува гувернери, министри за финансии од регионот на ЦИЈЕ и високи претставници на меѓународни финансиски организации, а оваа година учество ќе земе и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева.

Гувернерката учествува во дискусиите на тркалезната маса на кои претседава г-а Георгиева, а коишто се посветени на предизвиците на економиите во регионот во услови на сѐ поприсутна геополитичка фрагментација и на постигнувањето енергетска стабилност за економиите. Притоа, ќе се разговара и за поддршката на Фондот за земјите членки коишто се соочија со неколку последователни кризи во светски рамки.

Во рамките на дводневната конференција се разгледаат повеќе значајни теми поврзани со тековните предизвици, како што се обезбедувањето енергетска сигурност за време на зелената транзиција, приспособување кон промените во меѓународната трговија и синџирите на снабдување, како и водењето на макроекономските политики во време на константни шокови на страна на понудата. Конференцијата ја отвораат премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, гувернерот на ХНБ, Борис Вујчиќ и претседателката на ММФ, Кристалина Георгиева.

no baners
no baners

Банки

Светска банка ја зголеми прогнозата: Економски раст од 3,2% за Македонија во 2026 година

Објавено

на

Светска банка ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Северна Македонија и сега очекува домашната економија да забележи раст од 3,2% во 2026 година.

Новата проекција е повисока од прогнозата објавена во јуни, кога Светска банка очекуваше раст од 2,9%, покажуваат најновите податоци од извештајот за економските движења во Европа и Централна Азија.

Сепак, очекуваниот раст годинава би бил понизок во однос на 2025 година, кога македонската економија остварила раст од 3,5%.

Според најновите проекции, во 2027 година економскиот раст на Северна Македонија се очекува да забави на 3%, а истата стапка се прогнозира и за 2028 година.

Во поширок регионален контекст, Светска банка очекува економиите на Западен Балкан во 2026 година во просек да пораснат за 3,1%, додека за 2027 година се прогнозира раст од 3,4%.

Новата прогноза претставува нагорна корекција на очекувањата за македонската економија, во услови на неизвесно глобално окружување и ризици поврзани со геополитичките тензии, цените и надворешната побарувачка.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со предупредување до клиентите: Зголемена внимателност поради сајбер измами

Објавено

на

Месецот на свесност за сајбер безбедност, кој се одбележува секоја година во октомври, е глобална иницијатива креирана со цел да ја подигне свесноста за важноста на заштита на личните и деловните податоци во дигиталниот свет.

Со растечката појава на сајбер напади, пробивање на податоци и интернет измами, Месецот на свесност за сајбер безбедност има за цел да ги едуцира поединците и компаниите за најдобрите практики за заштита од сајбер закани.

Стопанска банка редовно ги потсетува и предупредува своите клиенти да бидат внимателни и претпазливи со цел максимална заштита на нивните професионални и лични податоци.

Продолжи со читање

Банки

Чекањето заврши! НЛБ Банка го открива „Миле – Да почекам“ и неговата нова мисија

Објавено

на

Зад интернет-сензацијата „Миле – Да почекам“, кој за само неколку недели го привлече вниманието и ги освои симпатиите на јавноста во земјата и во регионот, стои НЛБ Банка. Преку внимателно осмислена комуникација во две фази, најава и откривање (teaser/reveal), со елементи на герила маркетинг, Банката создаде препознатлива приказна што внесе хумор во секојдневието и отвори важна тема: „Зошто да чекате кога бројни банкарски обврски денес можете да ги завршите брзо, едноставно и безбедно преку мобилно банкарство?“

Хумор со јасна граница и одговорен пристап

Од првата идеја до реализацијата, тимот работеше со особено внимание кампањата да биде етична, добронамерна и јасно поставена во рамки на фикција. Нејзината намера беше да внесе ведрина во секојдневието и на разбирлив начин да прикаже ситуации со кои многумина можат да се поистоветат, со целосна почит кон секоја институција, професија и поединец.

Миле е фиктивен лик што го толкува професионалниот актер Александар Степанулески од Драмскиот театар во Скопје. Неговата одмерена актерска изведба и сериозниот пристап кон апсурдните ситуации се клучни за приказната да остане топла, човечна и ненавредлива.

Од „професионален чекач“ до дигитален едукатор

Со откривањето на НЛБ Банка започнува и втората, клучна фаза на кампањата. Миле ги бара клиентите за кои претходно чекал во банка, само за да дознае дека тие веќе ги завршиле своите обврски преку телефон, по што сфаќа дека неговиот „бизнис“ е сериозно загрозен. Токму тука приказната добива нова насока. Од професионален чекач, Миле станува дигитален почетник, а потоа и едукатор кој учи заедно со публиката. Во серијал од кратки видеа, тој чекор по чекор ги открива можностите на мобилните апликации на НЛБ Банка – мКлик и NLB Pay. Хуморот останува негов заштитен знак, но секое видео содржи и реален, јасно прикажан кориснички процес, без изложување лични податоци.

Седум функционалности, една порака: Не мора да чекате

Низ видеата, Миле го започнува своето патување низ мобилното банкарство. Најнапред
открива како онлајн да отвори платежна сметка и веднаш да добие дигитална дебитна
картичка, а потоа и како да аплицира за дигитална кредитна картичка. Следниот чекор го носи кон плаќањето со телефон преку NLB Pay, додека преку мКлик учи како да аплицира за потрошувачки кредит и да отвори онлајн депозит. До крајот на серијалот, тој совладува и како да поднесе барање за зголемување на лимитот на кредитната картичка и барање за дозволено пречекорување, покажувајќи дека секоја од овие банкарски услуги може да се заврши едноставно, брзо и без чекање во експозитура.

Кампањата е наменета за луѓето кои сè уште чувствуваат несигурност или имаат навика банкарските обврски да ги завршуваат исклучиво во експозитура. Преку внимателно изградениот лик на Миле, одговорниот хумор и јасните практични примери, таа покажува дека бројни услуги се достапни преку телефон – едноставно, брзо и без непотребно чекање. Така, Миле од „професионален чекач“ кој стравува за својот бизнис прераснува во едукатор и инфлуенсер кој ги охрабрува другите да го направат првиот дигитален чекор со една силна порака – со мобилното банкарство на НЛБ Банка, чекањето завршува, а банкарството продолжува таму каде што сте вие.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange