Банки
„ФИКСНО СИ Е ФИКСНО“ – станбен и потрошувачки кредит на Шпаркасе Банка со фиксна каматна стапка
Шпаркасе Банка АД Скопје посветено работејќи на визијата да биде прв избор на клиентите и водечка банка по квалитет на услугa, стартува со нови атрактивни понуди за сите клиенти, со најповолни услови.
Со оваа понуда, Шпаркасе Банка нуди Станбен кредит со фиксна каматна стапка од 3,8% за првите десет години, можност за вклучување полиса за животно осигурување, на максимален износ до 400.000 ЕВРА, како и Потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 5,8% за целиот период на отплата којшто трае 95 месеци, на максимален износ до 1.500.000 денари со вклучено кредитно животно осигурување.
Во време на зголемена несигурност и растечки тренд на каматните стапки, Банката, со воведувањето на понудата за фиксна каматна стапка на 10 години за станбен кредит – „Фиксирај го домот“ и фиксна каматна стапка за целиот период на отплата за потрошувачки кредит – „Фиксно си е фиксно“, има за цел да им понуди на клиентите прецизно планирање на личните финансии и на месечните трошоци, преку обезбедување фиксна рата за нивниот кредит.
Шпаркасе Банка продолжува да работи во интерес на финансиското здравје на своите клиенти, верувајќи во подобра иднина и настојувајќи секогаш да излезе во пресрет на нивните желби и потреби во актуелното динамично опкружување.
Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 35 експозитури.
Банки
Централна кооперативна банка: Започна исплатата на септемвриските пензии
Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионери дека од денес (01.10.2026 година) средствата по основ на пензии за месец септември 2026 година се префрлени на сметките на корисниците.
Пензионерите кои располагаат со дебитни картички можат да ги подигнат средствата на банкоматите на ЦКБ или да ги користат за безготовински плаќања во трговијата, почнувајќи од денес (1 октомври 2026 година).
Банки
Во Народната банка се одржа 59. сесија на Клубот на истражувачите
Во Народната банка се одржа 59. сесија на Клубот на истражувачите, платформа за презентација и разгледување научно-истражувачки трудови на Народната банка, којашто ја поддржува научно-истражувачката дејност во земјава во изминатите тринаесет години.
На оваа сесија беше претставен научниот труд „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?), од авторот Стефан Таневски. Авторот е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година.
Сесијата ја отвори директорката на Дирекцијата за монетарната политика и истражување Билјана Давидовска-Стојанова, којашто истакна дека интеграцијата на берзите не треба да се гледа само како реформа за развој на финансискиот пазар туку и како дел од пошироката макрофинансиска инфраструктура преку која монетарната политика влијае врз економијата. „Поинтегрираните пазари можат да овозможат побрз и поцелосен пренос на монетарните сигнали кон финансиските услови и реалната економија. Оттука, берзанската интеграција e потенцијално важен канал за поефикасно функционирање на монетарната политика. Сепак, самата консолидација на пазарите не е доволна, нејзините придобивки зависат од квалитетното управување, заштитата на инвеститорите и усогласената регулаторна рамка“, истакна Давидовска-Стојанова.
Авторот Таневски во својата презентација посочи дека трудот се фокусира на каналот на цените на средствата, како механизам преку кој се пренесуваат сигналите на монетарната политика во економијата. Во моментов, пазарите од Западен Балкан се фрагментирани и неликвидни, поради што и сигналите на централните банки само делумно и нерамномерно се пренесуваат врз цените на финансиските средства во различни сектори. Во својот труд авторот посочува дека интеграцијата на берзите од Западниот Балкан може значително да ја подобри оваа трансмисија, преку побрза и поефикасна реакција на цените на акциите на промените во каматните стапки и монетарните сигнали, при што се укажува дека структурата на финансискиот систем е директно поврзана со ефективноста на монетарната политика.
Сесиите на Клубот се одржуваат четирипати годишно. Народната банка објавува повик до истражувачите за презентирање труд, којшто може да биде и во работна верзија. Трудовите се работат во согласност со трендовите и стандардите на современите истражувања, односно со солидна емпириска анализа и систематизирани заклучоци од истражувањето. На сесиите учествуваат аналитичари и истражувачи од научно-образовни и финансиски институции, студенти и останати заинтересирани учесници или слушатели.
Зачленувањето е од отворен карактер и повеќе информации за Клубот може да се најдат на следнава врска: https://www.nbrm.mk/
Следната сесија е планирана за декември оваа година.
Банки
УНИ Банка исплаќа 387 денари дивиденда по акција, исплатата стартува на 26 октомври
Акционерите на УНИ Банка ќе добијат дивиденда во износ од 387 денари по акција, согласно одлуката донесена на Собранието на акционери.
За исплата на дивидендата Банката ќе издвои вкупно 211,3 милиони денари, односно околу 3,4 милиони евра. Средствата се обезбедуваат од акумулираната добивка остварена во периодот од јануари до декември 2025 година.
Исплатата на дивидендата ќе започне на 26 октомври 2026 година.
Според објавениот дивиденден календар, 7 октомври е последниот ден на тргување со акциите на УНИ Банка со право на дивиденда за 2025 година.
Првиот ден на тргување без право на дивиденда е 8 октомври, додека пресекот на акционерската книга ќе биде направен на 9 октомври 2026 година, заклучно со 16:00 часот.
Тоа значи дека право на дивиденда ќе имаат акционерите кои ќе бидат евидентирани во акционерската книга согласно утврдениот пресек.
Одлуката за распределба на добивката и исплатата на дивиденда беше усвоена на акционерското собрание на УНИ Банка одржано минатата недела.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот

